Европски монетарен систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европска Унија
Знаме на Европската унија

Дел од серијалот:
Политика на и управување со
Европската Унија

По пропаѓањето на бретонвудскиот систем, европскиот монетарен систем (EMS) е најдобар пример за соработка околу девизните курсеви. Иако тој може да се набљудува како наследник на аранжманот "змија " од раните 1970-ти години, од почетокот тој беше поцврст и поамбициозен. Прчината за појавата на EMS е во центарот на прашањето за координација на економската политика. Координацијата меѓу земјите се бара кога потезите на една земја влијаат на благосостојбата на други земји. Политиката на " осиромашување на соседот ", што резултираше со конкурентска девалвација, може да се избегне преку економски консултации. Колку што земјите се потесно интегрирани, толку е поголема потребата од консултации и соработка. Овие факти им беа евидентни на сосатвувачите на Римскиот договор. Кога тие го создадоа Заедничкиот европски пазар во 1957 година, преку монетарната соработка ја предвидоа монетарната унија. Навистина, успехот на Заедничкиот пазар се пренесе и на постојано растечката реална и финансиска интеграција на земјите-членки. Отаму-EMS е ползен пример за анализирање и разбирање на меѓународната координација на економската политика и на нејзините успеси и неуспеси. При соодветни околности, координацијата функционира но таа е вечен предизвик. Кога околностите ќе се сменат и успехот ќе ги зголеми очекувањата, координацијата станува лабава дури и при цврсти монетарни аранжмани. Рецесијата од раните 1990-ти години, придружена со храбри планови на придружување кон европската монетарна унија, резултираа со спектакуларни валутни кризи кои доведоа до дезинтеграција на EMS. Охрабрени од позитивните остварувања на Заедничкиот пазар и EMS, кон средината на 1980-тите години дизајнерите на политиката почнаа да креираат нови чекори кон постигнување на потесна интеграција. Единствениот пропис беше насочен кон остварување на највисок степен на интеграција преку отстранување на пречките на движење на стоки, луѓе и капитал. Особено, со неколку исклучоци, тој наемтна елиминација на ограничувањата за движење на капиталот во јули 1990 година. Потоа дојде до Договорот од Мастрихт потпиашан кон крајот на 1991 и ратификуван наредната година, кој предвиде поместување кон европска унија упатувајќи на потесна монетарна и политичка интеграција. Усвојувањето на единствена валута на цела Европа се покажа дека е тешко прифатливо за многу земји. Тоа покрена нови прашања од меѓусебна координација, поврзани со принципот на оптимална валутна зона.

Содржина

Европски монетарен систем во теоријата[уреди]

Кратка историја[уреди]

Европскиот монетарен систем (EMS) беше замисла на францускиот претседател Валери Жискар и на германскиот канцелар Хелмут Шмит во април 1978.Инајќи ја веќе подготвено сцената за спогодба, тие им испратија покана на сите членки на Европската унија да им се придружат. Идејата беше формално одобрена на европскиот самит во Бремен одржан во јуни 1978 година, а оперативните принципи беа поставени неколку месеци подоцна во Брисел. Иницијалнта декларација го објави создавањето на " зона на монетарна стабилност во Европа " како примарна цел на EMS. Тоа беше период ма големи промени на светските девизни пазари: американскиот долар не можеше да служи како именител за меѓународни трансакции и европската «змија» имаше проемнлив успех, со оглед на тоа што неколку членки вклучително и Франција, Италија и Шведска не беа во можност да учествуваат освен во кратки преиоди. Во тоа време сите девет членки на Европската унија формално пристапија кон EMS согласувајќи се во принцип на фиксни девизни курсеви и на придружни мерки. Велика Британија иницајлно го одложи учеството во механизмот на девизните курсеви ERM затоа што се бараше фиксирање на девизните курсеви, по многу години воздржаност таа почна целосно да учествува во ERM од октомври 1990-та година . Кога Грција , 1981 година и Шпанија и Португалија , 1986 година станаа членки на Европската унија тие исто така се обврзаа на учество во ERM , Шпанија го направи тоа во јули 1989 година, како активна членка на ERM селдеше Португалија во април 1992 година .По острите шпекулативни напади Италија и Велика Британија во септември 1992 година " привремено " излегоа од ERM. Новата криза во 1993 година доведе до полабав систем. Од новите земји што влегоа во Европската унија 1995 година, Австрија , Финска и Шведска, само Австрија му се придружи на ERM.

