Дуизбург
| Дуизбург | |
| Внатрешно пристаниште Дуизбург | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Северна Рајна-Вестфалија |
| Адм. подрач. | Диселдорф |
| Округ | Урбан округ |
| Градски единици | 7 окрузи, 46 населби |
| Градоначалник | Адолф Зауерланд (ЦДУ) |
| Владејачки партии | ЦДУ / Зелени |
| Основни податоци | |
| Површина | 233 km2 (90 sq mi) |
| Надм. височина | 31 m (102 ft) |
| Население | 492.674 (30 јуни 2009) |
| - Густина | 2.114 /km2 (5.476 /sq mi) |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | DU |
| Пошт. бр. | 47001–47279 |
| Повик. бр. | 0203 |
| Мреж. место | www.duisburg.de |
| Местоположбата на град Дуизбург во рамките на округот Урбан округ | |
Дуизбург (германски: Duisburg) е германски град во западниот дел на областа Рур (Ruhrgebiet) во Северна Рајна-Вестфалија. Тој е слободен град во рамките на административниот округ Диселдорф. Со светски најголемото речно пристаниште и близината до меѓународниот аеродром Диселдорф, Дуизбург станал важно место за трговија и производство на челик.
Денес, градот е производ на бројните припојувања на соседните градови и помали населби. Тој е петнаесетти најголем град во Германија и петти најголем град во Северна Рајна-Вестфалија со 495.668 жители до 31 декември 2007. Градот е познат по неговата челична индустрија. Последниот преостанат јагленокоп е затворен во летото 2009, но Дуизбург никогаш не бил рударски центар за јаглен како останатите места во Рур. Исто така, големата пиварница, König Brauerei, која го произведува пивото Кениг Пилзенер. Универзитетот Дуизбург-Есен, со 33.000 студенти, се наоѓа на 10-то место најголеми германски универзитети.
Содржина |
[уреди] Географија
Дуизбург се наоѓа во долна Рајна на вливот на реките Рајна и Рур и во близина на подножјето на Бергишес Ланд. Градо се шири долж двата брега на овие реки.
[уреди] Соседни градови
Следниве градови се граничат со Дуизбург (во насока на стрелките на часовникот од североисток): Оберхаузен, Милхајм на Рур, Ратинген, Диселдорф, Мербуш, Крефелд, Мерс, Рајнберг и Динслакен.
[уреди] Окрузи
Од 1 јануари 1975 година, Дуизбург е поделен на седум окрузи (Stadtbezirk) од север кон југ:[1]
- Валсум (51.528)
- Хамборн (71.528)
- Мајдерих/Бек (73.881)
- Хомберг/Рурорт/Берл (41.153)
- Дуизбург-Мите (центар) (105.961)
- Рајнхаузен (77.933)
- Дуизбург-Зид (73.321)
- Нојмил (17.131)
[уреди] Клима
| Климатски податоци за Duisburg | |||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
| Просечна висока °C (°F) | 4 (39) |
5 (41) |
8 (46) |
12 (54) |
17 (63) |
20 (68) |
22 (72) |
22 (72) |
18 (64) |
14 (57) |
8 (46) |
5 (41) |
12,9 (55,3) |
| Средна дневна °C (°F) | 2 (36) |
3 (37) |
5 (41) |
8 (46) |
13 (55) |
16 (61) |
17 (63) |
17 (63) |
14 (57) |
11 (52) |
6 (43) |
3 (37) |
9,6 (49,3) |
| Просечна ниска °C (°F) | 0 (32) |
0 (32) |
2 (36) |
5 (41) |
9 (48) |
12 (54) |
13 (55) |
13 (55) |
11 (52) |
8 (46) |
3 (37) |
1 (34) |
6,4 (43,6) |
Грешка: {{{temperature colour}}} не претставува важечка алтернатива за температурна боја. Користете |temperature colour=pastel или пак отстранете го параметарот temperature colour од стандардната обоеност. |
|||||||||||||
| Извор: weather.com[2] | |||||||||||||
[уреди] Историја
Легендата според Јоханес Авентин (околу 1525) сметал дека Дуизбург (заедно со Дојц, Келн, Дуиздорф во Бон и Дусборг (град) во Холандија, сите на десниот брег на Рајна) бил изграден од епскиот Туисто, митски предок на Германците, окоу 2395 п.н.е.. Нема никаква историска основа да се постари ова рано основање на Дуизбург, кој е можеби еден од најраните градови во Европа.
