Еберсвалде

Координати: 52°49′59″N 13°49′59″E / 52.83306° СГШ; 13.83306° ИГД / 52.83306; 13.83306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Еберсвалде
Панорама на плоштадот во Еберсвалде
Панорама на плоштадот во Еберсвалде
Панорама на плоштадот во Еберсвалде
Грб на Еберсвалде
Еберсвалде во рамките на Германија
Еберсвалде
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Барним
Градски единици 7
Градоначалник Фридхелм Богински (СлДП)
Основни податоци
Површина 58,17 км2
Надм. височина 25 м
Население 40.965 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 704 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BAR (порано EW)
Пошт. бр. 16225/16227
Повик. бр. 03334
Портал www.eberswalde.de
Местоположба на градот Еберсвалде во рамките на округот Барним
Карта
Карта
Координати 52°49′59″N 13°49′59″E / 52.83306° СГШ; 13.83306° ИГД / 52.83306; 13.83306
Старата шумарска академија
Главниот плоштад

Еберсвалде (германски: Eberswalde, полски: Rudnicko[2]) — град и административно седиште на округот Барним, во сојузната покраина Бранденбург, Германија, околу 50 километри североисточно од Берлин. Често е нарекуван Валдштат („шумски град“), поради големите шуми околу него, вклучувајќи го Биосферниот резерват Шорфхајде-Хорин. И покрај овој факт, Еберсвалде бил важен индустриски центар до повторното обединување на Германија.

Историја[уреди | уреди извор]

Областа околу Еберсвалде веќе била населена во палеолитот. Пред основањето на Маркгрофовијата Бранденбург постоела словенска населба. Богатството на Еберсвалде, најголемото претхристијанско златно богатство на територијата на денешна Германија, било пронајдено во областа. Денес, богатството се наоѓа во Пушкинскиот музеј во Москва.

Градот Еферсволде („шума на вепри“) бил основан во 1254 од асканискиот маркгроф Јохан Први. Бил првпат споменат во документ на 23 април 1276, кога маркгрофот Албрехт Трети престојувал тука. Во 1300 добил права на организирање пазар. Од 1317 главниот трговски пат помеѓу Штетин и Франкфурт на Одра поминувал низ градот. Голем пожат го зафатил градот во 1499.

По повторното градење на градот, Еберсвалде станал првиот индустриски град во Маркгрофовијата Бранденбург, со огромен металуршки капацитет. Некои делови на градот сè уште се именувани по нивните минати функции, како Купферхамер („бакарен чекан“). Од 1605 до 1620 бил изграден важниот воден пат, Финовскиот Канал.

Во текот на Триесетгодишната војна, Еберсвалде бил опколен и освоен неколкупати. Генералот на католичката лига, Албрехт фон Валенштајн, престојувал во градот, додека Густав II Адолф, кој не ја преживеал Битката кај Лицен бил балсамиран во денешната црква Св. Богородица. По крајот на војната само дваесет жители на Еберсвалде биле сè уште живи, а на Еберсвалде му бил потребен цел век повторно да заживее.

Помеѓу 1743 и 1755, семејства на металски работници се преселиле од Тирингија и Рајнската област во Еберсвалде. Котлите на првите германски парни мотори биле направени тука. Во текот на 19 век биле изградени големи фабрики во областа на Еберсвалде, особено долж Финовскиот Канал. На 23 ноември 1877, првата германска телефонска линија била воспоставена тука.

Првиот радиски концерт во светот бил пренесуван од Еберсвалде во 1923. Вернер Форсман ја добил Нобеловата награда за медицина во 1956 за неговите експерименти од 1929 за катетеризација на срцето изведени на неговото срце, додека престојувал во Еберсвалде.

Во текот на Кристалната ноќ била уништена синагогата во Еберсвалде. Во текот на Втората светска војна, неколку фабрики користеле принудни работници и затвореници од концентрацискиот камп Рафенсбрик. На крајот на војната, центарот на градот бил уништен од германските воздушни сили со цел да го запрат советското напредување.

Во 1970, Еберсвалде бил споен со општината Финов и го создале градот Еберсвалде-Финов. Во 1993 било вратено името Еберсвалде.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Еберсвалде има пристап на сојузните автопати Б2 и Б167 и автопатот А11. Главната железничка станица Еберсвалде се наоѓа на линијата Берлин-Шчеќин, која го поврзала Еберсвалде со Берлин во 1842. Градот е почетна точка на железничките линии до Темплин и Франкфурт на Одра и бил терминал на Железницата Еберсвалде-Финовфурт до Финовфурт додека не била распуштена.

Градот и неговите индустриски области се поврзани со каналите Одра-Хафел и Финовски Канал. Аеродромот Финов е поранешна советска база, која била предадена на државата за цивилни летови на 11 мај 1993.

Градот имал трамвај до 1940, кога трамваите биле заменети со тролејбуси. Еберсвалде е еден од трите града во Германија, кои сè уште користат тролејбуси, заедно со Золинген и Еслинген.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Додека Еберсвалде бил познат по неговата тешка индустрија во минатото, по повторното обединување на Германија стигнале тешки времиња. Како што паднала владата во Источна Германија, исчезнала државната поддршка и фабриките нагло се соочиле со поефикасните фирми од Западот. Поради тоа, многу фабрики во Еберсвалде биле затворени, а посетителите можат да ги видат остатоците на овие напуштени фабрики низ целиот град. Како многу источногермански градови, Еберсвалде силно се борел со невработеноста и многу го напуштиле регионот во потрага по работа. Поради тоа многу од советските станбени блокови во Еберсвалде останале празни и бавно биле рушени.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот прикажува зелено дабово дрво, а над дрвото се наоѓа црвен орел. Покрај дабот стојат две црни диви свињи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)
  2. Koleje Pomorza Przyodrzańskiego 1:1 000 000 Dyr. Okręg. Kolei Państw. w Szczecinie, 1946

Надворешни врски[уреди | уреди извор]