Клучните карактеристики на EM[уреди]

Рамката на парите[уреди]

EMS има многу заеднички карактеристики со нејзниот директен претходник европската " змија ", а да не се спомнува нефункционалниот бретонвудски систем кого "змијата " и EMS се обидоа да го заменат во рамкуте на Европа. Тоа е систем на фиксни, но прилагодиви курсеви . Фиксноста се дефинира како официјален централен паритет меѓу која било двоја валути на земјите членки : таа сугерира постоење на централен курс и на маргини на флуктуриање, во чии рамки не е дозволено на девизниот курс да се движи околу фиксниот паритет.

ECU[уреди]

Воспоставувањето на EMS беше придружено од создавање нова пресметоковна единица, европска валутна единица или ECU . Технички гледано ECU служи за сите официјални трансакции на Европската унија и преставува лесен начин за дефинирање на централните паритети преку сите билатерални курсеви можат да се пресметаат. Тоа е кошница со валути на сите земји членки, која вредност е составена од официјалнта содржина на валутните удели на сите земји-членки. Но, маргините за флуктирање околу паритетите на ECU не се исти за секоја земја. Причината е тоа што ECU е пондериран просек од сите EMS валути: кога вредноста на една валута ќе се измени, вредноста на ECU во однос на сите други валути исто така се менува. Валутата со голем пондер ќе го влече назад ECU. Заради тоа една валута со голем пондер може да флуктира повеќе околу нејзиниот ECU паритет, останувајќи притоа во рамките на нејзината официјална билатерална маргина, во спредба со друга валута со мал пондер. ЕCU е официјлан пресметковна единица за трансакциите што ги инволвираат централните банки на земјите членки на EMS и на Европската унија. Една од целите за креирање на ECU беше да се појде еден чекор поттаму во правец на вистинската европска валута. Сепак, монетарните власти беа внимателни да не и дадат на ECU каков било атрибут на вистинска валута : таа не циркулира во јавноста и не се разменува меѓу централните банки и јавноста. Од друга страна, таа беше прифаетна од фиксните пазари. Обврзниците се издадени дирекнто во ECU , најпрвин од страна на приватни корпорации, а потоа и од некои влади. Овие обврзници тргувани по неколку пазари, му дадоа на ECU сопствен живот. До 1991 година кога беше потпишан договорот во Мастрихт, емициите на обврзници во ECU по својот обем ги надминаа емисиите на фунти или гремански марки. Сепак проблемите околу ратификувањето на договорот и кризите доведоа до значаен сомнеж во ECU. Појавата на приватни ECU е точно поврзана со евентуално воведување на единствена валута во Европа. Проблемите во 1992 година го редуцираа пазарот за приватни ECU .За да стане ECU вистинска валута, потребни се бројни практични и законски чекори. Она што е уште поважно е дека приватниот сектор би требало да извршува значаен дел од своите трансакции на банкарски сметки на ECU. Тоа бара законска регулатива со многу земји на Европската унија.

Зајмување[уреди]

EMS има доста уникатни карактеристики по кои се разликува од другите постојани системи. Прво, барем во теоријата, нема валута со специјален статус, како што беше американскиот долар во бретонвудскиот систем: сите паритети се дефинирани на основа на двојки. Второ, има разни начини на зајмување меѓу централните банки на земјите членки. Овој систем овозможува на краток рок секоја банка на земја членка да зајмува речиси неограничен износ од друга банка на земја членка. Се бара брзо враќање на зајменото, обично во рамките на 4-5 дена, но можни се и револвинг кредити . Трето, сите членки имаат депонирано во Европскиот фонд за монетарна обработка 20 % од златото и доларите што ги поседуваат. За возврат, централните банки имаат ECU депозити во фондот што можат да ги користат за меѓусебно порамнување. Досега оваа можност била само спорадично користена.

Колективно одлучување за девизните курсеви[уреди]

Конечно, EMS го карактеризира колективно одлучување. Една земја не може унилатерално да го измени својот ECU паритет во рамките на системот, кој го детреминира нејзиниот паритет наспроти сите членки во ERM. Одлуките за промени се донесуваат брз основа на конзесус. Тоа обично се случува во текот на викендите, кога девизните пазари се затворени, што овозможува време за преговори. Одлуката ги инкорпорира адекватноста на барањето за промена на пратитетот и големината на промената. И покрај навидум рестрикитвното правило, измените на курсевите воопшто не се ретка појава.

