Европа-Парк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Европа-Парк[уреди]

Europapark Rust.JL.jpg

Локација Руст, Германија

Адреса Ул.Европа Парк 2 Руст, 77977

Веб-страна www.europapark.de

Сопственик Фамилијата Мек

Отворен 1975

Работна сезона Од април до октомври и од декември до јануари

Површина 850.000 m²

Железници Вкупно 54

               10 брзи железници 
               5 водени железници



Европа-Парк е моментално најпопуларен забавен парк во Германија.Со 4 милијони посетители во 2009 година , тој представува еден од најпосетените сезонски забавни паркови во светот и се наоѓа веднаш под Дизниленд Париз (што е отворен преку целата година) во Европа. Европа-Парк се наоѓа во Руст, во југо-западниот дел од Германија помеѓу Фрајбург и Стразбур. Тој вообичаено е отворен некаде пред Велигден до почетокот на ноември (во летната сеозна) и од почетокот на декември до втората недела од јануари (во зимската сезона). Паркот е поделен во 15 различни подрачја, најчесто именувани по европските земји или региони. Маскотата на паркот е сив глушец, наречен „Евромаус“ и покрај тоа што има над десеттина други ликови кои „живеат“ во паркот.

Европа-Парк е предводен од страна на фамилијата Мек кои произведуваат железници уште од 1780 година, циркус вагони од 1880 година и брзи железници од 1921 година. Паркот е отворен во 1975 година и имал за задача да биде како пример за многу различни модели на железници – како на пример, Маус брзата железница. Компанијата за забавни возила сега се вика МЕК Рајдс. Ова објаснува зошто паркот има два модела на водени железници (еден супер разбранувачки модел) и представува дом за еден од моделите на Евро-Мир. Еден од неколкуте железници кој е наспроти овие правила е релативно новата Силвер Стар наднормална железница, дизајнирана од страна на Б&М од Швајцарија. Најверојатно тоа е така поради тоа што Мек сѐ уште нема понуда за модел на наднормална железница, и покрај тоа што сега се изработуваат повисоки и побрзи луди железници.

Паркот представува дом на 10 луди железници, на најстариот подземен воз Алпенекспрес, кадешто електрична железница поминува низ дијамантски тунел, во кој има оган и чад, и најновата железница Блу Фајр која се состои од кратко возење во темно, во енергетско-истражувачки оклоп пред да достигне 100kph низ различни кривини, кругови, тунели и ридови.

Заедно со паркот и железниците, Европа-Парк исто така представува огромен ресорт. Нуди 4 хотели, гостинска куќа, село и место за кампување. Најголемиот хотел е наречен Колосео што во себе вклучува рекреација од римските колосеуми.

Во паркот исто така има многу дневни представи, како што е Ледената представа, представа на гладијатори, акробатска представа во италијански театар и совршена рекреација на театар за земјината топка, базирана врз онаа на Вилијам Шекспир. Магичното 4D кино е отворено ноќта и прикажува блокбастери од денешницата.

Усовршувања и иднината[уреди]

По рушењето на рекордот во сезоната од 2009 година со воведувањето на Блу Фајр, паркот отвори неколку нови атракции за 2010 година со многу пофамилијарен фокус. Во рамките на исландските подрачја на паркот, водениот судир на железниците на Мек доведе до сличен судир на шпанците на Кулата Алтон во Англија. Се должи на темата од риболовното пристаниште и е наречен „Големите авантури: водени патувања“. Исто така има ново интерактивно игралиште во вода наречено „Островот Литил“. Покрај тоа, на островот беше отворен нов Газпром спонзориран од авантуристичките сали во кои има интерактивни изложби, тоалети, кафе бар и нов влез во Блу Фајр – кој исто така е спонзориран од страна на компанијата Гас. Паркот исто така ја прошири помалата од двете атракции на едношински пруги во исландските подрачја и ја обнови со нови тематски станици. Понатамошни усовршувања за 2010 година беа во Европа-Парк Хисторама при што беа заменети ласерскиот театар за патување низ времето, проширеното село, новите ресторани во португалските подрачја, промени во италјанско/француските продавници за кетеринг и подредување на сите нови представи низ сите патишта во паркот. Подрачјето на чоколадната земја повеќе не постои и представува дел од возбудливото англиско подрачје.

