Дремлинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пејзаж во Дремлинг
Локација на природниот парк во Германија

Дремлинг е слабо населена низина на границата на Долна Саксонија и Саксонија-Анхалт во Германија со област од околу 340 км². Поголемиот дел припаѓа на Саксонија-Анхалт на исток и е природен парк од 1990. Поранешното мочуриште било изменето со дренажа од природен во културен пејзаж во 18-от век по наредба на Фридрих II Велики од Прусија . Денес, низината, со нејзините водни патишта, Средногерманскиот Канал и реките Алер и Оре е прибежиште на ретки или загрозени видови на животни и растенија. Поголемиот дел од областа е составена од природни паркови и заштитени области. Соседни градови се Ебисфелде и Волфсбург.

Локација[уреди]

Дремлинг се наоѓа во наоѓа во низина околу 15-20 километри. Тој е поширок дел на глацијалната долина Бреслау-Магдебург-Бремен. Во поширока смисла се протега од Волфсбург-Форсфелде на запад до Калферде на исток и од Клеце на север до Ебисфелде на југ.

Дремлинг се простира на следниве окрузи: Алтмарк Залцведел, Берде, Гифхорн, градот Волфсбург и Хелмштет.

Поврзано[уреди]

Извори[уреди]

  • Heinz Frenkler: Der Drömling in Naturschutzgebiete im Raum Gifhorn-Wolfsburg, Großkopf-Verlag, Wolfsburg 1986, ISBN 3-929464-00-4
  • Helmut Maigatter: Land der tausend Gräben – Aus der Geschichte des Drömlings. 2. Auflage 1997, gedruckt in Helmstedt, ohne ISBN
  • Naturschutz im Land Sachsen-Anhalt, Sonderheft: Der Naturpark Drömling. Landesamt für Umweltschutz Sachsen-Anhalt, Abteilung Naturschutz, Halle 1993, ISSN 0940-6638
  • Ernst Andreas Friedrich: Naturdenkmale Niedersachsens. Hanover 1980. ISBN 3-7842-0227-6

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]