Едноставна машина
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Во физиката, едноставна (проста) машина е било која направа која бара единствено примена на една сила за да се заврши некоја работа.
Традиционален список на прости машини:
- Коса рамнина (N)
- Тркало (O)
- Лост (T)
- Чекрек (U)
- Клин (V [едностран клин]; X [двоен клин])
- Навој / Винт / Сврдел (Y)
Латиничните букви се мнемонички ознаки за едноставните машини, бидејќи нивната форма е слична на формата на соодветните едноставни машини.
[уреди] Варијации на списокот на прости машини
Некои сметаат дека постојат пет прости машини, а не шест, аргументирајќи дека клинот всушност е подвижна коса рамнина. Други пак овој список го редуцираат на четири прости машини тврдејќи дека сврделот претставува хеликоидална коса рамнина. Некои одат уште подалеку тврдејќи дека постојат само две прости машини, бидејќи чекрекот и тркалото може да се сметаат за специјална форма на лостот, така што за нив постојат само лостот и косата рамнина како прости машини.