Елизабета Баварска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елизабета Баварска
Erzsebet kiralyne photo 1867.jpg
Императорката на Австрија;
Кралицата на Унгарија и Бохемија
На престол 24 Април 1854 – 10 Септември 1898
(&1000000000000004400000044 години и &10000000000000149000000149 дена)
Крунисување 8 Јуни 1867
Сопружник Франц Јозеф I од Австрија
Деца
Натвојвотката Софи
Натвојвотката Жизела
Рудолф, Принцот од Австрија
Натвојвотката Марија-Валерија
Династија Куќата од Хабсбург-Лорен
Куќата од Витерлсбах
Татко Војводата Максимилијан Јозеф во Баварија
Мајка Принцезата Лудовика од Баварија
Роден(а) 24 декември 1837(1837-12-24)
Минхен
Починал(а) Шаблон:Умрела
Женева
Вероисповед Римско католичка

Елизабета Баварска (24 декември 183710 септември 1898) била Императорката на Австрија и Кралицата на Унгарија, како сопруга на Франц Јозеф Први. Како таква таа имала и титули, како Кралица на Бохемија, Кралица на Хрватска и др[1]. Од рана возраст семејството и пријателите ја викале „Сиси“.

Иако Елизабет имала ограничено влијание врз Австро-Унгарската политика, таа има прераснато во историска икона. Се смета дека Елизабет не била конформист и била згнасена од конвенционалните дворски протоколи, а во исто време била и трагична фигура; таа има инспирирано многу филмејкери, како и театарски продуценти.

Војвотка во Баварија[уреди]

The young Elisabeth (right) and her older sister Helene at Possenhofen Castle.

Елизабет се родила во Минхен, Баварија како Војвотка Елизабет Амали Еугени од Баварија. Таа е четвртото дете на Војвода Максимилијан Јозеф од Баварија и Принцеза Лудовика од Баварија. Нејзиниот семеен дом е замокот Посенхофен. Во 1853 Елизабет ја придружувала мајка и и 18-годишната сестра, Војвотка Хелене, на пат кон одмаралиштето Бад Ишл, горна Австрија. Мајка и се надевала дека Хелене ќе го привлече вниманието на нивниот прв братучед по мајка, 23-годишниот Францис Јозеф, тогашен Император на Австрија. Наместо тоа, Франц Јозеф ја одбрал 15-годишната Елизабет и обајцата се венчале една година потоа во Виена во црквата Св. Августин на 24 април 1854.

Кралица и Императорка[уреди]

Со шестнаесет години, Елизабет се мачела да се привикне на строгиот код на однесување во Хабсбуршкиот дворец. На Императорот му родила три деца во краток период: Надвојвотка Софи од Австрија (1855–1857), Надвојвотка Жизел од Австрија (1856–1932), и несудениот принц Рудолф (1858–1889). Во 1857, се случила трагедија. Елизабет, наспроти советите на докторите, ги зела двете ќерки на одмор во Унгарија. Дветедевојки биле заболени од дијаерја, но иако Жизел брзо се опоравила, нејзината постара сестра Софи подлегнала на болеста и умрела; имала две години. Смртта на првото дете ја прогонувал целиот живот и создал траен јаз меѓу неа и нејзиниот сопруг, кој постепено растел како што бракот полека им пропаѓал. Во 1860, Елизабет заминала од Виена откако добила белодробно заболување, за која подоцна се мислело дека е психосоматска. Зимата ја поминала во Мадеира и се вратила во Виена откако ги посетила Јонските острови. Веднаш потоа повторно се разболела и се вратила во Корфу.

