Европска банка за обнова и развој

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ЕБРД)
Европска банка за обнова и развој
Типмеѓународна финансиска организација
Основана1991
СедиштеЛондон
Мисијаразвојна банка
Вработени1.500

Европска банка за обнова и развој (англиски: European Bank for Reconstruction and Development; скратено ЕБОР или ЕБРД) — меѓународна развојна банка, која користи и употребува инвестиции како алатка за помош и поткрепа во изградбата на пазарни економии. Првично нејзината работа била насочена кон земјите од поранешниот Источен блок, но подоцна била проширена и го поддржувала развојот во демократиите во 30 земји од средна Европа и средна Азија. Покрај земји од Европа, земји-членки на ЕБОР има од вкупно пет континенти (Северна Америка, Африка, Азија и Австралија), додека најголем акционер во банката се САД, па така можеме да кажеме дека името е „грешка“. Седиштето на банката се наоѓа во Лондон, а самата банка е поседува од 64 држави и две институции на Европската унија. И покрај тоа што нејзините акционери се држави, таа најмногу инвестира во приватни претпријатија, заедно со комерцијални партнери.

ЕБОР не треба да меша со сличната банка, Европска инвестициска банка (ЕИБ), која е поседувана од земјите-членки на ЕУ и ја поддржува политиката на ЕУ.

Историја[уреди | уреди извор]

ЕБОР била основана во 1991 од претставници од 40 земји од три континенти и две европски институции откако бил постигнат договор за статутот на банката, големината и распределбата на моќта помеѓу акционерите.[1]

Во 2006, ЕБОР изјавила дека ќе прекине да учестува во проекти во балтичките земји и земјите од Средна Европа до 2010 и дека ќе се насочи кон поддршка на проекти во Русија, Украина, Ерменија, Казахстан и Узбекистан.[2] Поради финансиската криза во 2010, оваа намера била одложена до 2015.[3]

Мисија[уреди | уреди извор]

ЕБОР била основана како поддршка на процесот за воспоставување на сопствен приватен сектор во земјите од поранешниот Источен блок.[4] Како поддршка на процесот, нудела проекти за финансирање на банки, различни индустриски дејности и компании, за основање нови фирми или пак поддршка на веќе постоечките. Работела и со јавно поседуваните претпријатија како поддршка при нивната приватизација, како застапувач на Светската трговска организација од 1980-тите[5] и подобрување на општинските услуги.

Целта на ЕБОР е да работи единствени во земји кои се насочени кон демократските принципи. Промовирала и поддржувала проекти за заштита на животната средина и одржлив развој и не финансирала активности поврзани со одбраната, тутунската индустрија, одредени алкохолни пијалаци, некои средства забранети со меѓународното право и одредени коцкарски објекти.

Критика[уреди | уреди извор]

Некои невладини организации упатувале критики кон ЕБОР за финансирање на проекти за кои сметале дека се штетни за животната средина и општо кон општеството. Иако банката во изминативе години ги зголемила нејзините инвестиции кон проекти за енергетска ефикасност и одржлива енергија, овие невладини организации сметале дека банката продолжува да намалува ефектите од овие зелени инвестиции преку финансирање на проекти во кои се вклучени јаглен, производство на нафта и земен гас, пренос и производство, автопати и аеродроми.[6][7] Меѓу проектите кои се нашле под критика се изградбата на хидроцентрала на реката Омбла во Хрватска,[note 1] златниот рудник Кумтор во Монголија и термоцентралата на јаглен во Шоштањ во Словенија.