Механизмот на девизниот курс[уреди]

При влегувањето во механизмот на девизните курсеви една земја се обврзува да ја одржува вредноста на својата валута во однос на другите валути-учеснкички. Практично тоа значи дека централните банки мораат да преземаат неограничени интервенции на нивните домашни пазари за да го одбранат догворениот паритет. Арбитражата меѓу пазарите гарантира дека кога две валути ќе го достигнат нивниот билатерален лимит за флуктирање, тогаш двете централни банки ќе интервенриаат за да спречат секакво натамошно отстапување. Додека интревенциите на девизните пазари се обврзувачки кога курсот е на крајната точка од маргините, ентралните банки често интервенриаат уште додека курсот е длабоко во рамките на маргините. Целта на овие интервенции во рамките на маргините е да се убедат пазарите дека не се размислува за промената на курсот. Од очигледни причини, податоците за интервенциите се чувани од старана на централните банки. Од неколку ретки централнобанкарски студии познати се неколку факти. Прво, најголемиот дел од своите трансакции Бундесбанка ги правела во САД долари, додека другите членки користеле EMS валути и нивните ECU сметки. Второ, Германија интервенирала најмногу за да го одржи девизниот курс во однос на САД доларот, оставјќи им на другите централни банки да интервенираат за да го одржат девизниот курс во однос на германската марка. Преку често интервенирање, пред да дојдат до границите на своите маргини за флуктирање, другите централни банки ретко ја ставаат Бундесбанка во ситуација кога таа е принудена да интервенира. Вакви излети во тајниот свет на интервнециите откирваат дека Бундесбанка има специјална улога, ефикасно да го управува односот на EMS валутите и остатокот од светот, додека другите централни банки се грижат за нивните соодветни позиции.

Независноста на моентарната политика[уреди]

Земјата што ја фиксира својата валута и одржува мобилност на капиталот, се откажува од ефективна контрола над монетарната полтика . Секој обид да се зголеми квантумот пари, ја намалува каматната стапка и забрзано води кон одливи на краткорочни финансиски средства. Како што централната банка го брани праитетот, така таа продава свои девизни резерви, што ја редуцираат монетранта база и го носи квантумот пари на иницијално ниво. Крајниот резултат едноставно е своп на домашен кредит, дефиниран како вкупен кредит на централната банка и на комерцијалните банки на небанкарскиот сектор за девизни резерви. Како функционира тоа во практиката? Кога девизните резерви се намалуваат, монетарната база се намалува само домашниот кредит на централната банка остане непорменет. Но, централна банка може да се обиде да го неутралзира ефектот од намалување на девизните резерви врз монетранта база преку купување домашни средства на отворен пазар. Оваа процедура може ефикасно да ги заштити монетранта база и агрегатната понуда на пари од интервенциите на девизниот пазар и таа е позната како стандардна оперативна процедура на најголемиот број централни банки. Дали е зачувана монетарната независност? Трикот е во тоа што стерилизацијата не може да се одвива засекогаш. Доколку монетарните власти ја намалат каматната стапка, ќе има одлив на капитал и на девизните резерви ќе се намалат. Како што централната банка создава нова монетрана база за да го замени она што го купува да девизниот пазар, односно што го повлекува од циркулација, така каматната стапка останува намалена и одливот на капитал продолжува. Се додека продолжува процесот, девизните резерви продолжуваат да се намалуваат. Портано или подоцна на стерилиззацијата мора да и дојде крајот. Се додека има девизни резерви, сочувана е монетраната незавсност, но таа мора да има краток здив. Навситина, дневните трансакации на девизниот пазар генерално го надминуваат комбинираниот квантум резери на сите централни банки. Секоја централна банка што се обидува да води политика која е мошне различна од другите земји на EMS. Често е предмет на шпекулативни напади во кои девизните резерви брзо ги троши.

Европски монетарен систем во практиката[уреди]

Остварување[уреди]

Намалување на инфлацијата[уреди]

EMS беше создаден кратко време пред вториот нафтен шок. Во тоа време најразвиените земји заклучија дека виските стапки на инфлација, наследени од првиот нафтен шок, се неприфатливи. Вториот нафтен шок раздвижи речиси универзален одговор со контрактивна политика. Инфалцијата навистина се намали во EMS земјите, во годините што следуваа. Всушност, земјите членки на EMS во просек побавно ја намалуваа инфлацијата од земјите што не се членки на EMS. Од друга страна еднаш достигната ниска инфлација беше подобро одржувана во рамките на EMS, одошто надовр од него.