[уреди] Римски период
Последните археолошки студии покажуваат дека денешниот плоштад бил веќе во употреба во првиот век. Бил главното трговско место во градот од 5-от век. Градот се наоѓал на важниот „Hellweg“, важен средновековен трговски пат и премин на реката Рајна. Римјаните веќе го надгледувале преминот.
- 420 Франките ја узурпираат римската населба и повторно го колонизираат стариот дел на градот.
- 883 Норманите го освоиле Дуизбург и останале преку зимата. Првиот историски документ, во се спомнува Дуизбург.
[уреди] Среден век
Поради поволната географска позиција на градот бил изграден и грофски пфалц, а градот наскоро бил додаден на кралската повелба на слободен град. Дуизбург станал член на Ханза. Околу 1000 реката Рајна се преместила западно од градот. Ова го запрело развојот на градот како трговски град и наскоро прераснал во тивок рурален град. Производите на картографот Герард Меркатор и основање на универзитетот во 1655, градот станал познат како „Образован Дуизбург“ („Duisburgum Doctum“).
- 1120 градбата на градските ѕидини
- 1279 му биле доделени „градски права“ од кралот Лотар III
- 1445 нападот на келнскиот надбискуп бил отфрлен
- 1566 Јохан Корпутиус ја завршил неговата градска карта на Дуизбург
- 1666 Дуизбург во рамките на војводството Клеве станал дел од Бранденбург-Прусија
[уреди] Индустриска револуција
Подемот на тутунската и текстилната индустрија во 18-от век го направиле Дуизбург индустриски центар. Големи индустриски компании, како што се производствените фирми за железо и челик (Thyssen и Krupp) влијаеле на развојот на градот во рамките на пруската Рајнска Провинција. Големите станбени области близу производствените компании биле изградени за работниците и нивните семејства.
- 1823 округот („Landkreis“) Дуизбург е основан, вклучувајќи ги градовите Есен и Милхајм на Рур.
- 1824 изградба на фабриката за сулфурна киселина. Почеток на индустриското доба во Дуизбург.
- 1828 Франц Ханил изградил докови за парабродови
- 1846 Железничка линија до Диселдорф
- 1847 железничка линија преку Дортмунд до Минден
- 1873 Дуизбург станал слободен град.
- 1904 Раѓањето на 100.000-иот жител (Ернст Р. Штраубе)
- 1921 Француската пешадија го окупирала градот на 8 март за да ги обезбеди воените репарации во текот на Првата светска војна.
- 1929 Градот Хамборн и Дуизбург се споиле. Новиот град го носел името Дуизбург-Хамборн.
- 1935 Дуизбург-Хамборн е преименуван во Дуизбург.
- 1938 (ноември) Нацистите ја уништиле градската синагога.
[уреди] Втора светска војна
Еден од главните логистички центри во Рур и местото на хемиската, челичната и металната индустрија, Дуизбург бил примарна цел на сојузничкото бомбардирање. Како таков, сметан е од некои историчари како најтешко бомбардиран германски град од сојузниците во текот на Втората светска војна, со избрани цели како што се индустриската област и станбените блокови.
На ноќта на 12-13 јуни 1941, британските бомбардери фрлиле вкупно 445 тони бомби во и околу Дуизбург. Како дел од битката за Рур, друг британски напад од 577 бомбардери го уништил стариот град помеѓу 12-13 мај 1943 со 1.599 тони бомби. Во текот на бомбардирањата 96.000 луѓе останале без покрив над главата со безброј изгубени животи.
