Друштво на мртвите поети

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Dead Poets Society“
Податотека:Dead poets society.jpg
Theatrical poster
РежисерPeter Weir
ПродуцентSteven Haft
Paul Junger Witt
Tony Thomas
СценаристTom Schulman
Главни улогиRobin Williams
Robert Sean Leonard
Ethan Hawke
Kurtwood Smith
Gale Hansen
Norman Lloyd
МузикаMaurice Jarre
МонтажаWilliam M. Anderson
ДистрибутерTouchstone Pictures
Премиерајуни 2 1989 (1989-06-02) (САД limited, Toronto, Canada)
јуни 9 1989 (1989-06-09) (U.S. wide)
јули 20 1989 (1989-07-20) (AUS)
септември 22 1989 (1989-09-22) (UK)
Времетраење128 минути
Јазиканглиски
Буџет$16,400,000
Бруто заработка$235,860,116[1]

Друштво на мртвите поети е филм од 1989 година во режија на Питер Вир. Дејството се случува во 1959 година во едно аристократско и подготвително училиште и раскажува приказна за професор по англиски јазик кој ги инспирира своите ученици да ги променат своите конформистички животи преку неговите предавања на поезија и литература. Филмот е модерна интерпретација на трансценденталното движење. Приказната е сместена во академијата Велдон, во Вермонт а филмот е снимен во училиштето Св. Ендрујз во Мидлтон, Делвер. Сценариото, напишано од Том Шулман, е засновано врз основа на животот во Акедмијата Монтгомери Бел, машко подготвително училиште во Нешвил, Тенеси. Исто така е објавен и роман од Ненси Клејнбаум (ISBN 0-553-28298-0) заснован врз сценариото од филмот.

Заплет[уреди | уреди извор]

