Досиеја икс
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Досиеја икс | |
| Формат | научна фантастика, драма, трилер, хорор, мистерија |
|---|---|
| Создадена од | Крис Картер |
| Настапуваат | Дејвид Дуковни Џилијан Андерсон Роберт Патрик Анабет Гиш Мич Пилеџи |
| Земја на потекло | САД, Канада |
| Број на сезони | 9 |
| Број на епизоди | 202 (Листа на епизоди) |
| Продукција | |
| Локаци(ја/и) | Канада САД |
| Времетраење | 43 минути (една епизода) |
| Емитување | |
| Канал на емитување | ФОКС |
| Формат на слика | 4:3 (оригинално емитување) 16:9 (ДВД сезони 5-9) |
| Емитување | 10 септември 1993 – 19 мај 2002 |
|
|
|
Досиеја икс е наградувана американска научно-фантастична телевизиска серија создадена од Крис Картер. Првобитно е емитувана на ФОКС телевизија, од 10 септември 1993 до 19 мај 2002, комплетирајќи девет сезони. Во главните улоги настапуваат Дејвид Дуковни (Фокс Молдер) и Џилијан Андерсон (Дејна Скали), ФБИ агенти кои имаат за задача да истражуваат паранормални феномени, а чести заплети се теориите на заговор за вонземјаните и нивната врска со владата.
Серијата стана многу популарна и популаризираше некои фрази како „Вистината е таму некаде“, „Никому не верувај“, „Сакам да верувам“. Обожавателите ги делат епизодите на епизоди со митолошки приказни, чија тема е инвазијата на вонземјани, и на епизоди т.н. „чудовишта на неделата“, чија тема се суштества и ситуации поврзани со паранормалното. Исто така, неколку епизоди се посветени на истражување на врската меѓу Молдер и Скали.
Американскиот магазин TV Guide ја означи Досиеја икс како една од најпопуларните телевизиски серии на сите времиња, а и како втора култна серија на сите времиња, по Ѕвездени патеки.

