Елбски тунел (1975)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Елбски тунел

Јужен влез на Елбскиот тунел
Официјално име Elbtunnel
Намена 8 ленти
Премостува Елба
Место Хамбург, Германија
Одржува Сојузна Република Германија, Autobahnmeisterei
Вк. должина 3.325 метри
Изградбата почнала 1968
Изградбата завршила 1975
Отворен 10.01.1975
Дневен сообраќај 123.000

Новиот Елбски тунел (германски: Neuer Elbtunnel), често едноставно нарекуван и Елбски тунел (германски: Elbtunnel) поминува под реката Елба во северна Германија.

Содржина

[уреди] Опис

Елбскиот тунел има должина од 3,1 километар. Како дел од Автопатот 7 во Хамбург, тунелот ја создава врската помеѓу Шлезвиг-Холштајн (и понатаму кон Данска) на север и Долна Саксонија на југ. Има 8 ленти во 4 жлебови. Најновиот, четврти жлеб е единствениот со систем за намалување и подобро справување при сообраќајни несреќи.

[уреди] Историја

Тунелот бил изграден од 1968 до 1975 со три жлеба, содржејќи вкупно шест автопатски ленти, опслужувајќи го градот Хамбург. На 10 јануари 1975, канцеларот на Германија Хелмут Шмит го отворил Елбскиот тунел. Тунелот бил изграден со капацитет за 65.000 возила дневно.

Поглед на Хамбуршкото пристаниште (на југоисток)

Во 1989 биле изградени бетонски пречки на трите јужни влезови. Во време на војна овие бариера требало да експлодираат од нивните постојани места. Бариерите биле повлечени во 2000, во текот на изградбата на четвртиот жлеб.

[уреди] Проширување

Да се исполнат барањата на зголемениот сообраќај, на 27 октомври 2002, четвртиот жлеб бил отворен со дополнително две ленти. Тој бил пробиен низ дното од најголемите машини за тунели во светот, предната плоча на машините биле 14,65 метри во дијаметар. Машината била именувана Труде, кратка форма од името Гертруд и акроним за Tief runter unter die Elbe (длабоко под реката Елба). Европската вселенска агенција помогнала во инженерските аспекти на проектот за тунелот при пробивањето на самиот тунел.

Тунелот има ревезибилни ленти, кои ја менуваат насоката во однос на предвидувањето на патничките текови, слично на оние во Тунелот Калдекот во Оукленд. Така, на пример, повеќе ленти се достапни за време на утрото кон центарот на градот во северниот правец Флензбург, а повеќе во јужен правец кон Хановер за време на вечерните часови.

Плоча за пробивање на Елбскиот тунел

[уреди] Контролен систем

Бирото за тунелот врши контрола на сообраќајот преку 72 визуелни монитори. Семафори, пречки на автопатот и различни пораки се користат за регулирање на 150.000 возила секојдневно.

Сите жлебови се опремени со автоматска контрола на висината на секој влез. Штом возило со висина повеќе од 4 метри влегува во тунел, системот ќе го запре целиот сообраќај во таа лента и ќе го насочи сообраќајот. Ова ќе осигури дека високите камиони нема да му нанесат штета на тунелот. Противпожарната единица во тунелот и полицијата ќе го насочат камионот, така што сообраќајот ќе може слободно да тече.

[уреди] Поврзано

[уреди] Литература

  • Ulrich Alexis Christiansen: Hamburgs dunkle Welten. Der geheimnisvolle Untergrund der Hansestadt. Ch.Links Verlag, Berlin 2008, ISBN 3-8615-3473-8 (in German)

53°32′12″N 9°55′48″E / 53.53667°N 9.93°E / 53.53667; 9.93

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици