Египетска чаршија (Истанбул)

Координати: 41°00′59″N 28°58′14″E / 41.01639° СГШ; 28.97056° ИГД / 41.01639; 28.97056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Египетски пазар
Mısır Çarşısı
Поглед кон објектот
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција

Египетскиот пазар (турски: Mısır Çarşısı) се наоѓа во Истанбул, Турција е една од најстарите чаршии во градот. Се наоѓа во Еминону, и плоштина е втор најголем пазар во градот по Големата чаршија.

Постојат неколку документи кои укажуваат дека името на чаршија во почетокот било "Нова чаршија". Сепак, главно поради фактот дека многу зачини овде биле увезувани преку Египет во текот на османлискиот период, името "Мисир чаршија" е попознато низ народот. Зборот 'mısır' има двојно значење во турскиот јазик: "Египет" и "пченка". Ова е причината зошто понекогаш името е погрешно толкувано или преведувано како "пченкарска чаршија".

Самиот објект е дел од џамија Јени. Парите кои се добиваат од изнајмување на продавниците се наменети главно за одржување на џамијата. Архитект на џамијата бил Давид Ага, но тој починал а негов наследник бил Далгик Ахмед. Комплексот се состои од точно 88 простори односно соби.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Freely, John (2000). Blue Guide Istanbul. W. W. Norton & Company. ISBN 0393320146.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°00′59″N 28°58′14″E / 41.01639° СГШ; 28.97056° ИГД / 41.01639; 28.97056