Драгославеле
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Драгославеле | |
|---|---|
| — Комуна — | |
|
|
|
| Координати: 45°21′N 25°10′E / 45.35°N 25.167°E | |
| Држава | |
| Арѓеш | Округ |
| Население (2002)[1] | 2.549 |
| Часовен појас | ИВ (UTC+2) |
| - Лете (DST) | ИЛВ (UTC+3) |
Драгославеле (романски: Dragoslavele) е комуна во округот Арѓеш во јужна Романија, во која живеат 2.549 жители. Комуната се наоѓа во Влахија, на самата граница со Трансилванија. Местото е значајно и поради големиот број на пансиони, кои се наоѓаат во него, со што претставува важна попатна станица во регионот.
[уреди] Географија
Драгославеле се наоѓа на падините на Јужните Карпати, на брегот на реката Дембовица.
[уреди] Историја
Уште од средниот век, па сè до 1914, местото било значајна точка на границата меѓу Влахија и Хабзбуршката монархија (по 1867, Австро-Унгарија). За време на Првата светска војна, поточно во октомври 1916, околината на Драгославеле била поле на крвави борби меѓу романската и германската војска.
