Дубиоза колектив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дубиоза колектив
Познат(а) и како Дубиоза
Потекло Зеница,Сараево
Босна и Херцеговина
Жанрови Реге
Даб
Алтернативен Рок
Ска
Хип Хоп
Период на активност 2003–денес
Издавачи Грамофон
Екипа
Мреж. место http://www.dubioza.org
Членови
Адис Звекиќ
Алмир Хасанбеговиќ
Ведран Мујагиќ
Бранко Јакубовиќ
Сенад Шута
Армин Бушталиќ
Марио Шеварац
Поранешни членови
Адиса Звекиќ
Алан Хајдук
Емир Алиќ
Орхан Масло - Оха


Дубиоза колектив (босански: Dubioza kolektiv) или познат едноставно како Дубиоза/Dubioza е босанско-херцеговски музички бенд, основан во 2003 година во Зеница, Босна и Херцеговина.Нивната музика е мешавина од Реге ,Даб ,Алтернативен Рок ,Ска и Хип Хоп, а нивните текстови се со силни социјални и политички пораки.Во текот на својата кариера бендот има издадено 5 студиски албуми и 1 ЕП.

Историја[уреди]

Бендот е основан во 2003 година од страна на поранешните членови на бендот Gluho doba against Def Age од Зеница,водечкие вокали, Адис Звекиќ и Алмир Хасанбеговиќ на кои им се приклучуваат поранешните членови на сараевскиот бенд Орнаменти, бас гитаристот Ведран Мујагиќ и тонскиот инженер, DJ и клавијатурист Бранко Јакубовиќ , а подоцна во бендот се вклучуваат и гитаристот Армин Бушталиќ кој е поранешен член на бендовите SCH, Beastly Stroke, тапанарот Сенад Шута,перкусионистот Орхан Масло - Оха и во 2011 година саксофонистот Марио Шеварац.

Бендот го издава својот прв студиски албум наречен Дубиоза Колектив во Април 2004 година, а истата година во Декември месец во заедничка соработка со Бенџамин Зепанија и Муш Хан членови на пакистанско - британскиот даб музички состав Fun-da-mental, го издаваат своето прво , Open Wide. Во Јуни 2006 година го издаваат својот втор студиски албум за издавачката куќа Грамофон наречен Dubmamite на кој гостуваат францускиот артист Niköll(Nicolas Cante) и бендот Defence од Тузла.Во 2008 година бендот го снима својот прв студиски албум на босански јазик-Firma Ilegal, a дотогаш снимаат исклучиво на англиски јазик.На 12 Април 2010 година го издаваат претпоследниот албум 5 do 12 кој за сите фанови е поставен на нивната веб страница за бесплатни симнувања кои достигнаа бројка преку 200,000 побарувања.Последниот албум на бендот Wild Wild East е издаден во 2011 година и предизвикува голема заинтересираност кај публиката низ Европа пред се заради добрите критики, измешаните стилови на музика интересните текстови напишани и изведени на англиски јазик.