Дњепар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
46°30′00″N 32°20′00″E / 46.5°N 32.3333333°E / 46.5; 32.3333333
Дњепар
руски: Днепр, Dniepr, белоруски: Дняпро, Dniapro, украински: Дніпро, Dnipro, Кримски : Özü
река
Земји Русија, Белорусија, Украина
Притоки
 - лева Сож, Десна, Трубиж
 - десна Друт, Березина, Припијат, Тетерив, Ирпин, Стухна, Рос, Тиасмин
Градови Доробогуж, Смоленск, Mahilyow, Киев, Черкез, Дњепопетровск
Извор Glaciers
 - location Valdai Hills, Русија
 - височина 220 m (722 ft)
 - координати 55°52′00″N 33°41′00″E / 55.8666667°N 33.6833333°E / 55.8666667; 33.6833333
Устие Дњепарска делта
 - координати 46°30′00″N 32°20′00″E / 46.5°N 32.3333333°E / 46.5; 32.3333333
Должина 2.290 km (1.423 mi)
Басен 516.300 km² (199.345 sq mi)
Истек за Херсон
 - просечен 1.670 m3/s (58.975 cu ft/s)
Dnipro Basin River Town International.png

Дњепар (руски: Днепр, украински: Дніпро, белоруски: Дняпро) е река во Источна Европа која извира во Русија, и која тече низ Белорусија а во Украина се влива во Црното море. Дњепар е трета Европска река по големина (после Волга и Дунав) со должина од 2285 km (1,420 mi), од кои 485 km (301 mi) е на територијата на Russia, 595 km (370 mi) во Белорусија, и 1,095 km (680 mi) во Украина. Дњепарскиот базен опфаќа 504,000 километри квадратни (195,000 sq mi), од кои 289,000 km2 (112,000 sq mi) се во Украина.[1]Во антиката,оваа река беше нарекувана Бористен.

Меѓу првите, Дњепар се спомнува од старогрчкиот историчар Херодот (5 век п.н.е.) под името Бористен (во буквален превод од старогрчкионој кој тече од север“). Римските историчари ја нарекуваат оваа река Данаприс додека за време на Киевска Русија меѓу Словените била позната како Славутич.

Дњепар извира во Валдајската гора во Европска Русија и продолжува низ степските подрачја на Белорусија. 115 km од својот тек ја сочинува природната граница помеѓу Белорусија и Украина низ којa го продолжува својот пат кон Црното море, во која прави голема делта. По должината на текот на реката изградени се неколку хидроелектрани (Киевска, Каневска, Кременчугска, Дњепродзержинска, Дњепрогес, Каховска и Дњепрогес II), а последните 800 km пред вливањето во Црното море, има ланци од неколку акумулациони езера направени од нивната изградба. Електраните на Дњепар произведуваат енергија која покрива 10% од потребите на цела Украина.

Пловен е 1990 km од вливот. Пловидбата делумно одвива преку канали. Низ тие пловни канали, Дњепар е поврзен со Западна Двина, Њемен, Западен Баг кои го спојуваат со Балтикот. Заледен е од декември до март или Април.


Содржина

[уреди] Главни притоки

Поголеми градови на брегот на Дњепар: Во Русија:

Во Белорусија:

  • Махиљау (белоруски: Магілёў) (по рус. го нарекуваат Могилев)

Во Украина:

  • Киев (украински: Київ/Кујив)
    • Дњипродзержинск (украински: Дніпродзержинськ)
    • Дњипропетровск (украински: Дніпропетровськ),
    • Запорижја (украински: Запоріжжя),
    • Херсон (украински: Херсон)

[уреди] Етимологија

Името Дњепар потекнува од Сарматскиот збор Dānu apara "реката на далечната страна".[3] (За разлика од Дњестар,која го добива името кое значи "блиска река".) Во трите држави каде што тече се користи истото име, иако се изговара различно, Руски: Днепр, Dnepr; Белоруски: Дняпро, Dniapro; Украински: Дніпро, Dnipro.

[уреди] Наводи

  1. Kubiyovych, Volodymyr. „Dnieper River“. „Encyclopedia of Ukraine“. http://www.encyclopediaofukraine.com/display.asp?AddButton=pages\D\N\DnieperRiver.htm. проверено на 19 јануари, 2007. 

[уреди] Видете исто така

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици