Едвард Зис

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Едуард Зуес)
Прејди на: содржини, барај
Едвард Зис

Едвард Зис (20 август 1831 - 26 април 1914) — австриски геолог.

Зис бил пионер во проучувањето на процесите на набирање, раседување и геолошката структура на европските Алпи. Познатата книга на Зис во четири тома „Лицето на Земјата“ (австриски:„Das Antlitz der Erde“, 1885-1909), е напишана како енциклопедиски преглед на планините а Земјата, нивните структури и создавањето, како и историјата на океаните. Прв од геолозите дошол до идеја - подоцна отфрлена - за можноста на постоење копнени мостови што ги соединенуваат континентите Јужна Америка, Африка, потконтинентот Индија и Австралија. Зис тој голем континент од минатото го нарекол Гондвана - името и натаму се користи за означување на некогашиот суперконтинент.