Долно Шел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Шел
Κάτω Βέρμιο
Поглед на скијачкиот центар „Шел“
Поглед на скијачкиот центар „Шел“
Долно Шел is located in Грција
Долно Шел
Долно Шел
Местоположба во областа
Долно Шел во рамките на Бер (општина)
Долно Шел
Местоположба на Долно Шел во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°34′N 22°02′E / 40.567° СГШ; 22.033° ИГД / 40.567; 22.033Координати: 40°34′N 22°02′E / 40.567° СГШ; 22.033° ИГД / 40.567; 22.033
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Површина
 • Вкупна38,915 км2 (15,025 ми2)
Надм. вис.&100000000000014000000001.400 м
Најг. вис.&100000000000015400000001.540 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно75
 • Густина0,0.019/км2 (0,0.050/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.591 00
Повик. бр.+30-2331-xxx-xxx
Рег. таб.ΗΧ

Долно Шел или Долно Село (грчки: Κάτω Βέρμιο, Като Вермио, архаично: Κάτω Βέρμιον, Като Вермион, до 1926 година Κάτω Σέλι, Като Сели;[2] влашки: Selia de Jos, Селија де Жос) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено 22 километри југозападно од градот Негуш и 20 километри северозападно од градот Бер. Сместено е во источните пазуви на планината Каракамен на надморска височина од 1.400 метри.[3] Поради неговата надморска височина, селото е едно од највисоките села во Грција.

Атарот на селото се простира на 39 квадратни километри.[3] Над селото се наоѓа скијачкиот центар Шел („Сели“). До самиот скијачки центар води асфалтен пат од градовите Бер и Негуш, а преку планината Каракамен и со градовите Кожани и Кајлари.

Историја[уреди | уреди извор]

Долно Шел, како и соседното Горно Шел, до 1822 година било населено со македонско население кое настрадало во Негушкото востание. Неговите жители кои се спасиле од јатаганите на турската војска и башибозукот биле принудени да се раселат во источна Македонија и на други места.[3]

Подоцна, во периодот 1826-1835 година тука се населиле влашки семејства дојдени од Епир, најмногу од селата Авдела и Самарина.[3][4] Долно Шел постепено прераснало во голема населба.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Неговите жители во минатото најмногу се занимавале со сточарство, поради одлични и поволните услови за тоа. Денес, селото главно преживува од туризмот, особено зиме, со скијачкиот центар во негова близина.

Поради скијачкиот центар биле обновени и изградени многу куќи, планински колиби и вили. Селото поседува неколку хотели, кафулиња и ресторани.

Скијачкиот лифт бил првиот изграден во денешна Грција во 1934 година,[5] со што скијачкиот центар „Шел“ е најстар во земјата.

Население[уреди | уреди извор]

По доселувањето на влашкото население, селото Долно Шел постепено прераснувало во голема населба, па така К’нчов го наведува како село со 3.000 жители Власи, а во пописот од 1913 година е забележано со 2.000 жители. Во пописот од 1920 година не се води како населба, бидејќи неговите жители со своите стада се наоѓале на зимување во полето. Во 1928 година е забележано со 707, а во 1940 година со 636 жители. Во пописот од 1951 година се води како напуштена населба, во 1961 година има само 5 жители, во 1971 година 97, во 1981 година 133, а во 1991 година веќе 463 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 260 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 75 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 636 5 97 133 463 260 75
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Долно Шел, во кој Долно Шел е единственото село.

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Σέλι -- Κάτω Βέρμιον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 34–35.
  4. „Το Χωριό Σέλι“. Архивирано од изворникот на 2008-10-03. Посетено на 2016-02-23.
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-04-30. Посетено на 2016-02-23.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]