Паркот сега потврди дека планира да отвори нов хотел за пролет 2012 година. Ова ќе биде вториот најголем хотел во ресортот, кој вклучува 1.200 кревети. Плановите за 2011 година моментално сѐ уште не се познати, иако остануваат озборувањата дека ќе има некој вид на камена кула и воден парк.


Атракции[уреди]

Панорамска слика од Посејдон

Авантуристичка земја

Битно е тоа што областа вклучува се, освен Европа

- Возење низ џунглата

- Парабродот Мисисипи

- Градот на џуџињата

- Приказната за самовилата

Супер-водената Атлантика
Посејдон возење во вода
Еуро Сат

Детски свет / Земјата на викинзите

- Лизгање во огромен лавиринт

- Возење на викинзите во брод

- Бродот на викинзите

- Дино Мери се врти во круг – кружно возење

- Светилник


Германија

- Елф Рајд – возење на брод со возење во темен дел

- Вагони за гроздобер – возење во вагони

- Воз со панорамска гледка – исто така има станици во други области

- ЕП - Експрес – едношинска пруга. Исто така има станици во Грција, Шпанија и хотелскиот ресорт

- Замокот Павилон

- Магичната градина

- Стар 99


Русија

- Евро-Мир- Еден вид на високо-брза железница која врти во круг на Мек челични шини, основан околу руската вселенска мисија. Вртењето е контролирано и го има само во некои делови за време на возењето. Возењето води до елементи во темна соба, со седишта едно позади друго, внатрешно крушно дигање нагоре, техно музика и представува железница со најдолго возење од било која друга железница. Станицата на вселенскиот модел за обука на Мир се наоѓа над излезот кадешто се чека ред. - Вселенската станица Мир

- Радио Телескоп

- Возење по снег – кратко возење во темно низ сибирскиот предел. За време на возењето има фолклор и е наречен „Бенч: Возилото“ поради начинот на кој се паркирани возилата.


Италија

- Чао бамбини - фамилијарно возење во темно, погодно за мали деца

- Куќата на духовите – аветинско возење во темно со инспирација од Проколната куќа во Дизни.

- Изложбата Мек – галерија од модели на возилата на Мек и историјата на Европа-Парк

- Театар со електрична птица


Франција

- Еуро Сат – влез во луда железница кој изгледа како патување во вселената. Внатрешната структура е како глобус, слично на вселенскиот брод Земја (Епкот) на светскиот Епкот во Волт Дизни. Самото возење е слично на Спејс Маунтајн во Дизни, освен тоа што возот е направен од повеќе вагони и содржи кружно дигање нагоре. Техно музиката е компонирана од Стерк Федер, со тоа што „Во втората орбита“ свири за време на возењето а „Сат трка“ свири во продавниците за подароци.

- Силвер Стар – мега луда железница и највисока во Европа трета најбрза луда железница. Конструирана е од страна на Булигер и Мебиларт од Швајцарија. Една од железниците што не е од оние на Мек што ги има во паркот, веројатно затоа што Мек не конструира наднормални модели на железници. Железницата е спонзорирана од страна на Мерцедес Бенз. Во халата за возење исто така има кафетерија, продавница за сувенири и мал музеј во кој има копија на коли од модели на Мерцедес Бенз и Формула Еден.

