Гимараис (Португалија), европски главен град на културата за 2012
Лент, стариот дел на
Марибор (Словенија). Марибор е европски главен град на културата за 2012 заедно со Гимараис.
Европски главен град на културата е град назначен од Европската Унија за период од една календарска година, во која се организираат серија културни настани со силна европска димензија.
Подготовката за европски главен град на културата може да биде можност за градот да стекне значителни културни, општествени и економски користи и може да помогне во урбаната регенерација, менувањето на градскиот углед и подигнување на неговата видливост и профилот на меѓународната сцена.
Во 1985, поранешната актерка Мелина Меркури, тогашна грчка министерка за култура и нејзиниот француски колега Жак Ланг дојдоа до идеја за одредување годишен град на културата со цел донесување истакнување на богатството и разновидноста на европските култури и подигнувањето на свеста за нивнита заедничка историја и вредности.
Комисијата на Европската Унија управува со насловот и секоја година Советот на министри на Европската Унија формално назначува европски главен град на културата: повеќе од 40 градови досега се назначени.
Меѓународна комисија на културни експерти е задолжена за оценување на предлозите од градовите за титулата во согласност со критериумите одредени од Европската Унија.
Студија од 2004 година од Роберт Палмер за Европската комисија, покажала дека изборот на европски главен град на културата служи како катализатор за развојот на културата и трансформацијата на градот.[1] Како резултат на тоа, корисниот социо-еконоски развој и влијание за избраниот град сега се смета во одредувањето на избрани градови.
[уреди] Историја
Програмата европски главен град на културата првично била наречена европски град на културата и била замислена во 1983 од Мелина Меркури, тогашна грчка министерка за култура. Меркури верували, дека на културата не ѝ се дава истото вниание како на политиката и еконоија и проектот за промовирање на европските култури во рамките на земјите-членки требало да започне. Програмата европски град на културата била отпочната во летото 1985 со Атина како нејзин прв носител. Во текот на германското Претседателство во 1999, програмата европски град на културата била преименувана во Европски главен град на културата.
[уреди] Список на европски градови/главни градови на културата
| ЕУ главни градови на културата |
|
|
[уреди] Минати години
- 1985:
Атина
- 1986:
Фиренца
- 1987:
Амстердам
- 1988:
Берлин
- 1989:
Париз
- 1990:
Глазгов
- 1991:
Даблин
- 1992:
Мадрид
- 1993:
Антверпен
- 1994:
Лисабон
- 1995:
Луксембург
- 1996:
Копенхаген
- 1997:
Солун
- 1998:
Стокхолм
- 1999:
Вајмар
- 2000:
Авињон,
Берген,
Болоња,
Брисел,
Хелсинки,
Краков,
Прага,
Рејкјавик,
Сантијаго де Компостела
- 2001:
Ротердам,
Порто
- 2002:
Бруг,
Саламанка
- 2003:
Грац
- 2004:
Ѓенова,
Лил
- 2005:
Корк
- 2006:
Патра
- 2007:
Сибиу,
Луксембург,
Поголем регион
- 2008:
Ливерпул,
Ставангер
- 2009:
Вилниус
Линц
- 2010:
Есен (претставувајќи го Рур),
Истанбул,
Печуј
- 2011:
Турку,
Талин
Според официјалната веб-страница на ЕУ.[2] Градовите и државите од 2020 и 2029 не се точно одредени.
[уреди] Моментални градови
Гимараис, Гимараис 2012
Марибор, Марибор 2012
[уреди] Идни градови
Доностија-Сан Себастијан и Вроцлав биле предложени за овој настан во овие две земји-членки соодветно. Тие официјално треба да бидат назначени од Советот на министри во мај 2012.
Земји-членки во кои треба да се одржува овој настан помеѓу 2017 и 2019 се следниве (натпреварувањето ќе биде организирано во следните години во рамките на овие држави за тоа кои градови ќе ја понесат титулата):
За назначување на кандидати за годините по 2019 сè уште не е одлучено.
[уреди] Поврзано
- García, B. (2005) “De-constructing the City of Culture: The long term cultural legacies of Glasgow 1990”, in: Review Issue of Urban Studies (vol. 42, No. 5/6, pp. 1–28).
- García, B. (2004) “Cultural Policy in European Cities: Lessons from Experience, Prospects for the Future”, in: Special edition on Cultural Policy and Regeneration, Local Economy (vol 19, No. 4, pp. 312–326).
- García, B. (2004) “Urban Regeneration, Arts Programming and Major events: Glasgow 1990, Sydney 2000 and Barcelona 2004”, in: Gibson, L. & Stevenson, D. (Eds) Special Issue of the International Journal of Cultural Policy: Urban Space and the Uses of Culture (vol 10, No. 1, pp. 103–118).
[уреди] Надворешни врски
- Моментални градови
- Минати градови
- Идни градови
- Потенцијални европски градови на културата
|
Европски главни градови на културата |
|
|
|
|