Седум момчиња, Нил Пери (Роберт Шон Леонард), Тод Андерсон (Итан Хок), Нокс Оверстрит (Џош Чарлс), Чарли Далтон (Гејл Хансен), Ричард Камерон (Дилан Кусман), Стивен Микс (Алелон Ружерио) и Џерард Питс (Џемс Ватерстон) ја посетуваат наставата во престижното подготвително училиште, академијата Велтон, чии четири основни принципи се: Традиција, Чест, Дисциплина и Совршеност. На првиот ден од нивниот час на учениците им е претставена обемната и необична наставна програма од страна на сериозниот управител на училиштето Гејл Нолан (Норман Лојд). Сепак, нивниот нов наставник по англиски јазик, Џон Китинг (Робин Вилијамс) им кажува на учениците дека може да го викаат "O капетане! Мој капетане!" (наслов од песна на Волт Витман) доколку се чувствуваат доволно храбри за тоа. Неговиот прв час е сосеам несекојдневен и необичен за стандардите на Велтон, свиркајќи ја Увертирата 1812 и водејќи ги надвор од училницата за да ги фокусира на идејата carpe diem (на латински 'искористи го денот') преку гледање на фотографии од поранешни ученици на Валден. На друг час Китинг го тера Нил да го чита воведот од нивната книга за поезија, во која е приложен еден застарен и тотално безживотен есеј наречен “Разбирање на поезијата" од фиктивниот академик Д-р Џ.Еванс Причард, во кој се опишува како да се рангира квалитетот на песната на скала и да се рангира со број. Китинг ја смета ваквата идеја за математичка литературна критика смешна (нарекувајќи ја “измет") и ги охрабрува неговите ученици да го искинат воведниот есеј од нивните книги. По кратката реакција на неверување, учениците го прават тоа расположено, а Китинг им честита со незаборавната реченица "Збогум Џ.Еванс Причард, доктору на науки" (потег кој наидува на запрепастување и неверување од страна на еден од колегите на Китинг). Подоцна тој им вели на учениците да се качат на клуипите со цел да го гледаат светот на поинаков начин, онака како што мислел Хенри Дејвид Тореу кога напишал, "Универзумот е поголем од нашите сфаќања за него" (Валден). Останатиот дел од филмот е процес на будење, во кој момчињата (и публиката) откриваат дека авторитетот може и мора секогаш да служи како водич, но единственото место каде што некој може да го најде својот вистински идентите во самиот себеси. За таа цел, момчињата тајно повторно го оживуваат стариот литературен клуб во кој членувал и самиот Китинг, наречен Друштво на мртвите поети. Тод доживува посебна трансформација кога во тешка епизода на самосвесност, не успева да ја заврши задачата по творечко пишување и последователно поминува низ процес на вежба за нетипично самоизразување, сфаќајќи го креативниот потенцијал којшто навистина го поседува. Едно од момчињата, Чарли Далтон, оди предалеку со неговата лична слобода и објавува профана и неовластена статија во училишниот весник. На запрепастеност на другите момчиња, Чарли наведува дека би сакал и на девојчињата да им биде дозволено да учат во Велтон. Тој дури и симулира телефоснки повик до господ за да им биде дозволено на девојчињата да го посетуват Велтон. Деканот Нолан го исшрашува Чарли за вклученоста на другите во инцидентот. Чарли вели дека делувал сам. Нил, без дозвола на татко му, сака да настапува во локалната продукција на драмата на Шекспир Сон на летната ноќ. Тој очајно сака да биде глумец, но неговиот татко (Куртвод Смит) не се согласува со тоа. Еден ден, кога Нил влегува во неговата спална соба, тој го наоѓа неговиот татко како го чека.Тој му наредува на Нил да се повлече од претстават, но Нил оди против неговата волја и прекрасно ја одигрува улогата на Пак. Побеснет од навредата на неговиот авторитет, таткото на Нил планира да го повлече од Велтон и да го запише во Военото училиште Браден, за да го подготви за Харвардскиот универзитет проследена со медицинска кариера. Неспособен да се соочи со иднината која го чека и подеднакво во неможност да го натера неговиот татко да ја разбере неговата страст за глума, Нили извршува самоубиство со револверот на татко му. По барање на родтиелите на Нил, управителот на училиштето спроведува истрага за трагедијата. Нолан добива помош од еден од учениците, Ричард Камерон. Кога Чарли Далтон открива дека Камерон не само што ги шпиунирал, туку го обвинил и Китинг, тој во бес го напаѓа својот поранешен пријател, по што е исклучен од Велтон. Родителите на Нил не првземаат одговорносѕ за смртта на нивниот син и наместо тоа го обвинуваат Китинг. Во канцеларијата на Нолан, Тод е насила натеран да го потпише писменото признание со кое се обвинува неговиот поранешен наставник. Настаните покажуваат дека и другите ученици кои му се сè уште верни на Китинг, исто така се присилени да го направат тоа.Китинг е обвинет дека ги поттикнал момчињата да го возобноват Друштвото на мртвите поети и е отпуштен од работа, иако момќињата сами го направија тоа. Во драматичната завршница на филмот, момчињата се враќаат на часот по англиски јазик по отпуштањето на Китинг. Часовите сега привремено се држат од Нолан, кој ги тера момчињата да читаат токму од есејот чии страници тие ги искинаа на почетокот а семестарот. Како што се провлекува часот, Китинг влегува во училницата да си ги земе работите. На излегување, Тод му се извинува на Китинг за потпишувањето на признанието, нагласувајќи го притисокот што бил спроведен врз него од академијата. Китинг го признава тоа. Нолан строго му наредува на Тод да биде мирен и побарува од Китинг веднаш да замине. На излегување од училницата, Китинг е запрепастен кога слуша “Капетане! Мој капетане!”, извикано од Тод, кој се качува на клупата онака како што ги тераше Китинг порано, демонстрирајќи ја новата перспектива на која што ги научи Китинг. Во бес, Нолан го предупредува Тод да седне веднаш или да се соочи со исклучување. Потоа, еден по еден, членовите на Друштвото на мртвите поети (освен Камерон), се искачуваат на но нивните клупи, извикувајќи “О капетане, мој капетане”, како своевидна форма на поздрав. Побеснетиот Нолан е поразен. Тој не може да го избрка половина клас, а со тоа да не го компромитира имиџот на училиштето, а со тоа и неговата репутација. Китинг е трогнат и им се заблагодарува на момчињата. Потоа го напушта Велтон засекогаш, задоволен што животните лекции кој тој им ги предаваше оставиле впечаток врз нив.