Монетарна политика[уреди]

Ниската инфалција бара бескомпромисна монетрана политика. Една од мерките на монетраната политика е реалната каматна стапка. Во текот на на раните 1980-ти години, реалните каматни стапки растеа бавно во EMS земјите, но потоа станаа повискои од оние надвор од EMS зоната. Тоа покажува дека рестриктивноста на монетарната политика постепено се зголемувала и останала ретсриктивна. Однесувањето на реалните каматни стапки е интересно бидејќи, Германија традиционално ја држела нејзината реална каматна стапка релативно висока додека многу други EMS земји имале ниски, понекогаш дури и и негативни каматни стапки.

Стабилност на девизниот курс[уреди]

Целта « остров на стабилноста» одредена за EMS требаше да спречи премногу големи флуктации на европските девизни курсеви во рамките на системот и да спречи потенцијално нарушување на трговијата помеѓу интегрираните растечки земји. Оттаму, она што всушност е важно е стабилизацијата на релативните цени. Мали се сомнежите дека девизните курсеви во рамките на EMS беа успешно стабилизарни.

Четирите фази на EMS[уреди]

Во текот на првата фаза од неговото воспоставување до средината на 1980-ти години EMS функционираше како мошне лабав систем, толерантен во однос на различните вкусови на земјите во поглед на инфалцијата. Промените на девизните курсеви без чести и не беа драматични, насочени ко коигирање на отстапувањата од паритетот на куповната сила, кои произлегуваа од постојаните разлики во каматните стапки на земјите членки. Втората фаза од средината на 1980-тите години до 1992 година ја каратеризираше постепеноста на улогата на германската марка како валута-котва на системот. Промените на девизните курсеви беа успешно избегнати од јануари 1987 година до септември 1992 година. Сите земји се обидоа да ја копираат силната позиција на марката и ја идентификуваа ниската инфлација како главна цел на монетарната политика. Втората фаза заврши набрзина летотот 1992 година. Во текот на следните дванаесет месеци, континуирани проблеми го погодуваа бродот на ERM и продолжија да флуктираат. На крајот на август 1993 година, маргините на флуктирање беа проширени до точката каде фиксниот девизен курс само малку се разликува од слободното флуктирање. Оваа четврта и последна фаза беше хаотично дизајнирана во текот на шпекулативните напади. Со маргини од 15 % ситуацијата донекаде се смири, но EMS ги загуби кредибилитетот и репутацијата. Оваа фаза ја каратеризираат извесни разлики меѓу EMS земјите, една група земји ја обновија стриктноста во поглед на монетранта политика и инфалцијата, а друга група земји остварија одредена релаксација во монетарната политика.

Контролата на капиталот и EMS[уреди]

EMS се разви од лабав аранжман помеѓу земји со различни цели во врска со инфлацијата во систем со повисок степен на кохезија, во кој инфлацијата е ниска и се разликува релативно малку од една до друга земја. Тоа беше постигнато преку примена на монетарна политика слична на онаа традиционално применувана во Бундесбанка. Со оглед на тоа што Германија стана прва меѓу еднаквите, центарот на EMS се обврза на одржување ниска инфлација, другите земји постепено се откажаа од нивната монетарна независност. Губењето на монетарната независнот беше забрзано со одлуката да се елиминираат контролите на движењето на капиталот во јули 1990 година, како дел од Единствениот европски закон, преку севкупен напор да се отстранат ограничувањата на движењето на стоки, луѓе и капитал во рамките на Европската унија, применет на 1 јануари 1993 година.

