Евангелие според Варнава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Евангелието според Варнава е текст во кој се опишува животот на Исус Христос, од страна на апостол Варнава. Скоро сите мухамедски апологети сметаат дека ова е право евангелие, додека останатите сметаат дека ова евангелие е фалсификат и истото било направено во текот на средниот век.

Најстари примероци[уреди]

Долго време во јавноста било познато само еден примерок од евангелието, кое било напишано на италијански јазик, и кое денеска се наоѓа во Виена, во националната библиотека на Австрија. Освен овој примерок, познати се уште два ракописи на шпоански јазик од 18 век, од кој едниот е изгубен, а другиот пронајден во Сиднеј, Австралија каде се наоѓа денес. Освен на овие два јазици, досега не е пронајден примерок на грчки јазик, хебрејски или латински и исто така не постојат докази дека такво евангелие постоело пред 16 век.

Исламот и евангелието[уреди]

Авторот на ова евангелие тврди дека е единствениот сведок за животот на Исус Христос и бара право да ја каже вистината околу неговиот живот и самото христијанство. Во исто време, авторот не ги признава главните тези на вристијанската вера, која и исламот ги отфрла, односно евангелието според Варнава негира дека Исус е Син Божји. Исто така, авторот не го признава Христовото распетие, смртта на крстот и неговото воскреснување. Ова евангелие главно сведочи, како што и самиот пророк Мухамед тврдел, дека христијанската религија е фалсификат направен од самиот апостол Павле.

Елементи[уреди]

Ова евангелие содржи еврејски, христијански и исламски елементи и главно се темели на животот на Исус, неговото раѓање и неговата смрт, како и неговите чуда, учења, Тајната вечер, издавањето и распнувањето, но не на Исус, туку на Јуда Искариотски, кој починал на крстот. Според овој текст, наместо Христос, истата вечер бил уапсен Јуда и тој бил убиен, теза што се прифаќа во мухамедовата теологија кога станува збор за Исусовото распнување. Во Сура 4, 156-157 пишува:

„... и заради неверувањето нивно, зборувањето нивно и клеветите големи за Мерјем, и заради изјавата нивна: “Да, ние, навистина, го убивме Христа,” Иса, синот на Мерјем, Аллаховиот пејгамбер. Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини. А оние кои, навистина, не се согласија во тоа, во сомненевање се: ништо не знаеја за него, само се сомневаа... Не го убија сигурно“

Евангелието според Варнава содржи исламска интерпретација, која освен Мухамед, на никое друго место не се споменува. Самиот текст потсеќа на зборовите од Куранот. Бидејќи исламот настанал во текот на 7 век, евангелието и понатаму не може да биде прифатено дека било направено во времето на Исус или во времето на раното христијанство. Авторот со сигурност не потекнувал од Палестина, бидејќи многу извештаи не се согласуваат со историјата и географијата на Палестина. До 18 век не постои никаков доказ дека ова евангелие постоело пред 14 или 15 век.

Докази против автентичноста[уреди]

Околу автентичноста на еванглието на Варнава постојат неколку контроверзии. Во текот на неговото иследување било докажано дека истото било напишано во периодот од 14 век до 16 век. Многу е тешко денеска да се докаже зошто било пишувано ова евангелие, и кој му биле неговите цели односно целите на авторот.

Според некои, автор на ова евангелие бил некој христијанин, кој го прифатил исламот, бидејќи авторот морал да биде добро запознаен со историјата на христијанството како и на исламот. Можеби поради освета кон христијанството, главно поради прогонствта во времето на Шпанската инквизиција во 16 и 17 век, Шпанија се смета за местото каде било пишано или од каде потекнува нејзиниот автор.

Мухамеданските обиди да го поврзат ова евангелие со еден текст на Варнава не успеале. Тие се обидувале да докажат дека ова евангелие е исто со онаа кое произлегува од 5 век, и кое е на грчки јазик. Decretum Gelasianum de libris recipiendis et non recipiendis од 5 век говори околу едно евангелие на Варнава, но од ова евангелеи денеска сеуште не постои ништо.

Причини поради кое и денеска се смета дека евангелието не било пишувано во текот на раното христијанство се повеќе, меѓу кои и

  • Евангелието според Варнава држи на тоа дека лажните фарисеи го покривале Стариот Завет, независно од тоа што како свештеници тие настанале во периодот од 135 п.н.е. и 104 п.н.е. и без разлика од фактот што Стариот Завет својата денешна форма ја добил најкасно во 5 или 4 век п.н.е
  • Адам, Аврам, Исмаил, Мојсеј, цар Давид и други пророци, као и самиот "Исус син на Марија", се споменуваат како Божји посланици. Ова се главните тези на исламот во врска со христијанството. Самото христијанство прави голема разлика помеѓу Адам, Аврам и Исус, и само последниот го определува како Божји Син. Исто така во евангелието се дава поголемо значење на Исмаил, наместо на Исак кое дополнително ја дава анализата на исламските тези. Исмаил бил прататко на денешните Арапи. Претскажувањето околу идното раѓање на Исус го дава Исмаил, а не Исак, кој би требало да биде жртвуван од страна на неговиот татко Аврам на планината Морија. Затоа оваа евангелие се смета дека е мухамеданско, а не христијанско или еврејско.
  • Марија и Јосиф добиле заповед од Бог да малиот Исус не биде храен со вино, нечисто месо како свинското. Забраната зна свинското месо и виното како алкохол се користи кај исламските верници, за разлика од христијанските каде не е забрането, а кај евреите забрането е само свинското месо.
  • Исус бил послан само кај евреите. И оваа фраза одговара на исламската теологија која смета дека секој пророк бил испраќан само кај својот народ, додека единствено Мухамед бил испратен кај целиот народ на земјата