Екскалибур (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Екскалибур (англиски: Excalibur) - американски филм од 1981 година, во режија на Џон Бурман кој е автор и на сценариото, заедно со Роспо Паленберг. Главните улоги ги толкуваат: Најџел Тери, Хелен Мирен, Габриел Бирн, Никол Вилијамс, Пол Џофри, Никоилас Клеј, Кетрин Бурман, Корин Редгрејв и Лијам Нисон.

Содржина[уреди | уреди извор]

Волшебникот Мерлин (го игра Вилијамс) му помага на Утер Пендрагон (го игра Бирн) со помош на мечот Екскалибур да ја обедини Англија и тој да биде крал. Но, Утер копнее по жената на неговиот соперник и тоа го води во пропаст. Пред да умре, Утер го набива мечот во камен. Никој не може да го извади мечот освен неговиот законски наследник на престолот. Неколку години подоцна, неговиот син Артур (го игра Тери), кој не знае дека е син на Утер и дека има голема моќ, случајно успева да го извлече мечот од каменот, нешто што претходно не им успева на многу рицари. Со помош на Мерлин, Артур е прогласен за крал на Англија, а потоа тој ја основа Тркалезната маса, собирајќи ги сите чесни англиски витези...[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 25.
  2. „HRT (пристапено на 9.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-18. Посетено на 2017-12-16.