Дордоња (река)

Координати: 45°2′29″N 0°36′24″W / 45.04139° СГШ; 0.60667° ЗГД / 45.04139; -0.60667 (Жиронда-Дордоња)
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дордоња
Местоположба
Физички особености
УстиеГарона
45°2′29″N 0°36′24″W / 45.04139° СГШ; 0.60667° ЗГД / 45.04139; -0.60667 (Жиронда-Дордоња)
Должина483 км
Особености на сливот

Дордоња (француски: Dordogne; окситански: Dordonha) — река во југозападна Франција.

Името на реката доаѓа од латинскиот назив „Дураниј“ (латински: Durānius),[1] кој пак е изведен од преткелтскиот корен дур-, дор-.

Географија[уреди | уреди извор]

Реката Дордоња на карта

Течението на реката почнува од падините на планината Пиј де Санси (1.885 м) во Оверњ, откако ќе се спојат два потока над гратчето Мон Дор: Дор (Dore) и Доњ (Dogne), и така реката го добива името како кованица од нивните имиња. Реката тече на во западен правец во должина од 500 км низ областите Лимузен и Перигор пред да се влее во естуарот Жиронда, кој го дели со Гарона во северниот дел на градот Бордо.

Природа[уреди | уреди извор]

Реката Дордоња е една од малкуте во светот што добиваат приливен бран од морето.[2]

Горната долина на Дордоња се одликува со низа длабоки клисури. Водата тече во брзаци по тесните кланци, но на неколку места има брани со долги длабоки езера. На пошироките места има летниковци и кампови.

Под Аржента и околу Болие на Дордоња, долината се шири плодни полиња, пасишта и овоштарници. Населените места се привлечни за туристи поради нивната историја и архитектура, а кејовите се полни со ресторани, кафетерии и барови. Во Перигор, долината е уште поширока и опфаќа едно од главните гастрономски во земјата со лозја и винарии, живинарски фарми и шумовити предели богати со тартуфи.

Туристичката сезона во Долината на Дордоња трае од јуни до септември, а ударни месеци се јули и август

Течение[уреди | уреди извор]

Реката тече низ следниве населени места:

Притоки[уреди | уреди извор]

Дордоња во Перигор
Дордоња во Аржента, Корез

Главни притоки на Дордоња се:

  • (Д) Шаванон
  • (Л) Ру
  • (Д) Дјеж
  • (Л) Симена
  • (Д) Триузун
  • (Л) Оз
  • (Д) Лизеж
  • (Д) Дустр
  • (Л) Марона
  • (Л) Сер
  • (д) Сурдоар
  • (Л) Уис
  • (Л) Сеу
  • (Д) Везер
  • (Д) Ил
  • (Л) Лоранс

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]