Евклид
Од Википедија, слободната енциклопедија
Евклид (325-269 година п.н.е.) бил еден од најистакнатите старогрчки математичари, веројатно се образувал на Платоновата Академија и сигурно подучувал во Александриската библиотека во периодот на владеењето на Птоломеј I. Иако се знае мошне малку за неговиот живот, неговите трудови се преведени и широко познати, особено неговата главна расправа „Елементи“. Покрај тоа што со своите аксиоми ги втемелил основните принципи на геометријата, Евклид пишувал и за теоријата на боревите, како и за оптиката, механиката и музиката.
Извор [уреди]
- Дејвис, Адам Харт, уред (2011). „Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом“. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-608-4500-27-8. (библ.)