Единство (солунски весник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Единство
Насловна страница
СопственикРеформската струја и МОРО
УредникАнгел Томов, Павел Делирадев
Основан27 септември 1908
Политичка определбареволуционерен
ЈазикБугарски
Престанал5 јануари 1909
СедиштеСолун

Единство бил весник на Реформската струја од Македонската револуционерна организација.

Почнал да излегува на 27 септември 1908 година, три дена по обидот за атентат врз Јане Сандански и два дена по планираниот, но неодржан конгрес на МОРО. Се печател во Солун. Вкупно имал 25 броја, а ги изразувал ставовите на Реформската струја, првенствено на Струмичаните околу Христо Чернопеев.

Негови уредници биле Ангел Томов и Павел Делирадев. Весникот ја отфрлил идејата за автономна Македонија и вооружената борба, а се залагал за федеративниот принцип. „Единство“ давал поддршка на Младотурците, а ги напаѓал ставовите на Конзервативната струја на ВМОРО.

По надминувањето на несогласиците помеѓу серските, од една страна, и струмичките и солунските револуционери, од друга страна, во јануари 1909 година „Единство“ се обединил со весникот „Конституциона зора“ и продолжил како „Народна волја“.[1][2][3]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Куманов, Милен. Македония. Кратък исторически справочник, София, 1993, стр. 98.
  2. Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него, Университетско издателство "Св. Климент Охридски", София, 1992, стр. 101.
  3. Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 306.