Европска служба за надворешно дејствување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС или ЕАС) е единствената служба на Европската унија (ЕУ) којашто е основана по стапувањето во сила на Лисабонскиот договор на 1 декември 2009 година. Таа официјално започна да функционира на 1 декември 2010 година и служи како Министерство за надворешни работи и дипломатски претставништва на ЕУ, а воедно ја спроведува и Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ како и други области од нејзината надворешната застапеност. ЕЕАС е под надлежност на Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, функција којашто, исто така, произлегува од Лисабонскиот договор. ЕЕАС е надлежна за тоа како ЕУ се справува со кризите, има разузнавачки способности и соработува со Комисијата во области за коишто имаат еднаква надлежност. Сепак, иако Високиот претстваник и ЕЕАС можат да предлагаат и спроведуваат политики, тие го немаат крајниот збор бидејќи за тоа е надлежен Советот за надворешни работи со којшто претседава Високиот претставник. ЕЕАС е единствена и независна од другите институции на ЕУ, а е формирана со спојување на Секторите за надворешни врски на Советот и Европската комисија. Сепак, таа заседава надвор од овие институции, а, исто така, има и свој независен буџет.

Историја[уреди]

ЕЕАС за првпат беше вклучена во Европскиот устав, којшто не успеа, па затоа се сметаше дека Секторите за надворешни врски на ЕУ се неопходни за подршка на предложената функција за Висок претставник. Чарлс Грант, директор на Центарот за европска реформа, вели дека без овие сектори, ЕУ би била исто како „диригент без оркестар или попрецизно, диригент којшто се обидува да им диригира на два различни оркестри истовремено“.По отфрлањето на Уставот, промените беа обновени во Лисабонскиот договор којшто стапи во сила во 2009 година. Мандатот на Службата за надворешно дејствување е утврден со член 13а-III од Лисабонскиот договор (Договорот за Европска унија, член 27) и гласи вака:

“При исполнување на својот мандат, работата на Високиот претставник ќе биде потпомогната од Европската служба за надворешно дејствување. Оваа служба ќе работи во согласност со дипломатските служби на земјите-членки и се состои од претставници на соодветните институции од Генералниот секретаријат на Советот , Комисијата како и вработените подржани од нивните национални дипломатски служби. Организацијата и функционирањето на Европската служба за надворешно дејствување се утврдува со одлука на Советот. Советот постапува по предлог на Високиот претставник по консултациите со Европскиот парламент и откако ќе добие согласност од Комисијата.”

Пред договорот да стапи во сила, Кетрин Ештон беше именувана за Висок претставник (ВП) со задача да ја изготви структурата на новата ЕЕАС. По земјотресот во Хаити во 2010 година, Аштон претседаваше на средбата за чинителите на надворешната политика помеѓу Комисјата, Советот и земјите-членки со цел да се даде координиран одговор на катасртрофата. Иако таа не сакаше да го опише тоа како прв акт на службата за надворешно дејствување, Аштон нагласи дека тоа беше првата координација, којашто дотогаш беше постигната, помеѓу бројните чинители на надворешната политика на ЕУ. Во текот на првата половина од 2010 година, Аштон се бореше за постигнување договор помеѓу Советот, Парламентот и Комисијата во врска со иднината на ЕЕАС. Комисијата сакаше да задржи што е можно повеќе надлежности (трговија, развој, проширување, претставување и тн) додека Парламентот се бореше да добие што е можно поголем надзор врз ЕЕАС барајќи остар надзор и набљудување на состаноците и буџетот. Парламентот ја отстрани последната пречка за планот на 8 јули кога пратениците ја изгласаа службата со 540 гласови „за“ и 78 гласови „против“ и 17 „воздржани“. Советот го одобри трансферот на сектори во ЕАС на 20 јули. Се додека ЕЕАС не започне со својата работа, Ештон имаше подршка од само окулу 30 луѓе во зградата „Берлмон“. ЕЕАС официјално беше промовирана и започна со работа во седиштето на Комисијата на настанот одржан на 1 декември 2010 година.

