Европски бурник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европски бурник
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Цевконосни
Фамилија: Hydrobatidae
Потфамилија: Hydrobatinae
Род: Hydrobates
F. Boie, 1822
Вид: H. pelagicus
Биномен назив
Hydrobates pelagicus
(Linnaeus, 1758)

Европската бурница (Hydrobates pelagicus) е мала птица од фамилијата бурници, (Hydrobatidae), дел од морските птици, од редот на цевконосните. Таа е единствениот член од родот Hydrobates. Според списокот на „Авибазата“ на Denis Lepage, оваа птица ја има во Македонија, но нејзиното присуство не е посведочено.

Опис[уреди]

Бурницата е мала птица, со темни перја и бела задница. Таа е 15-16 cm долга со 38-42 cm распон на крилја. Таа се разликува од останатите бурници со своите помали димензии, различната задница и начин на летање.

Распространетост[уреди]

Европскиот бурник се гнезди на недостапните острови во северниот Атлантик и западниот Медитеран, со основна популација во западна Ирска, северозападна Шкотска, а светски најголемата колонија се гнезди на еден од островите на Фарските Острови. Најголемата колонија, пак, во Медитеранот се наоѓа на еден од островите на Малта, каде постојат околу 5000 парови. Таму живеат исклучиво вон сезоната за парење, и ова, како и недостапните острови на гнездење, придонесуваат европските бурници да бидат птици кои не можат да се видат. Само силните атлантски бури може да ги натераат да се засолнат на `ртовите на југозападна Ирска и Англија.

Однесување[уреди]

Гнездење[уреди]

Европскиот бурник се гнезди во колонии блиску до морето, најчесто во дупки, јами или во пукнатини од карпи. Снесуваат само по едно бело јајце. Размножувањето им е во ноќните часови за да го избегнат грабливиот напад од галебите и поморниците. Тие, исто така, избегнуваат да слетаат на копно кога месечината осветлува. Како повеќето бурници, нивната способност за движење на копно е ограничена и се сведува на брзо повлекување кон засолништето.

Хранење[уреди]

Овој вид има растреперен лет и тапкаат по површината на водата собирајќи храна од површината на океанот. Може да ги видиме од брод, зашто го следат. Птичарите ги намамуваат со специјален мамец кој содржи остатоци од риби, рибино масло, пченка и разни ароми, па дотогаш речиси празниот океан ќе биде исполнет со стотици вакви птици.

Меѓу народот[уреди]

Овие птици им се познати на морнарите и се верува дека тие се предвесници на невреме. Нивното најкористено народно име во Англија е „пилето на Мајка Кери“.[1] Мајката Кери е фантастичен лик, кој е измислен во 19 век од страна на морнарите и кој го претставува морето. Некогаш се верувало дека овие птици се душите на морнарите премрзнати од студ. [2]

Наводи[уреди]

  1. Cooper, JC (1992). „Symbolic and Mythological Animals“. London: Aquarian Press. стр. 218. ISBN 1-85538-118-4. 
  2. See the entry in the South Seas Companion

Надворешни врски[уреди]