Електроенцефалографија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Електроенцефалографија (ЕЕГ) представува постапка на графичко регистрирање на биоелектричните потенцијали на мозокот.

Електроенцефалографија (ЕЕГ)[уреди]

Електроенцефалографија (ЕЕГ) представува постапка на графичко регистрирање на биоелектричните потенцијали на мозокот. За да се сватат таквите биопотенцијали треба да се знаат основите на неврофизиолошките процеси кои се однесуваат на клеточните мембрани, односно на појавата на акционите струи кај нив. Електроенцефалографското снимање се врши на два начини:

  • Посредно
  • Директно

Посредно преку кожата на главата[уреди]

Промените на електричните потенцијали произведени од мозочните активности, кои се регистрираат на овој начи, при нормални услови имаат големини кои се движат помеѓу 5-100µV.При одредени патолошки сосојби, промените на електричниот потенцијал можат да бидат значително повисоки. Фрекфенциите на создадените акциони струи при нормалните патолошки состојби се движат помеѓу 0,5 и 30Hz.

Директно[уреди]

Од површината на мозокот за време на операција или при експерименти што се вршат врз животни. Во овој случај промените на електричните потенцијали се значително повисоки бидејќи се исклучени електричните отпори на черепот, кожата и другите ткива што се наоѓаат помеѓу површината на главата и кората на мозокот.
Електроенцефалографијата денес представува многу важен метод на преглед. Како резултат на енцефалографското снимање се добиваат сложени криви линии. Анализата на добиените криви линии, од кои можат да се добијат податоци за одредени заболувањља и повреди на мозокот првенствено ги опфаќа следните податоци:

  • Фрекфенцијата
  • амплитудата
  • формата на регистрираните биоелектрични потенцијали