Еднакви последици

Од Википедија — слободната енциклопедија

Еднакви последици или „независна еднаквост” е термин што се однесува на согледувањето дека еднаквите можности можеби не се доволни за да се поправи угнетувањето и хендикепираноста на жените низ историјата.

Поради нивната различна позиција во општеството, жените и мажите може да не бидат способни да ги искористат еднаквите можности во ист обем. Во некои случаи еднаквите можности всушност можат да имаат негативен ефект на добросостојбата на жените, доколку не резултира времето и енергијата кои жените ги употребуваат за да имаат придобивка од нив. Со цел да се осигура дека развојните интервенции резултираат во еднакви последици за мажите и за жените, неопходно е тие да се создадат врз основа на родова анализа. Според тоа „ рамноправен” третман не значи „ист” третман.[1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.