Организација[уреди]

ЕЕАС управува со општите надворешни односи, безбедноста и одбраната на политиките и има контрола врз Центарот за разузнавање. Сепак, иако ВП и ЕЕАС можат да подготвуваат иницијативи, земјите-членки ја имаат последната одлука додека Комисијата игра, исто така, важна улога во нивното техничко спроведување. ВП поднесува извештај до Европскиот парламент. ЕЕАС има одделенија посветени за секоја земја-членка и регионална организација во светот како и специјализирани единици за демократија, човекови права и одбрана. ЕЕАС има шест географски сектори на чие чело стои генерален директор. Секторите го делат светот на: 1. Африка; 2. Азија; 3. Америка; 4. Блискиот исток и јужното соседство; 5. Русија, соседните земји на исток и земјите од Западен Балкан; и 6.Глобални и мултилатерални прашања. Географските сектори не се удвојуваат во Комисијата. ЕЕАС, исто така, има и сектори за безбедност, стратешко планирање на политиката, правни работи, меѓуинституционални односи, информации и јавна дипломатија, внатрешна ревизија и инспекции, како и заштита на личните податоци.

Префрлени сектори[уреди]

Следните сектори се пренесени од Комисјата или Советот во Службата за надворешно дејствување:

Од Секторот за политика (Советот):

- Заедничка безбедносна и одбранбена политика и структури за управување со кризи

- Справување со кризи и Управа за планирање

- Цивилно планирање и реализација на можности

- Воен штаб на Европската унија

- Сектори под директна надлежност на Генералниот директорат на Воениот штаб на Европската унија

- Управа за концепти и можности

- Управа за разузнавање

- Управа за работењето

- Управа за логистика

- Управа за комуникации и информатички системи

- Центар за разузнавање на ЕУ (освен персоналот на управното тело за безбедносна акредитација)

Генерален директорат Д (Советот)

- Лица под директна надлежност на Генралниот директорат

- Управа за Јужна и Северна Америка и за Обединетите нации

- Управа за земјите од Западен Балкан, Источна Европа и Централна Азија

- Управа за неширење на оружје за масивно уништување

- Управа за парламентарни прашања во областа на Заедничката надворешна и безбедносна политика

- Канцеларија за врски во Њу Јорк

- Канцеларија за врски во Женева

Претставници на Генералниот секретаријат на Советот за подржување на Специјалните претставници на Европската унија и одбранбените мисии.

Генерален директорат за надворешни односи (Комисијата)

- Сите хиерархиски функции и помошниот персонал директно се поврзан со нив

- Директорат А (Кризна платформа и координација на политиката на Заедничката надворешна и безбедносна политика)

- Директорат Б (Мултилатерални односи и човекови права)

- Директорат В (Северна Америка, Источна Азија, Австралија, Нов Зеланд, ЕЕА, ЕФТА, Сан Марино, Андора, Монако)

- Директорат Г (Европска политика за координација на соседството)

- Директорат Д (Источна Европа, Јужен Кавказ, Републики на централна Азија)

- Директорат Ѓ (Блискиот Исток, Јужниот медитеран)

- Директорат Е (Латинска Америка)

- Директорат Ж (Азија, со исклучок на Јапонија и Кореја)

- Директорат З (Ресурси на штабовите, информации, меѓуинституционални односи)

- Директорат И (Надворешна служба)

- Директорат Ј (Стратегија, координација и анализа)

- Работна група за Источното партнерство

- Оддел Relex-01 (ревизија)

Освен за персоналот одговорен за управување со финансиските инструменти или за исплата на плати и надоместоци на вработените во делегациите

Надворешна служба (Комисијата – делегациите)

- Сите шефови на делегации, заменик-шефови на делегации како и помошен персонал директно поврзан со нив

- Сите политички сектори или вработени

- Сите информации и сектори за јавна дипломатија и вработени

-Сите управни сектори

Освен за вработените одговорни за спроведување на финансиските инструменти.

Генерален директорат за развој (Комисијата)

- Директорат Г (Група на земји од Африка, Карибите и Пацификот II - западна и централна Африка, Карибите и ОКТ) со исклучок на работната група на ОКТ

- Директорат Д (Африканскиот рог во Североисточна Африка, Источна и Јужна Африка, Индискиот и Тихиот океан)

- Сектор В2 (Група на земји од Африка, Карибите и Пацификот I: Програмирање на финансиска помош и управување): Персонал одговорен за програмирање

- Сектор В2 (Пан-африкански прашања и институции, владеење и миграции): Персонал одговорен за Пан-африканските односи:

- Применливи хиерархиски функции и помошен персонал директно поврзан со нив

Персонал[уреди]

