Државни празници во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Државни празници во Македонија

Државни празници во Македонија
! Датум Име на празник Забелешки
24 мај Ден на македонските и сесловенските просветители и учители Чествување на Св. Кирил и Методиј.
2 август Илинден Почеток на Илинденското востание и заседанието на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија.
8 септември Ден на независноста Осамостојување на Македонија од СФР Југославија.
11 октомври Ден на востанието Почеток на Народноослободителната борба на Македонија.
23 октомври Ден на мaкедонската револуционерна борба Основање на Македонската Револуционерна Организација.
8 декември Св. Климент Охридски Патрон на Македонија.
 
Празници во Македонија
1 јануари Нова Година
7 јануари Прв ден Божиќ - (православен)
Втор ден Велигден - (православен) Датумот е променлив.
1 мај Ден на трудот
Рамазан Бајрам Датумот е променлив.
 
Празници на малцинските заедници
27 јануари Свети Сава, ден на српската заедница. Патрон на Србите.
8 април Меѓународен ден на Ромите Ромска декада.
23 мај Ден на Власите. Датум кога Власите биле признати за посебен народ во Отоманската Империја.
28 септември Меѓународен ден на Бошњаците. Одржување на сèбошњачкото собрание во Сараево, кога се вовел поимот „Бошњаци“.'
Јом Кипур, ден на еврејската заедница. „Ден на помирувањето“. Празникот е прославен од еврејската заедница во Македонија.
22 ноември Ден на албанската азбука Датум на одржување на Битолскиот конгрес за албанската азбука.
21 декември Ден на настава на турски јазик Воведување на турскиот јазик како наставен јазик.
 
Верски празници за припадници на верските заедници
6 јануари Бадник, ден пред Божиќ Верски празник за православните граѓани на Македонија.
19 јануари Водици Верски празник за православните граѓани на Македонија.
Втор ден Велигден (католички) Верски празник за католичките граѓани на Македонија. Датумот е променлив.
Велики петок, петок пред Велигден Верски празник за православните граѓани на Македонија. Датумот е променлив.
28 август Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) Верски празник за православните граѓани на Македонија.
1 ноември Сите Светци (католички) Верски празник за католичките граѓани на Македонија.
25 декември Божиќ (католички) Верски празник за католичките граѓани на Македонија.
Духовден, петок пред Духовден. Верски празник за православните граѓани на Македонија.
Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. Верски празник за муслиманските граѓани на Македонија.

Надворешни врски[уреди]