Coronation of Franz Joseph and Elisabeth as King and Queen of Hungary and Croatia

Во 1867 национална побуна во Хабсбуршката монархија предизвикана од бунтовници од Унгарија доведе до основањето на Австро-Унгарската двојна монархија. Елизабет секогаш имала симпатии кон унгарската кауза. Смирена и вратена кај нејзиниот отуѓен сопруг, му се придружила на Франц Јозеф во Будимпешта, каде се случило нивното крунисување. По смирувањето на империјалната двојка, Елизабет го родила нивното четврто дете, Надвојовтка Мари Валери (1868–1924). Потоа се вратила на нејзиниот поранешен живот на неуморно патување низ Европа. На Елизабет и било забрането некакво поголемо влијание врз одгледување на нејзините постари деца; ги одгледала нивната маќеа и тетка, Принцеза Софи од Баварија, која честопати ја нарекувала Елизабет „смотана млада мајка“. Елизабет започнала живот полн со патувања и малку го гледала своето дете. Посетувала локации како Мадеира, Унгарија, Англија и Корфу. Во Корфу по смртта на синот, почнала да гради палата која ја нарекла Ахелион, по Хомеровиот херој Ахил од Илијадата. По смртта, таа градба била купена од германскиот император Вилхелм Втори. Подоцна била купена од Грција и претворена во музеј. Не била позната само нејзината убавина. Весниците објавувале написи за нејзиниот моден стил, исхраната и физичките вежби, страста за јавање коњи и серија од познати љубовници, иако не постојат дефинитивни докази дека имала афера. Екстремно внимавала на изгледот и трошела многу време да си ја зачува убавината. Честопати купувала во модната куќа Antal Alter во Будимпешта (сега Alter és Kiss), која станала многу популарна кај луѓето луди по мода.

Elisabeth with diamond stars in her hair, 1865, by Franz Xaver Winterhalter

Елизабет држела строга и драконска исхрана и имала режим на вежбање за да ја одржува својата половина од 50 центиметри, доведувајќи се некогаш и до изгладнување. Тоа се случувало години пред симптомите да се класифицираат како класичен случај на Anorexia nervosa. Наводно еден од љубовниците бил Џорџ „Беј“ Мидлтон, згоден Англо-Шкот. Него го именувале и како веројатниот љубовник на Хенриета Бланш Хозиер и како татко на Клементина Огилви Хозиер (сопругата на Винстон Черчил). До одреден степен Елизабет ја толерирала аферата на нејзиниот сопруг Франц Јозеф со актерата Катарина Шрат.

Elisabeth 1864
by Franz Xaver Winterhalter

Императорката пишувала поезија („Nordseelieder“ и „Winterlieder“, обете инспирација од нејзиниот омилен германски поет, Хајнрих Хајне). Бидејќи во поезијата внесувала фантазија, себеси се нарекувала Титанија, Шекспирова Самовилска Кралица. Повеќето од нејзината поезија е поврзана со нејзините патувања, со класични грчки и романтични теми и иронични коментари за Хабсбуршката династија. Во тие години Елизабет интензивно студирала древен и модерен грчки, и се заокупирала со Илијада и Одисеја на Хомер. Бројни грчки предавачи, како Маринаки, Христоманос и Баркер, ја придружувале Императорката на нејзините долги прошетки додека и читале на грчки.

Во 1889, животот на Елизабет бил растресен од смртта на нејзиниот единствен син. Триесет-годишниот Принц Рудолф и неговата млада љубовница Баронка Мари Вецера биле пронајдени мртви; истрагата сугерирала дека е случај убиство-самоубиство. Скандалот е познат како инцидентот Мајерлинг, според ловчиската викендичка на Рудолф во долна Австрија, каде и биле пронајдени. Сензационалната смрт на Рудолф го зголемила јавниот интерес за Елизабет, и продолжила да биде еден вид икона, сензација каде и да отишла. Носела долг црн фустан кој можел да се закопчува до вратот, бел парасол направен од кожа и кафен вел да и го крие лицето од љубопитните. Само неколку фотографии постојат од Елизабет во нејзините последни години, од фотографи доволно среќни кои ја фаќале неспремна.

