Дождовен човек (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Дождовен човек (англиски The Rain Man) е драма од 1988 година, напишана од Бери Мороу и Роланд Бас, а режирана од Бери Левинсон. Филмот ја раскажува приказната за себичниот јапи Чарли Бабит, кој отркива дека неговиот татко го оставил сиот свој повеќе милионски имот на неговиот аутистичен брат Рејмонд, кој тој не знаел дека постои.
Во филмот глуми Дастин Хофман како Рејмонд, Том Круз како Чарли Бабит и Валерија Џолинокако девојката на Чарли - Сузана.
Филмот е добитник на четири Оскари, вклучувајќи и Оскар за најдобар филм, најдобро сценарио, најдобар режисер и најдобар актер во главна улога за Хофман. Целата екипа доби дополнителни четири номинации.
[уреди] Заплет
Чарли Бабит (Круз), дилер на автомобили од Лос Анџелес во своите средни дваесети годни, е на средина на преговори за четири луксузни спортски автомобили. Зделката е загрозена од EPA: ако Чарли не може да ги достигне барањата ќе изгуби многу пари. После краток разговор со еден од вработените, Чарли оди на викенд во Палм Спрингс со својата девојка Сузана.
Патувањето на Чарли е расипано од неочекуваните вести за смртта не неговиот отуѓен татко Стенфорд Бабит. Чарли патува во Синсинати, Охајо за да се погрижи за имотот. Таму дознава дека непознат наследник добива 3 милиони долари, додека тој добива само класичен Бјуик автомобил. Подоцна дознава дека парите се насочени кон ментална институција, за која открива дека е дом на неговиот аутистичен брат Рејмонд (Хофман).
