Долерит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долерит

Според составот, многу сличен на габрото, долеритот обично содржи пироксен, плагиоклас на фелдспатот (главно лабрадорит) и оксиди на железото и на титанот, како што е илменитот. Долеритот варира од оној со малку кварц до оној со големи количества оливин или хорнбледа. Долеритот обично се јавува во интрузии од вулканско потекло во облик на плочи или кружни клинови. Карпите што ги опкружуваат тие интрузии понекогаш се изложени на термална метморфоза. Ова укажува на тоа дека многу долеритни интрузии служеле како патека за екструзивната лава што ја напојувала магмата, или за натамошни интрузивни и екстензивни карпести жици (дајкови) и сливови. Долеритните интрузии некогаш опфаќаат и егзотични блокови (ксенолити) од крупнозрнести магматски или метаморфни карпи што се издигале од голема длабочина. Тие имаат големо значење затоа што даваат примероци од карпи од дното на континенталната кора и понекогаш и од горната обвивка, коишто обично не се достапни. Минералните зрна на долеритот се вкрстуваат и образуваат многу компактна карпа со голема отпорност кон силите на гмечење. Поради тоа, долеритот често се користи како смеса на камениот материјал во носечките слоеви во основата на патиштата.