Персоналот го сочинуваат Комисијата, Советот и Дипломатските претставништва на земјите-членки коишто привремено се прераспределуваат. Високиот претставник е надлежен за назначување на персоналот. Не постојат национални квоти за персоналот од 1100 членови кадешто максимум 40% од членовите се од земјите-членки. Остатокот се постојани членови и во главном тоа се поранешни членови на Комисијата. Ова делумно се должи на потребата да се воспостави заедничка дипломатска култура како и на поттикнувачките повици за Европска дипломатска академија. На 1 јануари 2011 година, првите вработени биле пермаментно префрлени во Европската служба за надворешно дејствување: 585 членови од Генералниот директорат на Комисијата за надворешни односи (којшто повеќе не постои), 93 членови од Генералниот директорат на Комисијата за развој (остатокот се спои со Генералниот директорат за развој и соработка), 436 членови од делегациите на Комисијата и 411 членови од Советот на ЕУ. Со 118 нови работни места, овие членови се приклучија за да се формира персонал од 1643 вработени на денот на префрлувањето. Персоналот ги ужива истите права и привилегии без разлика дали тие доаѓаат од Комисјата, Советот или од Владите на земјите-членки. Постои можност, особено со документите на германската надворешна политика коишто излегоа во јавност, дека целата структура на Европската служба за надворешно дејствувавње потпаѓа под влијание на В. Британија. Се смета дека Високиот претставник Ештон е отворена за влијание од Лондон и дека голем број од британскиот персонал со високо рангирани државни функции се веќе подготвени да ги заземат врвните работни места во службата. Од вкупно 13 членови на управната група за формирање на службата, 3 се од Велика Британија додека само еден е од Германија.

Високи работни позиции[уреди]

Додека Високиот претставник ја спроведува „шатл дипломатијата“ а специјалните претставници директно ја известуваат, со секојдневната администрација на службата ќе управува Извршниот генерален секретар.

„Со Европската служба ќе управува Извршниот генерален сектретар којшто ќе функционира под овластување на Високиот претставник. Извршниот генерален сектретар ќе ги презема сите неопходни мерки со цел да се обезбеди урамнотежено функционирање на службата, вклучувајќи го и нејзиниот административен и буџетски менаџмент. Извршниот генерален сектретар ќе обезбедува ефективна соработка меѓу сите сектори во централната администрација како и со Унијата на делегациите.“ — преглед на Договорот на Советот за обврските на Извршниот генерален секретар.

Генералниот сектретар има двајца заменици. Првиот се занимава со административните работи (како што се координација и соработка со Комисијата) додека другиот го потпомага креирањето на надворешната политика. Сепак, според последните согласувања, Високиот претсавник може да биде заменуван од страна на сооедветен Комесар или министер за надворешни работи којшто го има ротирачкото претседателство на Советот. Генералниот секретар ќе ги надгледува автономните сектори како што се Центарот за состојби, воениот персонал, внатрешната безбедносна единица, сектор за ревизија, и сектор за комуникации и врски со институциите на ЕУ. Главниот сектор се занимава со буџетот и администрацијата како и со управување на шесте директори коишто управуваат со секторите (види организација).

Објавени работни позиции: Работна позиција носител држава објавен Генерален секретар Пјер Вимонт Франција 25 октомври 2010 година Заменик генерален секретар (политика) Хелга Шмид Германија 29 октомври 2010 година Заменик генерален секретар (координација и соработка) Мачеј Поповски Полска 29 октомври 2010 година Генерален директор Дејвид О`Саливен Ирска 25 октомври 2010 година Управен директор за Азија Виорел Истициоаиа Будур Романија 21 октомври 2010 година Управен директор за Африка Никола Вестокот Обединетото кралство 6 јануари 2011 година Управен директор за Русија, соседните источни земји и земјите од Западен Балкан Мирослав Лајчак Словачка 14 декември 2010 година Управен директор за Блискиот Исток и соседните јужни земји Иг Мингарели Франција 21 декември 2010 година Управен директор за Америка Кристијан Лефлер Шведска 14 декември 2010 година Управен директор за глобални и мултилатерални прашања Не е објавен Директор на Центарот за состојби на ЕУ Илка Салми Финска 17 декември 2010 година Извршен директор на Европската агенција за одбрана Клод-Франција Арнулд Франција 6 јануари 2011 година

Освен тоа, Аштон ги назначи и Роберт Купер за советник на службата и д-р Агостино Миозо за управен директор за справување со криза и оперативна координација.

