Договорот од Мастрихт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

На 7 февруари 1992 година, членовите на Европската заедница во Мастрихт, Холандија, го потпишале Договорот од Мастрихт ( официјално Договорот за Европската Унија, ДЕУ ). На 9-10 декември 1991 година, во истиот град, Советот на Европа го подготвила Договорот. Договорот стапил на сила на 1 ноември 1993 година , во времето на комитетот на Делорс се создаде Европската унија, а доведе и до создавање на единствена европска валута, еврото. Договорот од Мастрихт бил изменет постепено со подоцнежните договори. За повеќе детали од содржината на договорот изменет од Амстердам, Ница и Лисабон, видете го извадок од договорите за Европската Унија. Со овој договор се создале валутата евро и структурниот столб на Европската Унија. Овој план на унијата се дели на три столба : на Европска заедница ( ЕЗ ), на Заедничка надворешна и безбедносна политика ( ЗНБП ), на Правосудство и внатрешни работи ( ПВР ). Под столбот на Европската заедница, наднационалните институции на Унијата – Комисијата, Европскиот парламент и Судот на правда ја имаат најголемата моќ, а вторите два столба се области од меѓувладина политика, каде моќта на земјите членки е во најголем подвиг. Сите три столба се проширувања на постоечките политички структури. Столбот на Европската заедница е продолжение на Европската економска заедница, каде „ економијата “ била додадена на името со цел да се покаже поширока политичка основа дадена со Договорот од Мастрихт. Во почетокот на 1970-тите години координацијата во внатрешната политика го превзема местото уште под името Европска политичка соработка ( ЕПС ), која е потпишана во договорите со единствениот европски акт, но не и како дел од ЕЕЗ. Додека столбот на правосудството и внатрешните работи ја проширил соработката во спроведување на закон, кривично право, азил, имиграција и судска соработка во граѓански проблеми. Некои од овие свери од 1990 година веќе биле предмет на меѓувладината соработка под Шенгенската конвенција за имплементација. Создавањето на овој систем е резултат од желбите на повеќето земји членки за проширување на Европската економска заедница во доменот на надворешна политика, војската, кривичното право, правна соработка и загриженоста на другите земји членки,особено Обединетото Кралство, преку додавање на домени за кои се смета дека се премногу чувствителни да бидат управувани од наднационалните механизми на Европската економска заедница. Компромисот бил дека, наместо да се преименува Европската економска заедница во Европска унија, Договорот законски да основа одвоена Европска унија со кое ќе ја опфати преименуваната Европска економска заедница, како и меѓувладини области од надворешната политика, војската, правната соработка. Структурата ја ограничи моќта на Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот суд на правда за да влијае на новите меѓувладини области од политиката, кои требало да бидат дел од вториот и третиот столб: надворешна политика и воени прашања ( столбот за ЗНБП ) кривично право , соработка во граќанските прашања ( столбот за ПВР ).

Критериумите од Мастрихт

Критериумите од Мастрихт се критериуми за земјите-членки на Европската унија да влезат во третата етапа од Европската економска и монетарна унија ( ЕЕМУ ) и да го усвојат еврото како нивна валута. Четирите основни критериуми се врз основа на член 121 ( 1 ) од Договорот на Европската заедница.

1. Стапки на инфлација: не повеќе од 1.5 процентни поени повисоки од просечноста на трите земји членки на ЕУ кои имаат најдобар резултат.

2.Државни финансии

Годишен државен дефицит:

Размерот помеѓу годишниот државен дефицит и бруто домашниот производ ( БДП ) не смее да пречекори над 3 % до крајот на претходната фискална година. Но, ако тоа не се случи барем да го достигне нивото близу до 3 %. Ќе бидат доделени само исклучителни и примвремени извишоци за специјални случаи.

Владин долг:

Соодносот меѓу бруто-владиниот долг и бруто домашниот производ не смее да надмине над 60 % до крајот на претходната фискална година. Дури иако целта не може да се постигне заради специфичните услови, соодносот мора да биде доволно смален и мора да се приближи до референтната вредност со задоволувачко темпо.

3. Девизен курс: Земјите кандидати треба да се имаат приклучено во механизмот на девизниот курс под Европскиот монетарен систем ( ЕМС ) за време од две последователни години и не треба да ја девалвираат нивната валута во текот на периодот. 4. Долгорочни каматни стапки: Официјалната долгорочна каматна стапка не смее да биде повисока од два процентни поени повеќе од најниската инфлација на три земји членки. Целта на поставување на овие критериуми е да се одржи стабилноста на цената во евро зоната дури и со приклучуање на нови земји членки.

Ратификација

Во три земји процесот на ратификација на Договорот е придужен со тешкотии. На 2 јуни 1992 година, Данска прва го одби Договорот со помалку од 50.000 гласови на референдум. Во септември 1992 година, во корист од референдумот Франција ја подржи ратификацијата со 51.05 % . Во септември 1992 година, променливоста на данските и француските референдуми е една од причините за нередот на девизните пазари , која доведе до исфрлување на британската фунта од механизмот на девизиот курс. На 18 мај 1993 година, Данска го ратификува Договорот со додавањето на Договорот од Единбург, во кој се запишани четири исклучоци на Данска. Во Велика Британија, пратениците на опозицијата од лабуристичката партија и либералдемократите се спротивствија на едно отстапување од социјалните одредби на Договорот како и самиот Договор од страна на бунтовниците од Мастрихт во владеењето на Конзервативната партија. Во Долниот дом, бројот на буновници го надмина мнозинството на Конзервативната партија, а според тоа владата на Џон Мајор е блиску до губење на довербата на Долниот дом.