Елизабет поминала кратко време со сопругот во главниот град на Австрија, Виена. Нивната комуникација се зголемила во последните години, и односот им прераснал во топло пријателство. На нејзиниот империјален параброд Мирамар императорката Елизабет патувала низ Средоземното море. Нејзините омилени места биле ‘Ртот Мартин на француската ривиера, каде туризмот се појавил во втората половина од 19-тиот век; езерото Женева во Швајцарија; Бад Ишл во Австрија, каде империјалната двојка ги поминувала летата; и Корфу. Императорката посетувала и земји во кои ниедна северна благородничка не одела во тоа време: Португалија, Шпанија, Мароко, Алжир, Малта, Турција и Египет. Бексрајните патувања станале еден вид бегство од неа самата и нејзината мизерија.

Атентат[уреди]

An artist's rendition of Lucheni's stabbing of Elisabeth of Bavaria.

На 10 септември 1898, во Женева, Швајцарија, Елизабет, 60 години, била прободена во срцето со остра турпија од едно ментално хендикепирано момче, анархист, со име Луиџи Лукени. Кога ја нападнал таа пешачела долж променадата на езерото Женева пред да се качи на парабродот Genève за накај Монтро со нејзината придружничка, Баронеса Штарај. Се качила на бродот, несвесна за сериозноста на нејзината состојба. Крварејќи до смрт од убодот во срцето, Елизабет рекла „Што ми се случи?“ Силниот притисок од нејзиниот корсет го спречувал крварењето се додека не и го отстраниле. Имено нејзиниот атентатор се надевал дека ќе убие принц од Куќата на Орлеан, и откако не успеал да го пронајде, и се свртел на Елизабет. Лукени подоцна изјавил: „Сакав да убијам некој кралски член. Не ми правеше разлика кој“. Императорката е закопана во Империјалниот Гроб во центарот на градот Виена. Со векови служел како кралско погребно место. Откако дознал за смртта на својата сопруга, Императорот имено си прошепотил: „Никогаш нема да дознае колку ја сакав“.

Наследство[уреди]

Empress Elisabeth's sarcophagus tomb next to that of her husband Franz Joseph in Vienna.
Monument to Empress Elisabeth in Vienna's Volksgarten, constructed in 1907

Во 1988, историчарката Брижит Хаман ја напиша The Reluctant Empress (Колебливата Императорка) биографија за Елизабет, будејќи го интересот за сопругот Франц Јозеф. За разлика од претходните отсликувања на Елизабет како еднодимензионална бајка за принцеза, Хаман ја отсликала како горчлива, несреќна жена полна со самопрезир и разни емоционални и ментални нарушувања. Ја гледала како таа трагала по среќата, но умрела како скршена жена која никогаш не ја пронашла. Сликата на Хаман открива нови страни во легендата за Сиси, како и ја контемплира улогата на жените во политиките и династиите од високи нивоа. Туристи ги посетуваат местата што ги популаризирала Елизабет, и во Австрија и во странство. Посетителите се нестрпливи да ги видат разните резиденции во кои се движела Елизабет во разни периоди од нејзиниот живот. Меѓу нив спаѓаат апартманите во Хофбург и палатата Шенбрун во Виена; империјалната вила во Ишл, Ахелион во Корфу, Грција, која ја изградила во 1890, веднаш по смртта на синот; и летната резиденција во Годоло, Унгарија. Елизабет повеќе ја сакала Унгарија од Австрија и се опкружувала со унгарски придружнички; особено била блиска со Мари Фестетикс и Ида Френечи. Инсистирала нејзините помошници да зборуваат унгарски, јазик кој таа го зборувала течно. Еден од нејзините најблиски пријатели бил Гроф Андраси, кој подоцна станал министер за надворешни работи на Франц Јозеф. Приврзаноста на Елизабет за Унгарија била корисна за Империјата бидејќи така се охрабрувала поддршка од унгарскиот народ, но во исто време, ги отуѓила Виенците и Чесите од Бохемија. Неколку места во Унгарија се именувани по неа: две општини во Будимпешта, Ершебетварос и Пестершебет; и Мостот Елизабет. Во 1998, Џералд Бланшар ја украл Ѕвездата Сиси, дијамантско и бисерно парче накит кое и припаѓало на Елизабет од Баварија од палатата Шенбрун во Виена, Австрија.

