Економски факултет - Штип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Економски факултет - Штип
Виддржавен
Основан2007
Деканпроф. д-р Оливера Трајковска
Студенти850
МестоШтип, Република Македонија
ПрипадностУниверзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
eco.ugd.edu.mk

Економскиот факултет во Штип е еден од факултетите на Универзитетот Гоце Делчев.

За факултетот[уреди | уреди извор]

Економскиот факултет низ континуиран процес на образование овозможува кадар кој е способен компетентно да ги решава проблеми да им излегува во пресрет на предизвиците што современиот развој на општеството и на бизнисот ги наметнува и да ја зајакнува конкурентноста на претпријатијата на ниво на светски стандарди, преку висококвалитетни програми од бизнис, менаџмент и економија. Факултетот, исто така, обезбедува професионални услуги и истражувања за претпријатијата и државната администрација. Во таа насока Факултетот работи на постојано јакнење на својата репутација, како на домашно така и на меѓународно ниво. Факултетот води сметка да реализира висок квалитет во наставата и истражувачко-апликативните активности да ги следи промените и потребите на стопанството и општеството, да ја поттикнува инвотаивноста и притоа да употребува најосвремена наставна техника[1].

Мисијата на Економскиот факултет е низ континуиран процес на образование на високостручен кадар, способен компетентно да решава проблеми, да им излегува во пресрет на предизвиците што современиот развој на општеството и на бизнисот ги наметнува и да ја зајакнува конкурентноста на претпријатијата на ниво на светски стандарди, преку висококвалитетни програми од бизнис и економија. Факултетот, исто така, ќе обезбедува професионални услуги и истражувања за претпријатијата и државната администрација.

Организација и структура[уреди | уреди извор]

Функцијата декан на Економскиот факултет ја врши проф. д-р Ристо Фотов, а продекан за настава е проф.д-р Ристе Темјановски[2].

Студиските програми се организирани во:

  • Прв циклус на студии
  • Втор циклус на студии

Носител на студиите е Економскиот факултет, а реализатор на студиите се катедрите кои се составен дел на Економскиот факултет, а тоа се[3]:

  • Катедра за бизнис менаџмент
  • Катедра за сметководство и контрола
  • Катедра за финансии
  • Катедра за финансиски менаџмент
  • Катедра за економија

Факултетот мошне смело влезе во реформирањето на високото образование, согласно со Болоњската декларација на ЕКТС. Наставниот план и програма се заснова на Европскиот кредит-трансфер систем, односно т.н. кредит систем на студирање. Со EКТС треба да се создаде можност периодот на студирање во странство да биде признаен како делотворно еквивалентен на компарабилен период на студирање (вклучувајќи ги испитите и другите форми на евалуација) на домашната институција, и покрај можните разлики во содржините на програмите. Со EКТС би се овозможила подвижност на студентите во рамките на програмите Erasmus/Socrates. EКТС се заснова на три основни елементи: информација (за студиските програми и достигнувањето на студентите), меѓусебен договор (помеѓу партнерските институции и студентот) и употреба на EКТС кредити (за означување на обемот на работата на студентот). Студиските програми се приспособени согласно со Болоњската декларација и со тоа режимот на студирање се трансформираше во 3+1+1.

Прв циклус - студиски програми[уреди | уреди извор]

Во првиот циклус на студии на Економскиот факултет се изучуваат следниве студиски програми[4]:

  • Финансиски менаџмент
  • Здравствен менаџмент
  • Сметководство, финансии и ревизија
  • Менаџмент и претприемништво

Здравствен менаџмент[уреди | уреди извор]

Насоката Здравствен менаџмент треба да образова кадри кои се потребни во медицинските центри, болниците, специјалните здравствени институции, министерствата за здравство, финансии, фондови за здравствено осигурување и други установи во областа на здравството. Од ваков кадар се чувствува недостиг во нашата држава, но тој е дефицитарен и во соседните земји, така што се очекува дека оваа студиска програма ќе привлече и студенти од странство. Насоката Меѓународна економија се изведува во Штип, во период од 3, 3+1 и 3+1+1 години.

Финансиски менаџмент[уреди | уреди извор]

На студиската насока Финансиски менаџмент студентите се стекнуваат со специјалистички профили и заокружени знаења од областа на финансиите и банкарството, што ќе им овозможат да се ангажираат како финансиски експерти во државните и јавните институции (државна администрација, фондови, Влада, министерства, во Управата на јавни приходи и сл.), понатаму како менаџери во банките и другите финансиски институции, како финансиски менаџери во јавни, приватни и акционерски трговски друштва, како финансиски експерти на финансискиот пазар, како научен подмладок на факултетите, институтите и други научно-образовни институции и сл. На оваа студиска насока студентите ќе се стекнат и со продлабочени знаења од јавните финансии, преку анализа на современите даночни системи, одликите на одделните јавни давачки (даноци, придонеси, царини итн.) и буџетскиот процес, како и да бидат способни да ги анализираат ефектите на фискалната политика. Наставната програма на оваа студиска насока е компатибилна со програмите на реномирани економски факултети од земјите на Европската унија и во САД.

Втор циклус студии[уреди | уреди извор]

Во втриот циклус на студии на Економскиот факултет се изучуваат следниве студиски програми[5]:

  • Економија на европската унија - едногодишни студии
  • Финансии и банкарство - едногодишни студии
  • Финансиско известување и ревизија - едногодишни студии
  • Мба- менаџмент - едногодишни студии
  • Мба-менаџмент - двегодишни студии
  • Здравствен менаџмент - едногодишни студии

Вториот циклус на студии е во времетраење од една до две студиски години, во зависност од студиските програми на соодветната единица на Универзитетот. Има три студиски програми и тоа: МБА-менаџмент, Економија на Европска унија и Здравствен менаџмент. Со завршување на втор циклус на универзитетски научни студии – магистерски студии, студентот се стекнува со 60-120 кредити. Со завршување на втор циклус на универзитетски студии - специјалистички стручни студии, студентот се стекнува со 60 кредити. Во втор циклус на универзитетски студии може да се запише кандидат што има завршено прв циклус на студии на факултет или висока школа. Студиите од втор циклус се завршуваат со полагање на сите испити и изработка и одбрана на магистерски/стручен труд.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјално мрежно место на Економски факултет - Штип“. Архивирано од изворникот на 2013-03-13. Посетено на 2013-03-06.
  2. „Официјално мрежно место на Економски факултет - Штип - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2012-12-21. Посетено на 2013-03-06.
  3. „Официјално мрежно место на Економски факултет - Штип - „Катедри и институти". Архивирано од изворникот на 2013-09-05. Посетено на 2013-03-06.
  4. „Официјално мрежно место на Економски факултет - Штип - „Прв циклус студии". Архивирано од изворникот на 2012-12-27. Посетено на 2013-03-06.
  5. „Официјално мрежно место на Економски факултет - Штип - „Втор циклус студии". Архивирано од изворникот на 2013-05-18. Посетено на 2013-03-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]