Експлорер 1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лансиран: 1 февруари 1958 во 3:48 по Гринич, од Кејп Каневерал LC-26A, со Јупитер Ц.
Орбита: 356 km x 2 548 km x 33,2° x 114,8 min.
Испаднат од орбита: 31 мај 1970

Експлорер 1, прв вештачки сателит на САД. Беше лансиран од базата Кејп Каневерал на 1 февруари 1958. "Explorer" на англиски значи "истражувач". Тежеше 13,97 килограми, од кои 8,3 килограми отпаѓаа на инструментација. Неговиот облик е прилагоден за да може да го собере во ракетата.

Инструментација[уреди]

Инструментите се наоѓаа во предниот дел од леталото. Поради малиот простор и захтевите за што помала маса, најголема важност е придадена на ефикасноста на инструментите во него. Леталото содржеше Гајгер-Милерова цевка, за детектирање на протони и електрони (поголем дел од времето давала повеќесмислени резултати), сензори за температура, акустичен детектор за ударите од микроастероидите во шасијата, и детектор со жичана решетка за истата намена. Инструментите беа напојувани од живини батерии, кои самите тежеле 40% од целата тежина на товарот. Податоците од инструментите беа пренесувани на Земјата преку антени, една 60 миливатна диполна од фиберглас и четири 10 миливатни завртувачки антени, кои работат на 108,00 мегахерци и 108,03 мегахерци соодветно.

Тек и крај на мисијата[уреди]

На изненадување на експертите од мисијата, Експлорер 1 ја смени својата оска на ротација после лансирањето, поради дисипација на енергијата од флексибилните структурни елементи. Оваа допринело за дполнување на Елуриевата теорија за кинетика на тврди тела после цели 200 години. Гајгер-Милеровата цевка не работела како что треба, односно праќала најразлични резултати за радијацијата околу Земјата. Одлучено е дека ова се случува поради оптеретеноста на самиот нструмент со голема радијација, со што бил откриен Ван Ален радиајацискиот појас, и тоа е прогласено за најголемо откритие во тогашната [Меѓународна Година на Геофизика]]. Овој појас всушност претставува наелектризирани честици заробени од магнетното поле на Земјата. Експлорер 1 испадна од орбита на 31 мај 1970 година.

Надворешни врски :[уреди]

Експлорер 1 - Астрономски Клуб Куманово