Во популарната култура[уреди]

Театар и музика[уреди]

Фриџ Крајслер искомпонирал комична оперета Sissi, чија премиера во Виена била во 1932. Либретото било напишано од Ернст и Хуберт Маришка, со оркестрации од Роберт Расел Бенет. Во 1936, Columbia Pictures го издаде филмот The King Steps Out, режиран од Јозеф фон Штернберг со главна улога на оперската дива Грејс Мур и Франшо Тоне. Во 1943 Жан Кокто напишал драма за замислена средба меѓу Елизабет и нејзиниот атентатор, L'Aigle à deux têtes; премиерата на оваа драма била во 1946 и снимена како филм од Кокто во 1948. Филмот на Антонини од 1981, Мистеријата на Обервалд, е базирана директно од драмата. Кенет Мекмилан во неговиот балет, Mayerling (1978), ја отсликал Елизабет во pas de deux со нејзиниот син Принц Рудолф, централниот карактер во балетот. Во 1992, мјузиклот Елизабет, се прикажал премиерно во Theater an der Wien во Виена, Австрија. Напишан од Михаел Кунце (либрето, текст) и Сливестер Левај (музика), веројатно е најмрачниот портрет на животот на Императорката, отсликувајќи ја Елизабет како носи физичка манифестација на смртта со неа кога дошла во империјалниот дворец, со што ја уништила Хабсбуршката династија. Главната улога во премиерата е одиграна од холандската пејачка Пиа Доувес. Во 1993 француската балерина Силви Гиљем се појавила во Sissi, l'impératice anarchiste, со кореографија од Морис Бежар. Филмови Во земјите од германско говорно подрачје, името на Елизабет честопати се поврзува со трилогија од романтични филмови за нејзиниот живот режирани од Ернст Маришка и со тинејџерската ѕзвезда Роми Шнајдер:

  • Sissi (1955)
  • Sissi — die junge Kaiserin (1956) (Сиси — младата Императорка)
  • Sissi — Schicksalsjahre einer Kaiserin (1957) (Сиси — Судбоносните години на младата Императорка)

Триве филма, реставрирани, се прикажуваат секој божиќ на австриски, германски и француски телевизии. Многу имаат помогнато околу создавањето на митот за Елизабет. Поскратена верзија синхронизирана на англиски е издадена во 1962 под насловот Засекогаш моја љубов. Во 2007, три германски филмови беа издадени со англиски превод како Сиси колекција. Шнајдер ја мразела улогата, тврдела дека само по неа ја препознаваат. Подоцна се појавила како пореалистичната и фасцинантна Елизабет во Лудвиг на Лукино Висконти, филмот од 1972 за роднината на Елизабет, Лудвиг Втори од Баварија. Портретот за неа во овој филм е единствениот од нејзините улоги во кој е покажана дома. Ава Гарднер ја глуми Императорката во 1968 во филмот Мајерлинг. (Омар Шариф и Кетрин Денев ги глумат нејзиниот син и љубовник.) Елизабет е темата и за германскиот филм од 1991 наречен Сиси/Последна минута (оригинално Sisi und der Kaiserkuß, (Сиси и бакнежот од Императорот). Во филмот глуми француската актерка Ванеса Вагнер како Сиси, Нилс Таверниер како Франц Јозеф и Соња Кирхбергер како Нене.

  • Во филмската верзија на Ендрју Лојд Вебер, Фантомот на операта, карактерот Кристине носи фустан инспириран од портретот на Елизабет од Австро-Унгарија од Франц Ксавиер Винтерхалтер.