Невладините организации исто така ја критикувале банката поради недостиг на напредок во постигнување и остварување на главната мисија на ЕБОР, „преминот кон отворена и демократска пазарна економија“.[8][9] На пример, ЕБОР објавила дека 67% од луѓето во земјите каде ги вложува парите сметаат дека корупцијата била на исто или повисоко ниво во 2006 отколку во 1989.[10]

Структура на ЕБОР[уреди | уреди извор]

Претседатели[уреди | уреди извор]

Список на претседатели до 2013 година.[11]

Примачи на средства[уреди | уреди извор]

Азербејџан, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Ерменија, Естонија, Јордан, Казахстан, Киргистан, Косово, Летонија, Литванија, Лихтенштајн, Македонија, Молдавија, Монголија, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Таџикистан, Туркменистан, Украина, Унгарија, Узбекистан, Хрватска и Црна Гора.[12]

По протестите одржани во арапските земји, ЕБОР додала четири земји од областа на Блискиот Исток и Северна Африка како дел од повеќенационални донации: Египет, Јордан, Мароко и Тунис. Овие земји се очекувало да станат целосни примачи на земјите во блиската иднина.[13]

Давачи на средства[уреди | уреди извор]

Австралија, Австрија, Белгија, Германија, Грција, Данска, Египет, Израел, Ирска, Исланд, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Кипар, Луксембург, Малта, Мароко, Мексико, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, САД, Турција, Финска, Франција, Холандија, Чешка (примач на средства до 31 декември 2007[14]), Швајцарија, Шведска и Шпанија, како и Европската унија и Европската инвестициска банка.

Проекти на ЕБОР[уреди | уреди извор]

ЕБОР нуди заеми, гаранции, лизинг, структурни кредити и други програми за поддршка. Опсегот на директните инвестиции се движи од 5 милиони евра до 230 милиони евра. Помалите проекти се финансираат или директно од ЕБОР или преку финансиски посредници. Страницата на ЕБОР наведува дека помогнала во финансирање на над еден милион помали проекти преку посредници т.е. преку пласирање на заеми преку локалните деловни банки, мали развојни банки, капитални фондови и лизинг институции.

За некој проект да биде прифатен од ЕБОР, „проектот мора да биде сместен во некоја земја на финансирање од ЕБОР, да има силни трговски изгледи, да вклучува значаен придонес во капиталот во готовина или од некоја трета страна, да има корист локалната економија и да го помага развојот на приватниот сектор и да ги задоволува банкарските и еколошките стандарди“.

ЕБОР изјавува дека вообичаено финансира до 35 центи од вкупните трошоци на проектот за нова инвестиција (или т.н. гринфилд) или 35 центи за долгорочни проекти. Исто така се побарува значајни придонеси кон капиталот од трети страни, други кофинансиери или капитал обезбеден преку на друг начин, која мора да биде еднаков или поголем од инвестицијата на ЕБОР.

Дејности поддржани од ЕБОР[уреди | уреди извор]

ЕБОР финансира проекти во дејности како што се земјоделството, енергетската ефикасност, финансирањето, производството, општинската инфраструктура, исто така познати како јавни работи (кои вклучуваат сообраќај, училишта, водоснабдување, одложување на отпадот и контрола на загадувањето), природните ресурси, електричната енергија, сопственоста, туризмот, телекомуникациите и информатичката технологија.

Резултати[уреди | уреди извор]

Од започнување на финансирање проекти во 1991, досега единствено Чешка успеала да напредне од земја примач на срества во земја давач на средства во рамките на ЕБОР. Тоа се случило во 2007.[15]

ЕБОР во Македонија[уреди | уреди извор]

ЕБОР е активна во Македонија уште од 1993 година.[16] Заклучно до 2012 година, во Македонија била поддржани вкупно 82 проекти во вкупна вредност од 2,174 милијарди евра.[17] Вредноста на компаниите со кои биле остварени овие проекти изнесува над една милијарда евра, додека вкупната исплата на средства од страна на банката достигнала нешто под 600 милиони евра. Моментално банката сè уште учествува со околу 47 проекти.[17] Банката во 2012 година потпишала вкупно 17 проекти, вредни околу 157 милиони евра. Во 2012 година банката особено била активна и во финансирањето на локалните деловни банки, како што била кредитната денарска линија за кредитирање на микро, мали и средни претпријатија.[17] Распределбата на портфолиото по сектори е: 56% за инфраструктура и енергетика, 11% за финансиски институции, 26% за енергија и 6% за трговија, индустрија и земјоделство.[17] Долгот претставува главен инструмент (94%), а сопствениот капитал е концентриран во секторот на финансиските институции. Одобрените проекти на ЕБОР имале мобилизирано дополнителни 478 милиони евра коинвестиции од спонзори, кофинансиери и дарители, што претставува мултипликатор од 1,5.