Во 1944, градот повторно бил лошо оштетен со вкупно 2.000 тони бомби фрлени на 22 мај. На 14 октомври, повторно бил бомбардиран со 2.018 тони, кога бомбардерите Халифакс, Ланкастер и Москито се појавиле над Дуизбург како дел од операцијата Ураган во Втората светска војна. Овој дневен напад бил следен од ноќен напад, преку 24 часа околу 9.000 тони бомби биле фрлени на Дуизбург. Бројни слични напади следеле до крајот на 1944 година.
Сојузниците влегле во Дуизбург во април 1945 година. Американската 17-та воздушно-десантна дивизија, во својство на редовна пешадија, го сретнале единствено раштрканиот отпор и го окупирало градот на 12 април 1945.[3]
На 8 мај 1945, инженерската група А, предводена од заповедникот Хелмер Свенхолт, го изградиле железничкиот мост помеѓу Дуизбург и Рајнхаузен над реката Рајна. Овој мост бил 860 метри долг и бил изграден за шест дена, петнаесет часа и дваесет минути, рекордно време. Овој мост бил наречен „Мост на победата“.[4]
[уреди] Повоен период
Вкупно 299 бомбардерски напади, скоро целосно го уништиле историскиот градски центар. 80% од сите станбени згради биле уништели или делумно оштетени. Скоро целиот град бил обновен, а најпознатите историски знаменитости биле изгубени.
Дуизбург ја прославил својата 1100-годишнина во 1983. На 19 јули 2004, бил погоден од торнадо. Општинскиот театар и делови од центарот на градот биле оштетени. Градот бил домаќин на 7-те Светски игри во 2005. Во 2010, 21 лице загинале поради масовна паника на loveparade; преку 500 луѓе биле повредени.
[уреди] Турци во Дуизбург
Дуизбург е дом на 85.000 луѓе со турско потекло.[5] Други проценки, говорат дека турското население е околу 100.000[6][7][8] Новата Меркец-џамија, најголемото муслиманско светилиште во немуслиманска држава, била изградена со помош во средства од 3,2 милиони евра од ЕУ и покраината Северна Рајна-Вестфалија.[9]
[уреди] Економија и инфраструктура
[уреди] Сообраќај
[уреди] Пристаниште Дуизбург
„Duisport“[10] е најголемото речно пристаниште во светот. Официјално се смета како „морско пристаниште“, поради тоа што бродовите може да одат до пристаништа во Европа, Африка и Блискиот Исток. Бројните докови, најчесто се лоцирани на устието на реката Рур, каде што се влива со Рајна.
Секоја година, повеќе од 40 милиони тони на различни добра се тргувани со повеќе од 20.000 бродови во пристаништето. Јавните пристанишни објекти се простираат на област од 7,4 км². Има 21 док, покривајќи површина од 1,8 км² и 40 километри пристапни патишта. Има голем број на компании кои водат сопствени докови и околу 70 милиони добра годишно се тргувани во просек низ Дуизбург.
[уреди] Патишта
Дуизбург е поврзан со неколку Autobahns, со 3 Исток-Запад рути и 2 Север-Југ рути. A3 формира заобиколница источно од градот и го опслужува најголемиот дел од сообраќајот. A59 тече паралелно со А3 и поминува околу градот од север кон југ со 14 раскрсници, повеќе од било кој друг град во областа Рур. A40 и A42 се двете исток-запад рути кои поминуваат низ централниот и северниот дел на Дуизбург. А40 го носи големиот дел од сообраќајот од Холандија до Берлин. Краткиот дел, A524 поминува на југ од Дуизбург. Повеќето автопати имаат 6 или повеќе од шест ленти (A59).
[уреди] Јавен превоз
Главната железничка станица Дуизбург е опслужувана од ИнтерСитиЕкспрес и ИнтерСити мрежата на долги дестинации на Германски железници, заедно со линиите С1 и С2 на С-железницата, која го поврзува Дуизбург со другите градови од областа Рајна-Рур.