Делегации[уреди]

Поранешните претставништва на Комисијата потпаѓаат под Европската служба за надворешно дејствување како амбасади на ЕУ (иако според Лисабонскиот договор тие се дел од ЕУ, Комисијата не сакаше да го задржи управувањето со нив). Покрај тоа, делегациите ќе ги подржат посетите на членовите на Европскиот парламент, а шефовите на делегациите ќе расправаат во Парламентот (без право на вето) и се на располагање на Парламентот за прашања коишто се однесуваат на земјата со којашто се занимаваат. Делегации на ЕУ има во скоро секоја земја-членка на ОН. Секој шеф на делегација е Амбасадор на ЕУ (назначен од Високиот комесар). На 1 јуни 2010 година, сите поранешни делегации на Европската комисија беа преименувани во делегации на ЕУ и постепено се унапредуваа во амбасади – тип мисии коишто применуваат поголеми овластувања од нормалните делегации. Овие унапредени делегации го преземаа ротирачкото претседателтсво со Советот на Европската унија, коешто претходно го спроведуваа националните амбасади, и се споија со независни делегации на Советот од целиот свет. Преку ова, делегациите на ЕУ ја преземаа улогата за координирање на националните амбасади и говорење за ЕУ како целина, а не само како Комисија. Првата делегација беше унапредена во Вашингтон, а за нов амбасадор беше назначен Жоао Вале де Алмеида којшто даде краток преглед за својата нова власт говорејќи истовремено и за претседателите на Комисијата и Советот и за земјите-членки. Тој ќе биде одговорен за прашањата од заеднички интерес на сите земји-членки, како што се билатералните прашања, но, сепак нема да има предност во однос на националните амбасадори. Се очекува да се унапредат сите делегации до крајот на 2010 година. Некои земји-членки можеби ќе одлучат да работат со новите делегации на ЕУ како и да ги затворат некои од нивните мали национални амбасади. Сепак, Франција најави дека ќе ја одржи својата мрежа низ светот за сега.

Буџет[уреди]

Високиот претставник го предлага и управува со буџетот на Европската служба за надворешно дејствување којшто секоја година го одобрува Парламентот. Парлементот, исто така, го ревидира буџетот на секое претставништво на ЕУ. Надзорот на парламентот би ставило крај на долгодишниот џентламенски договор каде Парламентот и Советот не вршат меѓусебен преглед врз своите буџети. Почетниот буџет за 2010 година е 9 500 000 евра и доколку е целосно функционален може да порасне до 3 милијарди евра.

Надзор на Парламентот[уреди]

Парламентот се бореше да го добие надзорот врз Европската служба за надворешно дејствување со цел Европратениците да можат да ги разгледаат крајните буџетски планови и потоа да ги одобрат или отфрлат. Парламентот, освен тоа што има силен буџетски надзор, треба да се консултира и за прекуокеанските претставништва. Покрај тоа, Европратениците имаат и неформални состаноци видни амбасади во странство и имаат пристап до некои доверливи документи на Европската служба за надворешно дејствување.

Разузнавање и безбедност[уреди]

Како дел од спојувањето, ќе се спојат и службите за разузнавање во Комисијата и Советот. Овие служби се Центарот за состојби и Центарот за заштита на способностите при Советот и Кризната соба при Комисијата. Центарот за состојби има 110 вработени и располага со разузнавачки аналитичари од земјите-членки коишто извлекуваат доверливи информации со цел да се постигнат прецизни извештаи на теми од голема важност. Центарот, исто така, располага со биро за набљудување коешто работи 24 часа секој ден, а се заснова врз јавните изворите за да ги ажурира дипломатите на ЕУ за актуелните случувања преку смс пораки. Центарот за заштита на способностите е составен од 12 полициски и воени офицери коишто собираат вести од прекуокеанските претставништва на ЕУ. Кризната соба на Комисијата ја водат шест функционери на Комисијата коишто водат ограничено известување на интернет за актуелните новости на 118 активни конфликти низ светот засновани врз отворени извори и вести од амбасадите на ЕУ. Тие користат научна алатка којашто вклучува анализа и софтвер којшто ги скенира имињата и клулните зборови на глобалните телевизиски емитувања. На почетокот на 2010 година, деталите за плановите на ново споените служби за разузнавање сеуште не беа јасни но нема да се преземат прикриени дејствувања по примерот на националните агенции за разузнавање и покрај предлозите на Белгија и Австрија по бомбандирањето на воз во Мадрид во 2004 година. Центарот за состојби и Кризната соба ќе се спојат и на нивна чело ќе биде Високиот претставник. Седиштето на оваа нова институција ќе биде во близината на канцеларијата на Високиот претсваник и со неа ќе управува генерален директор и персонал од окулу 160 луѓе како и буџет од 10 до 20 милиони евра годишно. Меѓу другото, персоналот ќе го сочинуваат и информатичари, научници, тактичари и тајни агенти за разузнавање. Оваа институција ќе испраќа луѓе во кризните зони за да собирата информации и ќе бидат во постојан контакт со делегациите на ЕУ низ светот. Тоа би било од огромна и исклучителна важност за Високиот претсваник бидејќи во итни случаи нема да мора прво да се помине преку Комитетот за политика и безбедност при Советот. Во меѓувреме, Аштон назначи таен агент за безбедност од Полска да ја води работната група којашто ја изработува безбедноста архитектура на Европската служба за надворешно дејствување, а особено физичкото безбедување на зградата на Европската служба и нејзината мрежа на комуникација со нејзините амбасадите. Се смета дека тоа е особено важно бидејќи како што е споменато погоре управувањето со оваа служба е рационално и стравува од шпионажа од Кина и Русија. Во септември 2010 година, институциите на ЕУ објавија и реклами за три работни места во Европската служба за надворешно дејствување. Едно место за распоредување во странство, едно за мултилингвален истражувач на интерне и едно за следење на јавните и доверливи извори на информации. Рекламите повеќе ја искажуваа идната работа на овој сектор, особено дека од новиот директор се очекува да патува низ светските жаришта. Директорот на Центарот за состојби беше назначен во декември 2010 година, а тоа е шефот за безбедност од Финска - Илка Салми.

