Ева Нединковска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ева Нединковска
Eva Nedinkovska.jpg
Основни податоци
Родено име Ева Нединковска
Познат(а) и како Ева
Роден(а) 26 август 1983
Македонија Охрид, Македонија
Жанр(ови) Поп
Аренби
Занимање/ња Пејач, текстописец, танчерка
Години активност 2003-
Веб-место EvaNedinkovska.com

Ева Нединковска (родена на 26 август 1983г., во Охрид) е македонска пејачка.

Биографија[уреди]

Кариерата на Ева започна во 2003 година со песната "Дали денот ќе е рај". Има настапувано на многу музички фестивали како што е "Охрид Фест" во својот роден град, Охрид. Скоро на секој фестивал таа има добиено награда за најдобра сценска изведба. Дечко и е познатиот македонски музичар Гаро Тавитјан. Песната "Енигма" е најголемиот хим на Ева. "Енигма" е модерна поп песна со елементи на аренби. Спотот беше рангиран како #1 скоро на секоја музичка листа во Македонија.

Национален избор за песна на Евровизија 2006[уреди]

На националниот избор за песна на Евровизија во 2006 година, Ева освои 631 глас сместувајќи ја на 11-тото место. Нејзината песна "Таан и мед" (напишана од Калиопи) беше во ориентален стил со интересна кореографија.

Дискографија[уреди]

Албуми[уреди]

  • Талисман

Синглови[уреди]

  • "Дали денот ќе е рај"
  • "Твоја фантазија"
  • "Иронија"
  • "Блеф"
  • "Слатка треска"
  • "За љубов створени"
  • "Таан и мед"
  • "Енигма"

Извори[уреди]

Надворешни линкови[уреди]