Експлозивно оформување

Од Википедија — слободната енциклопедија

Експлозивно оформување — металуршка техника во која се користи експлозивно полнење наместо удар или притисок, и во основа е многу поевтина од градење на доволно големи и задоволувачки преси со висок притисок, од друга страна пак, неизбежно е пакетната обработка, произведување на производите еден по еден и долго време за нивно подесување. Има неколку различни пристапи, еден од нив е да се стави метална плоча на калап, и просторот кој се вмешува да биде евакуиран со вакуумска пумпа, потоа да се постави целиот склоп од вода и да се детонира полнење на соодветна висина над плочата. За комплицирани форми, одвоен калап може да се користи за да се добие еден процес, форма што бара многу произведувачки чекори, или може да биде произведена на делови па да биде закована заедно со пропратен процес на заварување. Најчесто тоа е степен на калење од експлозивно-оформувачкиот процес, особено во мекиот челик. Машините можат да бидат направени од стаклени влакна за мали апликации, од бетон за големи делови со среден притисок или од разтеглив челик за добивање на голем притисок. Идеално е ако машината има поголема еластична моќност од материјалот кој се оформува, што претставува проблем бидејќи оваа техника најчесто се користи за тешко-обработливи материјали. Експлозивното оформување беше употребено во 1960 година за апликации во космичката индустрија, како што се деловите на разузнавачкиот авион СР-71 и други ракетни делови на Советската армија. Продолжи да се развива во Русија, и организирачките комитети како што е ЕПНМ(EPNM), почнаа да имаат многу членови од поранешната Советски Сојуз. Се покажа особено продуктивно за произведување на тешко-обработливи браздести делови кои во друг случај да бидат произведени потребно е создавање големи калапи кои ќе бидат многу поголеми од самиот краен производ. Друга примена на експлозивот во производството е ефектот на вретенесто полнење, со поставување на екслозивот да биде дирекно поврзан со обработувачкиот метал, ова беше користено за изработка на клишеа од тенко железо во далечните 1980-ти години. Исто така се користи и за изработка на различни воени делови и експлозивно-формирани проектили. Како на пример, производител на јахти кој го произведува телото на бродот користи бетонски базен во кој металниот калап е поставен, го полни базенот и го детонира експлозивот и произведува комплетна форма на тело на брод.

Хидрооформувањето е исплатлив начин на обработка и оформување на растегливи метали како што се алуминиумот и плехот во лесна категорија, кои по структура се тешко растегливи и цврсти делови. Најголема примена хидро-оформувањето има во автомобилската индустрија, што ја овозможува употребата на комплексните форми со примена на хидро-оформување да се направи поцврста, лесна и нееластична структура на школките за возилата. Оваа техника особено е популарна во индустријата за спортски автомобили но, исто така се применува и за изработка и оформување на алуминиумските на структурата на велосипедите.