Достиника (тврдина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Достиника
Општи податоци
ЗемјаСрбија

Достиника е назив за првата престолнина на Србија и седиште на првата српска држава под власта на династија Властимировиќи. Византискиот цар Константин Порфирогенит во неговата списа “За управувањето на Царството” го споменува името на градот. Сепак, точната му местоположба денеска сѐ уште не се знае но се смета дека тој град се наоѓал помеѓу денешниот Приеполе и Сеница. Градот постоел до околу 12 век.