Дождалец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дождалецот (или понекогаш саламандер) спаѓа во класата водоземци, во редот на опашести водоземци и во фамилијата дождалци. Се среќава во умерените предели на Европа, Азија, Северна Америка, како и Мексико и во северна Африка. Има четири нозе и издолжено тело што продолжува во јасно изделена и цилиндрична опашка. Просечната должина му се движи од 5 до 50 cm. Најголем е кинескиот саламандер со должина од речиси два метри. Тој живее од 20 до 30 години. Во периодот на размножување, мажјакот положува еден вид торба исполнета со сперматозоиди, што женката ја внесува во својата клоака. Јајцата се развиваат во гениталните патишта на мајката, а младенчињата се раѓаат по 10 месеци. Сепак, повеќето видови се овипарни-несат јајца од кои се изведуваат ларви. Пред да станат возрасни единки, тие минуваат низ неколку метаморфози.