Извори и инспирации[уреди | уреди извор]

Инспирација за ликот на Робин Вилијамс е професорот по англиски јазик Самуел Ф. Пикеринг, јуниор, од Универзитетот во Конектикат, кој му бил поранешен професор на авторот Thomas Schulman во Академијата Монтгомери Бел во Нешвил, Тенеси. Вилијамс, сепак, делумно го базирал својот портрет на ликот според починатиот Џон Кембел, професорот по историја на Вилијамс во приватно училиште во Детроит. На првиод ден од часпвите за Кембел било вообичаено да го фрли учебникот по американска историја во корпата за ѓубре и да започне со предавање без посебни воведи. Воведниот есеј којшто на часот на Китинг учениците го читаат од нивниот учебник по поезија на почетокот на филмот е речиси буквално преземен од 15 поглавје од книгата на Лоренс Перни (1915-1995) Звук и смисла: Вовед во поезијата,[1] кој повремено сè уште се користи на часовите по англиска литература во САД. Во една сцена, свирач на гајда стои на доковите среде ноќ. Песната што ја свири е "Полињата на Атенри", ирска балада која ја раскажува приказната за човек кој застанува наспроти гладот и круната, по што е уапсен и одведен Ботани Беј. Ова потсетува на акцијата на момчињата: тие се дигнаа против училиштето и беа казнето поради тоа, иако го направија тоа од оправдани причини. Песната е компонирана во седумдесеттите години. Униформата на фиктивната академија Велтон наликува на онаа што ја носел режисерот Вир во неговото средно училиште, Шкотскиот колеџ, вклучувајќи буен лав на џебовите од блејзерот. Разликата е во тоа што во Велтон се користени црвени и сини, додека во Шкотскиот колеџ златна и сина боја. Точниот цитат од Хенри Дејвид Тореау прочитан на почетокот на секој состанок е: "Отидов во шумата бидејќи сакава да живеам споро, да се соочам само со основните факти на животот и да видам дали не можам да го научам она што може да се предаде и да не, кога ќе дојдам да умра, откријам дека не сум живеел...не сакав да го живеам она што не е живот, животот е толку мил, ниту пак сакав да вежбам разочарување, освен ако тоа не беше потребно. Сакав да живем длабоко и да ја исцицам сржта на животот. Нил Пери ги рецитира зборовире од монологот на Пак на крајот од Сонот на летната ноќ.

Продукција[уреди | уреди извор]

Распоредување на улоги[уреди | уреди извор]

Бил Мареј и Дастин Хофман прво биле земени предвид за улогата на Џон Китинг. Кога се планирало Џеф Канју да го режира филмот, се прошириле гласини дека Лијам Нисон ја добил главната улога, но сепак улогата му била доделана на Робин Вилијамс кога Питер Вир почнал да го режира филмот. Дастин Хофман подоцна ја величеше глумата на Вилијамс, тврдејќи дека Вилијамс завршил подобра работа отколку што тој би можел да направи. Робин Вилијамс изјавил за време на снимањето на филмот дека бил целосно навлезен во улогата на Џон Китинг бидејќи тој бил тип на наставник каков што тој отсекогаш сакал да има во училиште.

