Дјома

Координати: 54°42′50″N 55°54′47″E / 54.71389° СГШ; 55.91306° ИГД / 54.71389; 55.91306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дјома
Местоположба
Физички особености
УстиеБелаја
Должина535
Особености на сливот

Дјома (башкирски: Дим; руски: Дёма) — река во Република Башкортостан, Русија. Тече на север и се влева во реката Белаја кај градот Уфа. Реката е долга 535 километри, со сливно подрачје од 12.800 км² и просечен истек од 35 м3/с.

Изворот на Дјома се наоѓа на северните падини на Обшти Сирт, на границата со Оренбуршката област, северно од ракавот Салмиш на реката Сакмара. Од тука, тече кон североисток во Башкортостан, каде создава широка долина. Тука, реката тече бавно и создава меандри, особено во долниот тек пред вливот со Белаја.

Градот Давлеканово се наоѓа на Дјома, а устието на реката е во рамките на границите на градот Уфа, во градскиот округ Дјома, именуван по реката.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

54°42′50″N 55°54′47″E / 54.71389° СГШ; 55.91306° ИГД / 54.71389; 55.91306