Градската железница и автобускиот систем, двете управувани од Duisburger Verkehrsgesellschaft обезбедуваат локални услуги. Градската линија у79, т.н. D-Bahn, е врска со соседниот град Диселдорф и управувана заедно со Rheinbahn на Диселдорф. Сите С-линии, градската железница и автобуските линии се под управа на Verkehrsverbund Rhein-Ruhr
[уреди] Спорт
Дуизбург е вклучен во многу видови на спортови. Сепак, најважен за неговите жители и локалниот фудбалски клуб МСВ Дуизбург. Неодамна, со новата МСВ Арена доби нов спортски стадион за различни видови на спортови, како што се фудбал и американски фудбал. Во текот на летните месеци на 2005 светските игри се одржале во Дуизбург. Во текот на светското првенство во фудбал 2006, Дуизбург беше местото за припрема на португалската репрезентација и место на италијанската фудбалска репрезентација, која го освои првенството во финалниот натпревар против Франција. Дуизбург е исто така познат по неговиот маратон Рајна-Рур, неговото веслачки и регати во кану и светските првенства кои се одвиваат редовно. Други популарни спортси се хокеј на мраз, бејзбол, американски фудбал, ватерполо и хокер.
[уреди] Меѓународни односи
- Поврзано: Список на збратимени градови во Германија.
[уреди] Збратимени градови
Дуизбург е збратимен со:[11][12]
[уреди] Наводи
- ↑ „Статистики за население“. „Статистичко биро на Северна Рајна-Вестфалија“. Архивирано од оригиналот на 2008-02-09. http://web.archive.org/web/20080209015220/http://www.lds.nrw.de/statistik/datenangebot/daten/b/r311dichte.html.
- ↑ „Информации за времето за Дуизбург“. http://www.weather.com/outlook/travel/businesstraveler/wxclimatology/monthly/GMXX0027.
- ↑ Стентон, Шелби, Втора светска војна Битки: Енциклопедиски забелешки на американската војска борбите, 1939-1946, Stackpole Books, стр. 97.
- ↑ Џим & Том Пикок. „Дуизбург“. Geocities.com. Архивирано од оригиналот на 2009-10-23. http://www.webcitation.org/query?url=http://www.geocities.com/Pentagon/Bunker/7676/duisberg.html&date=2009-10-22+23:41:47. проверено на 2009-05-05.
- ↑ http://50jahre.wir-sind-du.de/?page_id=24
- ↑ http://www.tgrthaber.com/news_view.aspx?guid=631AD466-3816-439B-AB13-58C0A28DAA88
- ↑ http://www.xtranews.de/2010/11/30/das-ist-volkesstimme-thilo-sarrazin-in-duisburg/
- ↑ http://www.on5yirmi5.com/genc/haber.19761/turk-edebiyati-avrupada.html
- ↑ Quantara.de retrieved 25 јули 2008
- ↑ Дуизпорт[мртва врска]
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 „Градови збратимени со Дуизбург“. www.duisburg.de. http://www.duisburg.de/micro/english/introducing/102010100000187829.php. проверено на 2009-05-07.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 „Список на збратимени градови во областа Рур“. © 2009 Twins2010.com. http://www.twins2010.com/fileadmin/user_upload/pic/Dokumente/List_of_Twin_Towns_01.pdf?PHPSESSID=2edd34819db21e450d3bb625549ce4fd. проверено на 2009-10-28.
- ↑ Градски совет Портсмут. Збратимување. Retrieved 22 август 2007.
- ↑ Брајан Доерти. „Портсмут-Дуизбург англиско-германски пријатели“. Portsmouth-duisburg.tripod.com. http://portsmouth-duisburg.tripod.com/. проверено на 2011-04-07.
- ↑ „Пријатели Дуизбург-Портсмут“. Portsmouthfreunde.de. http://www.portsmouthfreunde.de/. проверено на 2011-04-07.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Дуизбург“ |
- Official Службена страница на градот (на англиски)
- Универзитет Дуизбург-Есен (на германски)
- Универзитет Дуизбург-Есен
- Туристички информации за Дуизбург
- Зоолошката во Дуизбург во Zoo-Infos.de (на англиски)
- Светски игри 2005 во Дуизбург
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
|
||||||||||