Снимање[уреди | уреди извор]

Режисерот Питер Вир одбрал да го сними по хронолошки редослед за подобро да го прикаже развојот на односите помеѓу момчињата и нивната растечка почит спрема г. Китинг. Сместен во руралната област на Вермонт, во период на есента, одбраната локација за филмот е малото интернатско училиште за слободни уметности во Мидлтон, Делавер (главно за сцените од училиштето), која служела како слична локација за Вермонт. Всушност, нема пештера во шумите околу Св. Ендрујз. Други градови во Делавер се користени за театарските сцени, сцените во домот на Нил и надворешните снимања од пештерските сцени (состаноците на Друштвото). Првично се планирало филмот да биде снимен во Колеџот Бери, во Џорџија, но се покажало дека правењето на вештачки снег ќе биде прескапо и затоа проектот бил преселен во Делавер. Снимањето на филмот траело помеѓу 14 ноември 1988 и 15 јануари 1989 година. Режисерот Питер Вир гиохрабрувал младите глумци во филмот да импровизираат во некои сцени и понекогаш намерно им дозволувал да ја завршат сцената без да извика “сечи”, со цел да го види резултатот. Питер Вир го посетувал Шкотскиот колеџ, приватно училиште за момчиња во Сиднеј. Униформите, дисциплината и целокупното чувство од училиштето е преточено во многу сцени од филмот. Во 1994 година филмот доживеа и сценска адаптација. Питер Вир присуствуваше на премиерата и зборуваше за правењето на филмот.

Прием[уреди | уреди извор]

Општиот прием на Друштвото на мртвите поети беше добар. Критичарите главно ја величеа возвишената и трогателна порака на приказната, длабочината на многумина од ликовите и глумецските вештини на Вилијамс. Критичарот Жан Шалит од The Today Show нагласил дека тоа е "еден од најдобрите филмови коишто некогаш ги имам гледано." Сепак, филмот доби и негативни критики од Роџер Еберт, кој сметал дека филмот е бесрамен во "во обидот да и се додвори на адолесцентската публика."

Награди и номинации[уреди | уреди извор]

Друштвото на мртвите поети доби Оскар за оригинално сценарио (Том Шулман) и беше основа за книгата"Друштво на мртвите поети". Питер Вир беше номиниран за Окар за најдобар режисер, а филмот за најдобар филм на годината. Филмот исто така ја доби и Наградата BAFTA за најдобар филм. • Награда Оскар (САД) o добиена: најдобро оригинално сценарио (Том Шулман) o номинација: најдобар глумец - главна улога (Робин Вилијамс) o номинација: најдобар режисер (Питер Вир) o номинација: најдобар филм • Награди BAFTA (Обединетото Кралство) o добиена: најдобар филм o добиена: најдобра музика (Морис Жар) o номинација: најдобар глумец главна улога (Робин Вилијамс) o номинација: најдобар режисер (Питер Вир) o Номинација: најдобар уредник (Вилијам М. АНдерсон) o номинација: најдобро оригинално сценарио (Том Шулман) • Цезар награда (Франција) o добиена: најдобар странски филм • Награда David di Donatello (Италија) o добиена: најдобар странски филм • Здружение на режисери на Америка (САД) o номинација: истакнат режисерски успех во филмови (Питер Вир) • награда Залетн Глобус (САД) o номинација: најдобар глумец во филмска драма (робин Вилијамс) o номинација: најдобар режисер (Питер Вир) o номинација: најдобар филм - драма o номинација: најдобро сценарио (Том Шулман)

Музика од филмот[уреди | уреди извор]

  1. Carpe Diem
  2. Neil
  3. To the Cave
  4. Keating's Triumph

Музиката е компонирана од Maurice Jarre.

Наводи[уреди | уреди извор]

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Munaretto, Stefan (2005). Erläuterungen zu Nancy H. Kleinbaum/Peter Weir, 'Der Club der toten Dichter'. Hollfeld: Bange. ISBN 3-8044-1817-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: