Ед Јовановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ед Јовановски во 2012 г.

Ед Јовановски (англиски: Ed Jovanovski, р. 26 јуни 1976 во Виндзор, Онтарио) — канадски професионален хокеар од македонско потекло кој игра во Националната хокеарска лига за тимот на Phoenix Coyotes. Игра на одбранбена позиција.

Јовановски, чии родители имигрирале во Канада од тетовското село Јегуновце, беше избран прв севкупно од страна на тимот на Florida Panthers во НХЛ драфтот од 1994 и се појави во завршницата на плејфот на Стенли Купот со „Пантерите“ во 1996.

Познат по неговото мазно лизгање, напаѓачкиот жар, водството на и надвор од мразот, како и снажните удари со тело. Јовановски беше трампан на 17 јануари, 1999 во тимот на Vancouver Canucks со Дејв Гање, Мајк Браун, Кевин Уикс и правото на првиот избор на Флорида за драфтот во 2000, во замена за Павел Буре, Брет Хедикан, Бред Ференс и правото на избор на Ванкувер во третата рунда на драфтот во 2000.

Неговите достигнувања вклучуваат учество во Олимпискиот тим од 2002 година на Канада, кој се закити со злато во Солт Лејк Сити, тимот од 2004 на Светското првенство и тимот од 2005 кој учествуваше на Светското Хокеарско Првество. Беше избран да игра и за тимот на Канада на Олимпијадата 2006, но мораше да се повлече пред да започне турнирот поради повреда на бутината. Во неговиот прв натпревар по повредата тој постигна еден гол и го заврши натпреварот со два бода.

Во 2005, Јовановски беше предмет на документарен филм снимен од македонско-канадскиот режисер Бил Јанков насловен „The Late Bloomer: Ed Jovanovski“ (македонски: доцниот цветач: Ед Јовановски) којшто ја истражува неговата кариера, семејна трагедија и неговата приврзаност со неговото македонско наследство.

Во јули 2006, Јовановски потпиша пет-годишен договор вреден 32,5 милиони долари со екипата на Phoenix Coyotes.

Статистики за кариерата[уреди | уреди извор]

    Регуларна сезона   Плејоф
Сезона Тим Лига Н Г А П КМ Н Г А П КМ
1995-96 Florida Panthers НХЛ 70 10 11 21 137 22 1 8 9 52
1996-97 Florida Panthers НХЛ 61 7 16 23 172 5 0 0 0 4
1997-98 Florida Panthers НХЛ 81 9 14 23 158 - - - - -
1998-99 Florida Panthers НХЛ 41 3 13 16 82 - - - - -
1998-99 Vancouver Canucks НХЛ 31 2 9 11 44 - - - - -
1999-00 Vancouver Canucks НХЛ 75 5 21 26 54 - - - - -
2000-01 Vancouver Canucks НХЛ 79 12 35 47 102 4 1 1 2 0
2001-02 Vancouver Canucks НХЛ 82 17 31 48 101 6 1 4 5 8
2002-03 Vancouver Canucks НХЛ 67 6 40 46 13 14 7 1 8 22
2003-04 Vancouver Canucks НХЛ 56 7 16 23 64 7 0 4 4 6
2005-06 Vancouver Canucks НХМ 44 8 25 33 58 - - - - -
2006-07 Phoenix Coyotes НХЛ 54 11 18 29 63 - - - - -
НХЛ вкупно 741 97 249 346 1148 58 10 18 28 92

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Александр Даејгл
Прв избор севкупно на НХЛ влезен драфт
1994
Наследник
Брајан Берард