Друштвени медиуми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Централизација на мрежата од доминантни платформи за друштвени медиуми

Друштвени медиуми — алатки и платформи кои луѓето ги користат на интернет за да споделуваат мислења, искуства, погледи и какви било други информации едни со други. Друштвените медиуми може да користат различни форми: текст, слики, аудио и видео записи. Популарни друштвени медиуми се блоговите, форумите, подкастите, вики-апликациите, влоговите, како и другите форми на друштвено вмрежување.

Терминот прва го употребила Тина Шарки, применувајќи го на форма на интернет содржини која ја сочинуваат членови на една заедница во 1997 година, по што го регистрирала доменот "socialmedia.com". Подоцна терминот го популаризирал Крис Шипли, во контекст на обединувањето на блоговите, вики-апликациите, друштвените мрежи и сродните технологии во една нова форма наречена партиципативни медиуми.

Класификација на друштвените мрежи[уреди | уреди извор]

Постојат повеќе технологии на кои се засноваат друштвените мрежи вклучувајќи ги Интернет форумите, блоговите, микроблогирањето, викијата, друштвените мрежи, подкастите, фотографиите, видеото, social bookmarking. Со повеќе теории во полето на истражување на медиумите (социјалното присуство и богатството на медиумите) и социјалните процеси (самопрезентирањето), Кеплан и Ханлејн ја создаваат класифицираната шема во својот напис „Бизнис Хоризони (2010)“, со шест различни видови на друштвени мрежи: колаборативни проекти (пример: Википедија), блогови и микро-блогови (пример: Twitter), заедница што создава содржина (пример: YouTube), сајтови за поврзување (пример: Facebook), виртуелни гејминг светови (пример: World of Warcraft) и виртуелни социјални светови (пример: Second Life). Додека, технологиите вклучуваат: блогови, споделување на фотографии, влогоби (видео блогови), објавување на ѕидови, и-мејл, инстант допишување, споделување на музика, набавка од толпа (crowdsourcing )и зборување преку IP (VoIP). Многу од овие сервиси може и се интегрирани во дел од денешните платформи на друштвени мрежи.

Мобилни друштвени мрежи[уреди | уреди извор]

Кога друштвените мрежи се користат со помош на мобилните уреди, тие се нарекуваат мобилни друштвени мрежи. Друштвените мрежи се група од апликации за мобилен маркетинг кој им овозможува на корисниците да создаваат и разменуваат содржина. Со оглед на тоа дека мобилните друштвени мрежи работат на мобилните уреди, тие се разликуваат од традиционалните друштвени мрежи, бидејќи вклучува нови фактори како што се локацијата на корисникот (гео-лоцирање) или доцнењето на испраќаните и приманите пораки. Според Кеплан, апликациите за мобилните друштвени мрежи се разликуваат во четири типови:

  1. Локациски и временски (зависни од локацијата и времето): Размена на пораки со релевантност за една специфична локација во одредена точка во исто време (пример: Facebook Places, Foursquare)
  2. Локациски (зависни само од локацијата): Размена на порки со релевантност за само една локација, кои се тагирани на одредено место.
  3. Брзи тајмери (зависни само од времето): Преносот на традиционалните друштвени мрежи на мобилните уреди е доста зголемено (пример, Објавување на твитови и статуси)
  4. Бавни тајмери (не зависат ниту од локацијата, ниту од времето): Трансфер на традиционалните друштвени мрежи на мобилните уреди (пример, гледање на YouTube видео или читање на статии на Википедија)

Примери на сервиси[уреди | уреди извор]

  • StumbleUpon Архивирано на 10 јануари 2006 г.: платформа за споделување врски
  • MySpace: платформа за блогирање
  • YouTube: платформа за видео-блогирање
  • Videopodcasts.TV Архивирано на 27 јануари 2011 г.: платформа за подкасти
  • Second Life: платформа за играње во виртуелен свет
  • Digg: платформа за споделување вести
  • del.icio.us: платформа за споделување врски
  • Reddit: платформа за споделување вести
  • Flickr: платформа за споделување фотографии
  • Webjay: платформа за споделување плејлисти
  • indymedia: глобална мрежа на независни новинари и алтернативни медиуми
  • blip.tv: платформа за видео подкасти
  • imeem: мрежно место за споделување медиумски содржини
  • Sneakerplay: платформа за друштвено вмрежување
  • MyMediaRoom: платформа за друштвено вмрежување

Поврзано[уреди | уреди извор]