Електроакустична музика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Електроакустичната музика настанува во склоп на развојот на современата Западна музика за време на Модернизмот вклучувајќи го електричниот звук во композициската пракса. Почетните развои на електроакустичната музичка композиција во 20ти век се поврзани со активностите на француското Groupe de Recherches Musicales во Radiodiffusion-Télévision Française "ORTF" во Париз, воедно и домот на musique concrete, Келнското Nordwestdeutscher Rundfunk (NWDR) студио, кое што се фокусира на создавањето на elektronische Musik и Њујоркшкиот Columbia-Princeton Electronic Music Center, каде што се истражуваат сите можности врзани за музиката за лента, електронската музика и компјутерската музика.

Tape music/Музика за лента[уреди]

Поврзано: Musique concrète

Делата на Халим Ел-Даб се веројатно најраниот пример на музика за лента. Неговата композиција The Expression of Zaar, првпат изведена во Каиро во 1944 година, е првото дело во историјата кое користи техники подоцона познати како musique concrète. Ел-Даб станува сè попознат поради неговите дела создадени во Columbia-Princeton Electronic Music Center, пишувајќи го Leiyla and the Poet во 1959 година [1].

Композицијата Williams Mix на американскиот композитор Џон Кејџ е пример за дисциплината при компонирање дела за лента. Кејџ ја пишува партитурата од 192 страници. Во текот на една година, 600 звуци се монтирани и снимени, притоа дополнувајќи ја партитурата со нови исечоци на ленти, за да потоа бидат поделени на различни канали на лентата. Делото го завршува на 16 јануари 1953 година. Првата изведба ја доживува на 21 март 1953 година на Универзитетот во Илиноис, Урбана. [2]

Електронска музика[уреди]

Поврзано: Електронска музика

Во Келн, elektronische Musik настанува во периодот од 1949–51 година со делата на композиторот Хеберт Ајмерт и физичарот Вернер Мејер-Еплер, кои се базирани исклучиво на синтетички создадени звуци, пред сè синусоидални звуци [3]. Почетокот на развојот на електронската музика датира од "инвенцијата на електронската лампа во 1906 година. [4] Прецизната контрола која ја пружа студиото го дозволува она што Ајмерт го нарекува тотална контрола, "до последниот елемент на нотата", до серијалните пермутации, "кое резултира со комплетно нов начин на компонирање на звукот" [5]. Во студиото, серијалните операции можат да бидат применети на елементи на звукот како бојата или динамиката. Взаемната врска помеѓу овие две школи е дека музиката е снимена и изведена преку звучници, без жив изведувач. Најголемиот дел од електроакустичните дела користат комбинација на снимени и синтетизирани или обработени звуци и расколот пристапот на Шефер и оној на Ајмерт е надминат со првиот важен пример, Gesang der Jünglinge на Карлхајнц Штокхаузен од 1955-56 година [6].

Техники на генерирање звук[уреди]

Сите електроакустични дела се создадени со електронска технологија. Некои електроакустични композитори користат звуци кои не се присутни помеѓу акустичните инструменти. Заемното дејство на звуците и начините на кои истите се преобразени во време се нарекува "спектроморфологија", термин измислен од композиторот Денис Смоли [7].

Circuit bending[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Circuit bending.

Circuit bending е креативен краток спој на ниско-волтажни уреди како гитарските ефекти, детски играчки и мали синтисајзери кои се користат при создавање на нови музички инструменти и звучни генератори. Нагласувајќи ја спонтаноста и случајот, circuit bending техниките се често поврзани за Noise музиката, иако повеќето од конвенционалните современи музичари и музички групи се идентификуваат како експерименти со "искривени" инструменти. [8].

Примери на значајни електроакустични дела[уреди]

  • Милтон Бабит — Philomel (1964)
  • Лучано БериоThema (Omaggio a Joyce) (1958–59)
  • Јохана Бејер — "Music of the Spheres" (1938)
  • Пјер БулезRépons (1981–84)
  • Џон КејџImaginary Landscape No. 1 (1939)
  • Марио Давидовски — Synchronisms No. 6 for Piano and Electronic Sound (1970) (1970)
  • Халим Ел-Даб — Leiyla and the Poet (1961)
  • Карел Гејвартс — Nummer 5 met zuivere tonen (1953)
  • Алвин Лусиер — I Am Sitting in a Room (1969)
  • Лујџи НоноLa fabbrica illuminata (1964), A floresta e jovem e cheia de vida (1966), Contrappunto dialettico alla mente (1968), Como una ola de fuerza y luz (1971-72)
  • Полин Оливерос — "Sonic Meditations, "Teach Yourself to Fly" (1961)
  • Стив РајхPendulum Music (1968), за микрофони, засилувачи, звучници и изведувачи
  • Пјер Шафер — Cinq études de bruits (1948)
  • [[Карлхајнц Штокхаузен — Gesang der Jünglinge (1955–56), Kontakte (1958–60), '[Mixtur (1964), Mikrophonie I & II (1964 и 1965), Telemusik (1966), Hymnen (1966–67)
  • Џејмс Тени — For Ann (rising) (1969)
  • Едгар ВарезPoème électronique (1958)

