Дијафореза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дијафореза
Капки пот
Капки пот

Дијафореза претставува прекумерно потење. Лековите кои предизвикуваат зголемено потење се нарекуваат дијафоретици.

Потните жлезди на кожата ослободуваат солена течност, пот, која со испарување предизвикува ладење и помага во нормалната хомеостаза. Иако жените имаат повеќе потни жлезди, тие се поактивни кај мажите.