Улогата на контролата на капиталот[уреди]

Во текот на бретонвудската ера и во EMS до доцните 1980-ти години, многу земји применуваа разновидни ограничувања на движењето на средствата преку нивните граници. Контролата на движењето на капиталот преставува еден од начините да се поврати дел од независноста на монетарната политика: изборот на трендната стапка на инфлација. Навистина, секоја стапка на инфлација е компатибилна со членство во систем на фиксен, но прилагодлив девизен курс, при доволно често случување на прилагодување на курсевите. Земјите со инфлација пониска од просекот вршат ревалвација на нивните валути, додека земјите со висока инфлација повторно воспоставуваат конкурентност преку последователни депресијации. Проблемот е што пазарите можат лесно препостават која валута ќе биде ревалвирана, а која девалвирана. Онаа што се нарекува « еднонасочна претпоставка» е неодоливо искушение за шпекулаторите без ризик да продаваат валута што е наклонета кон девалвација и да купуваат валута што е наклонета кон ревалвација. Другата можност е да се има различен третман на транскациите на тековната и капиталната сметка. Друг пристап за спречување на одливите на капиталот е да се воведе обврска за депонирање средства за странски средства. За да се спречат одливите, можат да се воведат обврски за депонирање средства на обврските во странска валута кон нерезидентите. Проблемот со контролата на движењето на капиталот е дека таа може лесно да биде заобиколена. Меѓутоа, таа не спречува да се забават шпекулативните напади. Заради трошоците што се поврзани со почитувањето или заобиколувањето на контролата, придушени се реакциите на краткорочните очекувања за промена на курсот. Тоа им дава маневарски простор на монетарните власти.

Невозможна триологија[уреди]

Коегзистенцијата на режимот на фиксен девизен курс и контролата на движењето на капиталот може да биде повеќе од случајна. Контролата на движењето на капиталот им овозможува на земјите што учествуваат во аранжмани на фиксни девизни курсеви да сочуваат одредена монетарна автономија. Земји што користат контрола на движењето на капиталот се и оние со тенденција да имаат повисока инфлација. Навистина, контролата може да биде клучна за да се остварува правилно прилагодување на девизниот курс при нападите од страна на пазарот. Принципот на невозможна триологија истакнува дека следниве три каратеристики заедно се некомпатибилни:

  1. Целосна мобилност на капиталот
  2. Фиксен девизен курс
  3. Независност на монетрната политика.

Овој принцип дава моќен начин да се набљудуваат искуството и перспективата на EMS.Во раната фаза на EMS беше во можност да опстане заради посотењето контрола на движењето на капиталот. Во првата фаза тоа дозволуваше истовремено постоење на фиксни девизни курсеви и на одреден степен монетарна независнот, главно истовремено постоење на различни стапки на инфлација, компензирани преку периодични корекции на курсевите. Втората фаза беше обид под германско водство насекаде да се примени истата монетарна политка. Се додека економските околности не побараа поинаква политика, тоа беше релативно лесен начин за справување со невозможната триологија. Во текот на тој период контролата на движењето на капиталот беше напуштена. Сепак, шокот од германскотот обединување и светската рецесија од раните 1990-ти години, што ги зголеми трошоците од загубата на независноста на монетарната политика, го измени сето тоа. Кризата што уследи соодвестува со проблемите наметнати од обидите да се игнорира невозможната триологија. Усвоените решенија, слободното флуктирање во Италија и Велика Британија и широките маргини во другите земји кореспондираат со напуштањето на фиксниот девизен курс.

Европска монетарна унија без контрола на движењето на капиталот[уреди]

Штом ќе се отстрани контролата на движењето на капиталот, изборот се сведува или на единствената монетарна власт или на слободното флуктирање на девизниот курс. Искуството од 19921993 година покажува дека иксушението за монетарна независност, вклучително и ризикот од напади кои се оправдуваат самите себеси, го оштетува аранжманот на фиксен девизен курс. Веројатно беше неизбежно земјите што ја изгубија нивната монетарна неазвисност, но ги подржуваа фиксните девизни курсеви, би ја ставиле под прашалник валидноста на следењето на лидерството на Бундесбанка. Не е изнендаувачки што земјите кои се обврзаа да ја напуштат контролата на капиталот кон средината на 1980-ти години набро потоа да предложат создавање на европска монетарна унија. Не изненадува ниту тоа дека Бундесбанка изрази сомневање за итноста од преземање чекор што води кон поделба на нејзината неспорна контрола врз европската моентарна политика.

Европска монетарна унија[уреди]

На римсктот советување во 1989 година земјите во Европската унија формално се обврзаа да се движат кон монетрана унија. Спогодбта во Рим, документ што го означи почетокот на Европската унија во 1957 година, содржи одредби дека крајна цел на земјите потписнички е целосната економска и монетарна интеграција. Тоа беше дополнето во 1992 година за да се вклучи одлуката донесена во Мастрихт за усвојувње на единствена валута најдоцна до јануари 1999 година.

