Економски и социјален совет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Економскиот и социјален совет (ECOSOC) работи под авторитетот на Генералното собрание за да ја координира економската и социјална работа во ОН. ECOSOC има 54 земји членки избрани од Генералното собрание за мандат од 3 години. ECOSOC ги координира студиите и препораките и акциите за меѓународни теми како медицината, образованието, економските и социјални потреби. Ја набљудува работата на голем број програми и агенции. Оперира главно преку постојни комитети, функционални комисии и регионални комисии. Има 5 регионални комисии кои набљудуваат како работат заедно одредени комисии во еден регион. Има 9 функционални комисии кои расправаат за предмети како порастот на населението, трговијата со дрога, човековите права и статусот на жената. Други комитети работат на географските имиња, науката, јавните финансии итн. ECOSOC координира многу агенции кои имаат различни социјални економски и други услуги. Тие се независни но работат со други програми во ОН. Такви се Светската организација за здравје (WHO), Едукативната, културна и научна организација на ОН (УНЕСКО) и др.


Литература[уреди]

  • Игор Јанев, International organizations and Integrations, pub. Institute of Political Studies, Belgrade, 2008, ISBN 978-86-7419-151-4
  • Игор Јанев, Statutary order of International Organizations, Institute of Political Studies, Belgrade, 2009, ISBN 978-86-7419-191-0