Европска лазачка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европска лазачка
Мажјак
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Лазачки
Род: Лазачки
Вид: Европска лазачка
Биномен назив
Sitta europaea
Linnaeus, 1758

Европската лазачка (науч. Sitta europaea) е мала врапчевидна птица од фамилијата на лазачките, распространета низ умерена Европа и Азија. Оваа птица е најчеста и најраспространета од лазачките. Ја има и во Македонија.

Опис[уреди]

Европска лазачка во зима.
(Гледај со висока резолуција)

Европската лазачка е долга околу 14 см, со типична голема глава, кратка опашка и силни клун и нозе. Одозгора е синосива со црни линии врз очите. Азиските и северноевропските птици се бели одоздола, и костенливи кај задникот. Западноевропските подвидови се со црвеникави долни делови. Младенчињата се „исплакнати“ верзии на возрасните.

Однесување[уреди]

Птицата е постојан жител на шумите и парковите, со постари дрвја за гнездење. Се храни со инсекти и семиња. Европската лазачка има способност, освен да се качува, и да се симнува по вертикалните површини. Другите видови, како клукајдрвците, карполазачките, ползачките можат да се движат само нагоре, но не и надолу. Лазачките се единствени што го можат тоа. Кога ја земаат понудената храна од луѓето, тие се многу агресивни кон другите птици и ги бркаат.

Гнездото го сместуваат во дупки или пукнатини и го обложуваат со струготинки или трева. Влезот, пак, го подзатвараат со уредно изѕидан ѕид од кал. Несат 5-8 бели јајца испрскани со црвени точки.

Ова е бучна птица, лесно лоцирана од нејзиното повторувачко туи-туи-туи огласување.


Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]