Банката, исто така, мобилизирала 11,2 милиони евра како техничка помош за Република Македонија, со 61 проект за техничка соработка (ТС), главно, во банкарскиот сектор, секторот за телекомуникации, транспорт и за општините.

Еден од најголемите поддржани проекти во последниов период претставува проектот за изградба на долгонајавуваната и донекаде контроверзна изградба на железничката пруга до Бугарија, како дел од европскиот коридор 8, која треба да обезбеди железничка линија помеѓу Скопје и Софија, а со тоа и на Македонија и Бугарија.[17][18]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Во мај 2013, ЕБОР го откажал заемот во проектот на Омбла. Видете: ХЕП и ЕБОР го откажаа заемот за хидроцентрала на Омбла, Daily.tportal.hr, 27 мај 2013.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Европската банка за обнова и развој“. ODI briefing paper. Overseas Development Institute. Архивирано од изворникот на 2012-05-15. Посетено на 28 јуни 2011.
  2. „Business - EU-8 to 'Graduate' by 2010 as EBRD Moves Focus East“. The St. Petersburg Times. Архивирано од изворникот на 2014-03-10. Посетено на 7 јануари 2009.
  3. „Background Material On Capital Resources Review 4 2011-15, EBRD, 2010“ (PDF).
  4. „Околу ЕБОР“. Европска банка за обнова и развој. Архивирано од изворникот 2008-08-22. Посетено на 7 јануари 2009.
  5. “Muir, Russell; Soba, Joseph. 1995. State-Owned Enterprise Restructuring : Better Performance Through the Corporate Structure and Competition. © World Bank, Washington, DC. https://openknowledge.worldbank.org/handle/10986/11649
  6. Европска банка за обнова и развој, CEE Bankwatch Network.
  7. The European Bank for Reconstruction and Development: An Environmental Progress Report Архивирано на 25 август 2006 г., Center for International Environmental Law.
  8. Наша мисија Архивирано на 3 јуни 2013 г., Европска банка за обнова и развој.
  9. Дали сме блиску до? Дилеми за транзицијата по 20 години од операциите на ЕБОР, CEE Bankwatch Network, мај 2011.
  10. Живот во транзиција: Истражување на искуствата на луѓето, Европската банка за обнова и развој, 2007. Лондон, Обединето Кралство. (PDF)
  11. „Клучни податоци“. Европска банка за обнова и развој. Архивирано од изворникот на 2010-01-03. Посетено на 28 декември 2009.
  12. „Држави на операции“. Архивирано од изворникот на 2008-02-23. Посетено на 2013-12-09.
  13. SEMED factsheet (PDF)
  14. „Чешка“. Архивирано од изворникот на 2008-02-22. Посетено на 2013-12-09.
  15. „Czech Republic graduates from EBRD, 23 октомври 2007“. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 25 јануари 2008.
  16. „ЕБОР во Република Македонија“. Секретаријат за европски прашања. Влада на Македонија. 9 декември 2013. Посетено на 9 декември 2013.[мртва врска]
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 „Клучни факти за операциите во Македонија“. Европска банка за обнова и развој. 9 декември 2013. Посетено на 9 декември 2013.
  18. „Обезбедените парите од ЕБОР за пругата до Бугарија“. Вечер. 9 декември 2013. Посетено на 9 декември 2013.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]