Нидершлезишер Оберлаузицкрајс (германски: Niederschlesischer Oberlausitzkreis, што означува Округ Долношлезиска Горна Лужица) бил најисточниот Kreis (округ) на Саксонија и Германија. Соседни окрузи биле (од југ во насока на стрелките на часовникот) Лебау-Цитау, Бауцен, Каменц и округот Шпре-Ниса во Бранденбург. Урбаниот округ Герлиц бил на исток, до границата со Полска.
Историја [уреди]
Територијата на овој округ не била дел од Саксонија пред Втората светска војна; туку, заедно со градот Герлиц, бил дел од германска Шлезија. Кога поголемиот дел од Шлезија припаднал на Полска по војната, малиот дел од шлезиската провинција бил споен со Саксонија.
Моменталниот округ бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Ниски и Вајсвасер и поголемиот дел од поранешниот округ Герлиц. Во август 2008, станал дел од новиот округ Герлиц.
Географија [уреди]
Главната река во округот е Лужичка Ниса, која исто така ја создава границата со Полска. Теренот главно е ридски, со широки долини. Во минатото постоеле бројни мочуришта, кои сега се претворени во плодни земјишта.
Партнерства [уреди]
 |
Камениот ѕид во долниот дел на грбот е симбол на регионот Горна Лужица, со нејзините три врвови симболизирајќи ги трита окрузи, кои се споиле заедно. Листовите од липа ги симболизираат Лужичките Срби, словенско малцинство. Штитот над ѕидот е стариот грб на пруската провинција Долна Шлезија (Niederschlesien). |
Градови и општини [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|
|
| Урбани окрузи |
|
|
| Рурални окрузи |
|
|
| Поранешни урбани окрузи |
|
|
| Поранешни рурални окрузи |
|
|