Теоријата за оптимална валутна зона[уреди]

Еден регион е оптимална валутна зона кога користи заедничка валута и тоа не создава загуба на благосостојбата. Она што е јасно е дека во нјаголемиот дел валутните зони се поклопуваат со националните граници. Веројатно заради тоа, националните влади се најпогодни за интерна употреба на информатвината екстерналија, која ја содржи имањето заедничка валута, што тие го прават преку јавното истакнување дека парите се јавно средство за плаќање. Тогаш кои се клучните каратеристики што дефинираат една оптимална валутна зона?Се сугерираат две главни каратерискитки.

Мобилност на факторите на производство[уреди]

Првиот критериум ја истакнува мобилноста на факторите на производство или брзината со која капиталот, работната сила и другите фактори на производство можат да се пресметуваат на други локации. Исклучувајќи ги ограничувањата во врска со стпанственоста, физичкиот капитал е мошне мобилен. Со текот на времето инвестициите се акумулираат во вистинското место, а успехот на програмата на Европската унија од 1992 година е потврда за тоа. Наспроти тоа, работната сила може да не биде толку мобилна. Најчесто истакнувана бариера за миграцијата е јазикот, како и различните обичаи, традиции и преференции. Владите можат и да применуваат политика што ја инхибира мобилноста на работната сила, преку регулирање на цените на станбениот простор и закупнините, субвенционирајќи индустрии во опсансот или давајќи бенефиции на невработените. Неефикасните пазари на недвижнини можат преместувањето да го направат скапо доколку тоа значи продавање и рефинансирање на недвижнините и деловните средства.

Заедничките шокови[уреди]

Вториот критериум за оптимална валутна зона се однесува на пореметувањата што можат да го зафатат еден град, регион или некоја држава.

Дали Европа е оптимална валутна зона?[уреди]

Двата аргимента сугерираат што би можело да се дефинира како оптимална валутна зона, особено во поглед на Европа. Сепак тешко е да се операционализира оваа дефиниција. Двата криетриума ни помагаат да разбереме засшто еден град е оптимална валутна зона, а светот како целина не е.

Кон монетарна унија[уреди]

Договорот од Мастрихт 1991 година и ратификуван од сите членки на Европската унија, ја постави основата за процесот кој води кон европска монетарна унија. Договорот дефинира три фази. Првата фаза започна со отсртанување на постојната контрола врз движењето на капиталот во јули 1990 година. Зголеменета интеграција на финансиските пазари требаше да доведе до преземање зголемена обврска за фиксните паритети во рамките на EMS и по можност до идно ограничување на дозволените маргини на флуктирање. Вотрата фаза започна 1994 година со основањето на Европскиот монетарен институт во Франкфурт. EMI ги подготвува практичните чекори неопходни за воспоставување интегриран систем на европски централни банки, вклучувајќи и делумно здружување на девизните резерви и развој на заеднички оперативни процедури. Покрај комисијата во Брисел, пролетта 1998 година EMI им предложи на шефовите на држави листа на земји што се подготвени за влез во EMU на 1 јануари 1999 година. Последната трета фаза започна со неотповикливо фиксирање на девизните курсеви меѓу земјите примени во монетарната унија. Тоа е придружено со создавање европски систем на централни банки. Во центарот на овој систем е европската централна банка, која одржува монетарна политика во рамките на EMU. Националните централни банки опсатнуваат како локлани банки подружници, главно задолжени за супервизија над банките и за оперативни аспекти.

Критериумите на конвергенција[уреди]

Критериумите на конвергенција мораат да бидат задоволени пред било која земја да влезе во монетранта унија. Петте главни критериуми се:

  1. Инфлацијата на земјата членка не смее да го надмине просекот на стапките на инфлација на трите земји со најниска инфлација во EMS,зголемен за 1,5 %.
  2. Долгорочната каматна стапка не смее да го надмине просекот од трите земји со најниска стапка на инфлација зголемен за 2 %.
  3. Девизниот курс мора да биде во нормланите маргини на ERM без девалвација, барем во последните две години.
  4. Јавниот долг не смее да надмине 60 % од БДП. 5.Буџетскиот дефицит не смее да надмине 30 % од БДП.

Наводи[уреди]

  1. Макроекономија- Европски текст -Мајкл Бурда и Чарлс Виплоц

Надворешни врски[уреди]