- Возење во брод со кукли

- Универзумот на енергијата – возење во темно каде што има диносаури

- Евро-Тауер – кула за набљудување

- Магично 4D кино: големата авантура на Семи (промена за денот на вештерките и Божиќ)


Скандинавија

- Возење по морски залив – брзо возење низ река, пештери и водопади

- Подземниот град „Вонета“ – мала прошетка низ внатрешна изложба

- Виндџемер – возење со брод кој се ниша

- Мост кој се лула

- Фериброд со јаже

- Норвешка црква

- Приказната за кулата на Андерсен

- Риболовно село


Португалија

- Супер-водената Атлантика – брзо возење низ вода кое одоколу има португалски истражувачи. Бродовите имаат поголем капацитет од Посејдон и нема никакви високи и брзи вртења како оние на Посејдон, но сѐ уште возењето на шината на железницата трае доволно долго при што може да се смета како железница.

- Куќа на авантурите – внатрешно игралиште за деца

- Атлантика туш – дрвена патека кадешто посетителите можат да го чекаат следниот брод на „Атлантика“ кој се спушта во езеро и ги намокрува до кожа.

- Санта Мериан – едрење во брод во кој има бар


Шпанија

- Чамецот на Колумбо – возење со брод по бура кој се движи напред и назад

- Фериа нишање – брзо вртење во вртелешка

- Авантуристичко игралиште


Холандија

- Камен мост и брзак

- Пирати во Батавија – возење во темно во внатрешноста на бродот кадешто има вода и многу други ефекти

- Црвениот барон – возење во вртелешка

- Петер Пан – возење во вртелешка

- Едношинска пруга

- Мини скутер – возење во колички за деца

- Кофикопјес – кружно возење во филџани за кафе

- Подвижна куќа

- Базен со топки

- Ветерница


Швајцарија

- Матерхорн блиц – див глушец кој ја прикажува најголемата карпа на било кој друг див глушец на светот и вертикално дигање низ карпи. А од околу има швајцарски фарми.

- Боб швајцарска трка – Еден од неколкуте ваквите модели кој има регуларен стил на карпи. Кога го отвориле бил прв во светот.

- Девицата Глетчерфлигер – брзо, кружно возење во аероплан

- Швасцарски села & Куќи


Грција

- Клетвата на Касандра – вид на лудница и илузионистичко возење

- Пегасус – фамилијарна железница која од околу има археолошко ископување

- Посејдон – брзо возење низ вода со детали како што е Тројанскиот коњ, а внатре е лоцирана станицата во грчки храм.

- Атлантис авантурите – интерактивно возење во темно

- Грчкото село Миконос

- Летот на Икарус – возење во балон


Англија

- Трка по сребрените камења – возење во кола

- Британски рингишпил

- Лудо такси – возење со судрување на колички

- Лондонски автобус – магично возење на ќилим

- Фудбалска арена – фудбалска изложба, спортски бар и продавница Адидас

- Фудбалски скутер – возење во фудбалската арена

- Европа-Парк Хисторама – мултимедијално патување во историјата на паркот со специјални ефекти

- Едношинска пруга – превезување до Исланд


Австрија

- Алпенекспрес – луда железница која вклучува пат во светото на дијамантите (кој исто така може да се разгледува и пеш). Прави два круга низ неговата релативно кратка патека за да оформи целосно возење или три круга кога нема многу гужва.

Исланд

- пат низ клисурата Тирол – традиционален пат низ клисурата и низ светот на дијамантите

- магичниот свет на дијамантите – прошетка низ атракција


Исланд

- Блу Фајр – луда железница со неколку кружни движења, музика на отворено, монитор за отчукување на срце и универзален систем за закопчување.Вклучува неколку контролори за ефекти на главата и возење во темно со многу специјални ефекти.

- Долга авантура по воден пат – возење со интерактвивно војување со вода со воодушевувачка тема и риболовни пристаништа

- Салата Газпром – сала за изложби со слики од светот за снабдување со гас. Исто така вклучува кафе-бар, тоалет и сала за состаноци.

- Островот Литил – интерактивно игралиште на вода спонзориран од страна Хенсгрох.

- Едношинска пруга – превоз до хисторамата во Англија.

- Музејот Исланд - место од кадешто се гледа врвот на Блу Фајр и други исландски атрефакти.

- Исландско село – низа продавници, кетеринг штандови и дел за игри