Доксат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Доксат
Δοξάτο
Доксат is located in Грција
Доксат
Доксат
Местоположба во областа
Доксат во рамките на Доксат (општина)
Доксат
Местоположба на Доксат во Општина Доксат и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°5′N 24°13′E / 41.083° СГШ; 24.217° ИГД / 41.083; 24.217Координати: 41°5′N 24°13′E / 41.083° СГШ; 24.217° ИГД / 41.083; 24.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДоксат
Општ. единицаДоксат
Надм. вис.&1000000000000006600000066 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.884
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Доксат (грчки: Δοξάτο, Доксато)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 10 километри југоисточно од градот Драма на надморска височина од 66 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 2190 жители од кои 120 Македонци, 850 Турци, 900 Грци, 120 Власи и 200 цигани[3][4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 48 македонски гркомани и 1100 Грци[3][5].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1117 жители[6]

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Доксато[7].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 258 грчки семејства со 1099 лица[8]. Во 1928 година, бројот на населението бил 4295 лица, додека во 1940 година селото броело 4760 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 4409 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 4402 жители, во 1971 година имало 3440 жители, во 1981 година имало 3389 жители, додека во 1991 година имало 3594 жители[9]. Денеска, населението на селото е 2884 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 4760 4409 4402 3440 3389 3594 3739 2884
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Δοξάτο
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 204-205.
  6. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
  7. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 19.