Еласмосаурус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еласмосаурус
Еласмосаурус
Период: доцна креда,
Реконструиран скелет, Канадскиот музеј на природата
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Род: Еласмосаурус
Вид: Elasmosaurus platyurus
Cope, 1868

Еласмосаурус (од грчки: ελασμος; „еласмос“ односно 'тенка плочка', што се однесува на тенките плочки што ги има на карлицата + σαυρος; „саурус“ односно 'гуштер) — род од редот на плезиосаурусите со многу долг врат, кој живеел во периодот доцна креда од мезозојската ера пред 80,5 милиони години.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Реконструкција на еламосаурус во вода

Еласмосаурусот бил околу 14 метри долг и тежел преку 2.000 килограми, вбројувајки се меѓу најголемите плезиосауруси. Од сите останати плезиосауруси се разликува по тоа што имал 6 заба на секоја пермаксила (мали коскички на врвот од максилата кои кај човекот се споиле со истата) и 71 вратен пршлен.[2] Черепот му бил сплескан, со неколку долги, остри заби. Долната вилица била споена на врвот сè до четвртиот и петтиот заб.[2] Вратните пршлени најблиску до черепот биле долги и имале издолжени странични краеви.[3][4] Како повеќето еласмосауриоди (elasmosaurids), еласмосаурусот имал околу 3 градни пршлени, а опашката не помалку од 18.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Carpenter 2003
  2. 2,0 2,1 Sachs 2005
  3. 3,0 3,1 Brown 1993
  4. 4,0 4,1 Carpenter 1999

Надворешни врски[уреди | уреди извор]