Во 2007, германскиот комичар и режисер Михаел Хербиг ја издаде компјутерската анимирана пародија базирана на Елизабет со наслов Lissi und der wilde Kaiser („Лиси и дивиот император“). Базирана е на неговите скечеви за Сиси кои ги давале на ТВ шоуто Bullyparade.

Телевизија[уреди]

Во 1974, Елизабет била претставена во британската телевизиска серија Падот на орлите. Даен Кин ја глумела малата Елизабет, а Рејчел Гарни ја играла Елизабет за периодот на смртта на принцот Рудолф. Главната мистерија во ТВ адаптацијата во 1992 на Скршеното огледало на Агата Кристи се концентрира околу снимањето фиктивен филм за Елизабет. Актерката која ја игра императорката е Клер Блум. Слично, во една од епизодите од австриските ТВ серии Kommissar Rex, (1994) за полициското куче кое ги решава случаите на неговиот господар полициски-инспектор, митот за Сиси фигурира во главната фабула. Оваа епизода, тринаесетта од петтата сезона на серијата (и последната од таа сезона), е именувана како „Сиси“. Фиктивните детски години на Елизабет се прикажан во детската серија од 1997, Принцезата Сиси. Ариел Домбасле во телевизискиот филм од 2004, l'impératrice rebelle, ја глуми Сиси во последните пет денови од нејзиниот живот. Санда Чекарели ја игра постарата Елизабет во ТВ драматизацијата од 2006 во околу инцидентот Мајерлинг, во Крунисаниот Принц. Нејзиниот син и нејзиниот љубовник се глумени од Макс фон Тун и Виториа Пукини. Во декември 2009 дведелна мини-серија премирно давана во Европа, продуцирана со германско, австриско и италијанско партнерство, со Кристиана Капотанди како Елизабет и Дејвид Рот како Император Франц Јозеф. Филмот е жртва на романтичниот мит околу несреќниот брак на Елизабет и Франц Јозеф, но политичките проблеми од тоа време се илустрирани уште подобро во овој филм отколку во трилогијата со Роми Шнајдер.

Литературни дела[уреди]

Елизабет се појавува како значаен карактер во новелата Spangle на Гери Џенингс во 1987. Новелата делумно се однесува на циркус кој патува низ Европа на крајот од 19-тиот век. Ги отсликува интересите на историската Елизабет за циркуси и опасни јавања. Нејзината приказна ја има инспирирано книгата за деца од 2003, Кралскиот дневник: Елизабет, Принцезата невеста.

Музика[уреди]

Албумот на холандската пејачка Петра Бергер, Eternal Woman, ја вклучува песната „If I Had a Wish“, песна за Елизабет. Во 2010, шкотскиот фолк-бенд Вашингтон Ирвинг издаде песна со наслов „Сиси“ на нивниот прв албум „Little Wanderer, Head Thee Home“ кој ги опишува некои од главните инциденти во животот на Елизабет од перспектива на љубоморен љубовник.

Issue[уреди]

Деца Дата на раѓање Смрт Белешка Софи Фредерике Доротеа Мариа Јозефа 5 март 1855 29 мај 1857 Умрела како дете. Жизела Луиса Мари 12 јули 1856 27 јули 1932 Омажена, 1873 со нејзиниот втор братучед, Принц Леополд од Баварија. Рудолф Францис Чарлс Јозеф 21 август 1858 30 јануари 1889 Умрел во инцидентот Мајерлинг. Оженет, 1881, со Принцеза Стефани од Белгија. Мари Валери Матилда Амали 22 април 1868 6 септември 1924 Омажена, 1890, со нејзиниот втор братучед, Надвојвода Франц Салватор од Австрија-Тоскана.

Титули

  • 24 декември 1837 – 24 април 1854 Нејзиното Кралско Височество Војвотка Елизабет Амали Еугени во Баварија
  • 24 април 1854 – 10 септември 1898 Нејзиното Империјално и Кралско Апостолско Височество Императорка На Австрија, Апостолска Кралица на Унгарија.

Наводи[уреди]