Задачи на Комисијата[уреди]

Европската Комисија успеа да ја задржи контролата врз надлежностите во финансиската помош (и годишен буџет од 5 милијарди евра), развојот, енергијата и проширувањето. Тоа им овозможува на Комесарите да ги предводат овие области и да го заменуваат Високиот претставник кога е потребно, а одлуките ќе мора да се донесуваат заедно со Високиот претставник и со колегиумот на Комесарите. Сепак, нацрт-планот на Аштон за Европската служба за надворешно дејствување вклучува и предлози за тоа службата да преземе одговорност за добрососедската политика (за што моментално е назначен Комесарот за проширување). Со помош на компромис со Комисијата, бешпе договорено да се подели равојот така што Европската служба ќе преземе три од пет планирани циклуси од Комисијата.

Следните Генерални директорати и Комесари не се споени и за одлуките во овие области потребно е одобрение од колегиумот на Комесарите:

- Европска помош за развој и соработка: Комесар за меѓународна соработка, хуманитарна помош и справување со криза, Кристалина Георгиева.

- Генерален директорат за проширување: Комесар за проширување, Штефан Фуле.

- Генерален директорат за трговија: Комесар за трговија, Карел де Гихт.

- Генерален директорат за енергија: Комесар за енергија, Гинтер Оетингер.

- Служба за инструментите на надворешната политика

Локација[уреди]

Седиштето на Европската служба за надворешно дејствување се наоѓа во Триаголната зграда (уште позната како Главна зграда или зградата Акса) кај Шумановиот кружен тек во срцето на седиштето на ЕУ, Брисел. Зградата е земена под наем од 12 милиони фунти годишно. Пред персоналот да се пресели во оваа зграда, бил сместен во шест одделни згради за кои се плаќало наем од 25 милиони евра годишно. Европската служба за надворешно дејствување ги изнајмува поголемиот дел од зградите кадешто останатиот простор го пополнуваат бројните оддели на Комисијата. Европската канцеларија за избор на персонал (ЕПСО) зема дел од зградата уште во јули 2010 година. Првично, се сметаше дека Европската служба ќе ја преземе зградата „Карло Велики“ на улицата „Ру де ла лоа“ кадешто беше сместен сега веќе непостоечкиот Генерален директорат за надворешни врски. Сепак, се сметаше дека таа зграда е премногу мала и дека ќе биде премногу тесно поврзана со Генералниот директорат за надворешни врски (тоа би било против имиџот на Европската служба како една единствнеа и независна институција) како и дека потребно е долг период за да се реновира. Исто така беше предложена и дека Европската служба може да ја преземе зградата „Лекс“. Сепак, поради трошоците и безбедносните причини, Аштон беше повеќе за тоа да се преземе зградата „Лекс“ којашто може да се изнајми од Советот на пониска стапка и која веќе има безбедност на високо ниво врз подземните возови коишто ги поврзуваат Комисијата и зградите на Советот. Сепак, со цел да се преземе зградата, потребна е подготвеност од страна на персоналот на Советот да ја напуштат пваа зграда и да се зголеми буџетот на Советот така што тие би можеле да најдат нови простории. Поради неподготвеноста на персоналот во Лекс за менување на просториите, Аштон ја одбра Триаголната зграда во октомври 2010 година.