Центри, здруженија и настани за електроакустична музика[уреди]

Постојат разни центри за истражување и композиција низ светот. Постојат и голем број на конференции и фестивали, помеѓу најпознатите се International Computer Music Conference или ICMC, International Conference on New interfaces for musical expression или NIME, Фестивалот Bourges International Electroacoustic Music Festival (Бурж, Франција) и Ars Electronica (Линц, Австрија).

Голем број на национални асоцијации ја промовираат електроакуситчната музика, меѓу кои се издвојуваат Canadian Electroacoustic Community (CEC) во Канада, Society for Electro-Acoustic Music in the United States (SEAMUS) во САД, Australasian Computer Music Association во Австралија и Нов Зеланд, и Sound and Music (претходно Sonic Arts Network) во Велика Британија. Списанието Computer Music Journal и Organised Sound се двете најважни научни списанија посветени на електроакустичните студии.

Фестивали[уреди]

  • FUTURA – Festival international d'art acousmatique et des arts de support (Крест, Франција)
  • Inventionen (Berlin)
  • SICMF – Seoul International Computer Music Festival
  • 60x60

Конференции и симпозиуми[уреди]

Пропратени од пејпер презентации, работилници и семинари, многу од овие настани вклучуваат исто така и концерти, перформанси и звучни инсталации создадени од оние кои учествуваат на конференциите или симпозиумите.

Наводи[уреди]

  1. Holmes 2008, 153–54 & 157
  2. Chaudron n.d.
  3. Eimert 1957, 2; Morawska-Büngeler 1988, 11–13; Ungeheuer 1992, 13
  4. Eimert 1957, 2
  5. Eimert 1957, 8
  6. Morawska-Büngeler 1988, 17; Stockhausen 1996, 93–94
  7. Smalley 1997
  8. Collins 2006

Наводи[уреди]

  • Anon. 2007. Untitled. The Wire 275–80 (Accessed 5 June 2011).
  • Chaudron, André. n.d. "Williams Mix" (Accessed 9 July 2011).
  • Collins, Nicolas. 2006. Handmade Electronic Music: The Art of Hardware Hacking. New York: Routledge. ISBN 0-415-97592-1 (pbk)
  • Eimert, Herbert. 1957. "What is Electronic Music?" Die Reihe 1 [English edition] ("Electronic Music"): 1–10.
  • Morawska-Büngeler, Marietta. 1988. Schwingende Elektronen: Eine Dokumentation über das Studio für Elektronische Musik des Westdeutschen Rundfunk in Köln 1951–1986. Cologne-Rodenkirchen: P.J. Tonger Musikverlag.
  • Smalley, Denis. 1997. "Spectromorphology: Explaining Sound-Shapes." Organised Sound 2, no. 2:107–26.
  • Stockhausen, Karlheinz. 1996. "Electroacoustic Performance Practice." Perspectives of New Music 34, no. 1 (Fall): 74–105.
  • Ungeheuer, Elena. 1992. "Wie die elektronische Musik „erfunden" wurde…: Quellenstudie zu Werner Meyer-Epplers musikalische Entwurf zwischen 1949 und 1953." Kölner Schriften zur Neuen Musik 2, edited by Johannes Fritsch and Dieter Kämper. Mainz: B. Schott's Söhne. ISBN 3-7957-1891-0
  • Wishart, Trevor. 1996. On Sonic Art. New and revised edition. Contemporary Music Studies 12. Amsterdam: Harwood Academic Publishers. ISBN 3-7186-5846-1 (cloth) ISBN 3-7186-5847-X (pbk) ISBN 3-7186-5848-8 (CD)
  • Robert Normandeau Interview Interview with Robert Normandeau On Outsight Radio Hours about electroacoustic compositions and if they are "music"

Библиографија[уреди]

Водечки магазини за електроакустична музика и звучна уметност[уреди]

  • Computer Music Journal. Издадено четири пати неделно од MIT Press.
  • eContact!. Достапно гратис на интернет, четири тематски изданија издадени секоја година од Canadian Electroacoustic Community.
  • Organised Sound. Три тематски изданија издадени секоја година од De Montfort University (Leicester UK).