Еквилибриум (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Еквилибриум (англиски: Equilibrium) е американски филм од 2002 година, во режија на Курт Вимер. Главните улоги ги толкуваат: Кристијан Бејл, Шон Бин, Доминик Персел и Емили Вотсон.

Олимписки стадион во Берлин, кој ги претставува либриските владини канцеларии

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот се случува во иднината, кога голем дел од човештвото е уништено од Третата светска војна. Тогаш се појавува нова држава, наречена Либрија, под водство на Таткото. Убеден дека човечките емоции и нивното изразување се виновни за падот на претходното општество, Таткото издава проглас со кој сите луѓе се должни да ја земат дневната доза од лекот „прозија 2“, кој ги уништува емоциите. Во државата се забранети сите видови креативно изразување и се казнуваат со смртна казна.[1][2][3]

Салата за извршување во „Еквилибриум“, претставена од метро станицата Бундестагот (Берлин U-Bahn) под зградата на Рајхстагот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 17.
  2. Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 20.
  3. „Еквилибриум“, Антена, број 876, 10.4.2015, стр. 27.