Европска фармакопеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Европската фармакопеја (Ph. Eur.) на Советот на Европа е фармакопеја, која препишува голем број на активни супстанци и ексципиенси кои се користат за подготовка на фармацевтски производи во Европа. Таа вклучува повеќе од 2000 специфични и општи монографии, за повеќе супстанци како: антибиотици, биолошки супстанци, вакцини за хумана и ветеринарна употреба, имуносеруми, радиофармацевтски препарати, хербални дроги, хомеопатски препарати.

Земји во кои Европската фармакопеја е официјална фармакопеја

Моментално Комисијата за Европска фармакопеја има 37 земји-членки: Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка Република, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Република Македонија, Турција, Велика Британија и Европската Унија [1].
Во овие земји и Европската Унија Ph. Eur. е официјална фармакопеја.

Република Македонија стана член на Комисијата за Европска фармакопеја во 1994 година на нејзиното 89 заседание во Стразбур со потпишување на Конвенцијата за Европска фармакопеја и оттогаш официјална фармакопеја во Македонија е Европската.

Изданија[уреди]

Од 5-то издание Европската фармакопеја се објавува во 2 дела. Делот 1 содржи општи поглавја (на пр. дозажни форми, методи за анализа, реагенси), а делот 2 ги содржи монографиите за супстанците.

  • 1-во издание: објавено во 1967
  • 2-ро издание: објавено во 1980
  • 3-то издание: објавено во 1997
  • 4-то издание: објавено во 2001, валидно од 1 јануари 2002
  • 5-то издание: објавено на 15 јуни 2004, валидно од 1 јануари 2005
  • 6-то издание: објавено на 16 јули 2007, валидно од 1 јануари 2008
  • 7-то издание: објавено во јули 2010, валидно од 1 јануари 2011 [2]

Наводи[уреди]