Елена Караѓорѓевиќ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Елена Караѓорѓевиќ
Princess Elena Petrovna of Russia
Сопруг Иван Константинович Романов
Династија Династија Романови
Династија Караѓорѓевиќ
Татко Петар I Караѓорѓевиќ
Мајка Зорка Караѓорѓевиќ
Раѓање 4 ноември 1884(1884-11-04)
Цетиње, Црна Гора
Смрт 16 октомври 1962 (возраст: 77 г.)
Ница Франција

Елена Караѓорѓевиќ (4 ноември 1884 во Цетиње16 октомври 1962 во Ница) била ќерка на Петар I Караѓорѓевиќ и Зорка Караѓорѓевиќ. По раната смрт на нејзината мајка, таа пораснала кај нејзините тетки Анастасија и Милица. Таа отишла во манастирот Смилни и станала добра пријателка со големата кнегиња Олга Николаевна, најстарата ќерка на Николај II.

Во 1911 година се венчала со Иван Константинович Романов. Студирала медицина во Санкт Петерсбург, сè додека не се родило нејзиното прво дете Иван. Во 1915 година се родила нејзината ќерка Екатерина. По падот на монархијата во Русија, нејзиниот сопруг бил убиен од страна на Болшевиците, а таа била заробена. Во 1919 година добила дозвола да ја напушти земјата, па таа заедно со своите деца заминале во Ница, каде останала до крајот на својот живот.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици